17.8 C
Скопје
21/05/2024 07:52
МАКТЕЛ

  

     

 

Посиромашните повеќе профитираат од членството во ЕУ

      

Каков е развојот со или без ЕУ
Не само за време на последниве седум-осум месеци, а и за време на оваа изборна кампања, туку и повеќе години наназад се води една повеќе фиктивна дебата отколку заснована на факти и истражувања за тоа дали членството во ЕУ ќе може значително да ѝ помогне на Македонија во нејзиниот економски и општествен развој и дали без Унијата државава е способна да усвои многу од нејзините стандарди. Се споменуваат аргументи дека и без ЕУ Македонија може да напредува со побрзи чекори, дека владеењето на правото и борбата со корупцијата може да биде подеднакво ефикасна и кога не сме членки на Унијата.

   

Се разбира, на тие тврдења може малку да им се забележи ако сите општествени структури се навистина подготвени да влезат максимално храбро и со целосна подготвеност за реформи, преструктуирање на економијата, начинот на работата на јавната администрација, судството да разбере и да се посвети дека навистина може да биде независно, а граѓаните да бидат подготвени и на жртви за да може да се оди напред.

 

Но, главното прашање е дали сите структури – и бизнисот, и политиката, и администрацијата, и граѓаните – се подготвени да влезат во таков сериозен ризик. Кога, особено во преговорите по поглавјата, ќе мора да се преврти преку глава огромен дел од нашиот начин на живеење и однесување. Тоа е главниот проблем на ова општество, а не уставните измени. И изгледа дека од тие големи реформи и начинот на однесувањето граѓанството и политиката е повеќе исплашено отколку од внесувањето на Бугарите во Уставот. Затоа што е полесно да се најде една фиксација и таму да се бараат причините за нашите неуспеси.

   

     

Лажната приказна за Европската економска зона
Од време на време, некој ќе ја спомене идејата дека, кога веќе не можеме да ги направиме уставните измени и да тргнат регуларните преговори, би требало да се обидеме да се приклучиме кон Европската економска зона (ЕЕЗ) и така со заштитен Устав и македонска гордост да се развиваме. Тоа тврдење не само што е фантазмагорија, туку е и лажно и изгледа неверојатно како некои економисти и политичари ја споменуваат таа идеја без да ги споменат и фактите.

За нив, накратко. ЕЕЗ е составена од сите држави на ЕУ, плус три кои не се членки на Унијата – Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Тие три земји се најбогатите во Европа Малиот Лихтенштајн (39 илјади жители) има БДП по жител од фантастични 197.500 долари (Македонија едвај 6.590). Норвешка 106.000 долари, а Исланд 73.460 долари. Дури и една Германија е далеку зад нив со 48.700 долари по жител.

Овие три земји се обврзани да даваат економска помош за 14 земји-членки на ЕУ. Па, така, во периодот од 2014 до 2021 Норвешка, Лихтенштајн и Исланд одделија фантастични 2,8 милијарди долари за да се намали економската и социјалната разлика меѓу тие 14 нови членки на ЕУ од Источна и Централна Европа со побогатите држави. Од 2004 до 2014 одвоија исто толку пари. Што е најинтересно, според договорот со ЕУ, тие мора да ги почитуваат законите што ги носи Европскиот парламент и во нивните земји, иако не можат да учествуваат во нивното носење.

И сега, со овие аматерски лажливи приказни Македонија треба да се обиде да им се приклучи на трите земји (преговорите меѓу ЕУ и Швајцарија пропаднаа поради неподготвеноста на алпската земја за договор) и преку ЕЕЗ да одвојува пари за да помогне во развојот на Бугарија, Романија, Унгарија, Чешка, Естонија… Изгледа налудничаво и отаде од разумноста, затоа што е невозможно. Дури и членството во ЕУ не е гаранција дека закономерно веднаш се станува членка на ЕЕЗ. Некои држави чекаа со години, а за Хрватска, иако е во ЕУ од 2013, уште не е стапен во сила договорот за членство во ЕЕЗ, иако беше обврзана да поднесе апликација веднаш откако државата стана дел од Унијата. Овие лажни приказни почнуваат да се кажуваат во Македонија за некои од актерите да се оддалечат од главните агенди.

За да одговориме на прашањето дали земјите можат да се развиваат еднакво или приближно успешно и ако не се дел од ЕУ наједонставно е да се послужиме со факти. А и со еден труд на Јан Хегемејер и Јан Михалек насловен „Економското влијание на источното проширување на ЕУ врз новите земји-членки“, објавен 2021. Клучниот заклучок на Хегемејер и Михалек преку повеќе споредбени анализи за 10 земји е дека членството во ЕУ носи значителни придобивки. За пет од 10-те анализирани земји, 12-годишната добивка во нивоата на БДП по глава на жител во однос на сценариото да не се членки на ЕУ е најмалку 30 проценти. Тие заклучуваат дека придобивките се долготрајни и се зголемуваат со текот на времето: за многу од анализираните земји, пресметаната добивка се удвоила помеѓу шестата и 12-тата година по пристапувањето во ЕУ.

Посиромашните повеќе профитираат од членството во ЕУ
Друг важен заклучок е дека порастот на БДП по жител бил помал во земјите кои влегоа во ЕУ со релативно високи нивоа на економски развој и пристојна физичка инфраструктура. Тука спаѓаат Словенија, каде зголемувањето на перформансите беше блиску до нула, како и Чешка и Унгарија каде пресметаните добивки се движат од три отсто до 10 отсто и од седум отсто до 28 отсто по 12 години.

Од друга страна, добивките беа значително поголеми во Полска, Словачка и балтичките земји, надминувајќи 50 отсто од дополнителниот БДП по глава на жител за 12 години по пристапувањето.
Тоа значи дека посиромашните многу повеќе профитираат од членството во ЕУ и нивниот чекор е поголем во достигнувањето на перформансите на побогатите.
Како изгледа тоа преку бројки. Ќе ги земеме податоците на Светска банка за Бруто националниот производ и за БДП по жител и ќе направиме споредба со Македонија.
На пример, Македонија и Бугарија: во 1997 година Македонија имала 1.959 долари БДП по жител, а Бугарија 1.361. Во 2000 и 2006 нивото е речиси исто (Македонија има 1.861 и 4.079, а Бугарија 1.621 и 4.523 долари). Членството на Бугарија ѝ донесе ракетен напредок, барем што се однесува спрема Македонија – во 2010, три години откако влезе во Унијата, таа стигна до 6.863, во 2017 на 8.381, а во 2022 за нас фантастични 13.974 долари.

Во исто време Македонија прави само мали чекори напред и се држи до бројките на поднослива сиромаштија – во 2010 БДП по жител беше 4.577, во 2017 – 5.450, а во 2022 – 6.591 долари.
И ако ове не е доволно за споредба, еве го и вкупниот БДП. Во 1997 Бугарија имала 11,32 милијарди долари БДП, а Македонија три пати помал – 3,91 милијарди. Големината на земјата секако игра улога. Но видете што станува во 2017 – Бугарија има БДП од 59,31 милијарди долари, а Македонија 11,31; за Бугарија да скокне во 2022 на фантастични 90,35 милијарди долари, а Македонија да стигне на 13,56.

Според последните пописи на населението Бугарија има 3,5 пати повеќе жители од Македонија, но во 2022 нејзиниот БДП е за 6,6 пати поголем. Дали ние не знаеме како да водиме економија или прашањето е какви можности ѝ даде членството во ЕУ на Бугарија. Сигурно дека второто е поважно, не само поради напливот на странски инвестиции, туку и поради милијардите евра од Унијата што се влеваат во Бугарија за помош на нејзината економска трансформација.

Растежот на други земји е уште поголем. На пример, Летонија, која има ист број жители како Македонија, во 1997 година имаше БДП по жител 2.683 долари. Во 2000 таа стигна до 3.361, а две години по влезот во Унијата, во 2006, бројката да се искачи на 9.723, за сега да има 21.779 долари БДП по глава на жител.
Кога ќе се приближиме ние до Летонија? Никогаш ако останеме надвор од Унијата. Па дури и да влеземе во наредните 10 години ќе биде тешко возможно. А да не зборуваме за земјата којашто е постојано место за дигитален аџилак на многу македонски влади – Естонија. Во 1997 година таа имаше БДП по жител 3.682 долари, а во 2022 за нас вселенски недостижни 28.247.
Може да ги наведеме и примерите и од Хрватска и Словачка (таму во погоните на разни производители во 2023 година беа произведени 1,1 милион автомобили, што е фантастична бројка). Секаде споредбата ќе биде поразителна за Македонија, па макар колку и да била горда и достоинствена.

Јан Хегемејер и Јан Михалек во нивното истражување заклучуваат дека создавањето на правната држава во земјите што пристапиле кон ЕУ не се случило автоматски и целосно, дека ЕУ покажала наклоност кон оние држави кои покажале волја за спроведување на владеењето на правото. И дека надворешниот притисок, особено во претпристапните преговори, го олеснил процесот на транзиција и создавањето на институции за владеење на правото. Според нив, за ЕУ е важно барањата за структурни и институционални реформи да даваат резултати на долг рок, а не да има фалби со некои инстант успеси.Но ништо не е еднаш засекогаш дадено. Евроскпетицизмот е во пораст кај некои од новите земји-членки. Во Унгарија и Словачка некои од придобивките од членството во ЕУ стануваат реверзибилни (особено владеењето на правото и корупцијата). А во исто време вложувањата во инфраструктурата преку европските фондови остануваат – патните и железничките мрежи не може да ги фати реверзибилниот процес.

Може ли Македонија да учи од овие примери за економскиот растеж? Се разбира дека – да. Знае ли како да научи? Одговорот е комплициран. Сака ли да научи? Одговорот е уште покомплициран. Дали на некои структури во државава и во бизнисот и во политиката им одговара Македонија само да чука на европските порти, а никако да влезе. Тоа е повеќе од сигурно.
Граѓаните треба да си го постават пред себе прашањето и искрено да си одговорат – дали е подобро Македонија да има 6.500 долари по глава на жител, или како Летонија 21.770. Тој вистински одговор, па макар бил и внатрешен, може да расчисти многу магли и пајажини.(dw)
Љупчо Поповски

    

Најново

Меѓународниот суд на правдата бара апсење на Нетанјаху и шефовите на Хамас

Sase Ivanovski

Две лица тешко повредени откако возило удри во мотоцикл во Гостивар

Sase Ivanovski

Седумнаесетгодишник гласал осумпати за премиерот Моди на изборите во Индија

Sase Ivanovski

Турчин приложил фалсификувана зелена карта на Деве Баир, полицијата го приведе

Sase Ivanovski

Словачкиот премиер закрепнува и неговата состојба е стабилна

Sase Ivanovski

Индира Кастратовиќ: Во Македонија сите се тренери и селектори!

Sase Ivanovski

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и на лидерот на Хамас

Sase Ivanovski

Првиот мобилен повик е направен на денешен ден во 1973 година

Sase Ivanovski

Србија апелира за повлекување на текстот на резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Мицковски на одбележување на годишнината од кревањето на разловечкото востание

Sase Ivanovski

ЕПСКИОТ РАСКАЗ НА БАТЕ ВАНЕ КАКО ГИ ОДНЕЛ ПАНДЕВ И СТОЈКОВ ВО МИЛАНО!

Sase Ivanovski

Grand Skopje PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Sase Ivanovski

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК ПОЖАРНИКАРИ KOUZON Fire and Rescue Training Center Коузон Доброволно противпожарно друштво

Sase Ivanovski

Мангова: Верските заедници, армијата и полицијата со најголема доверба од граѓаните, бидејќи помала е интеракцијата со нив

Sase Ivanovski

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Sase Ivanovski

Од почетокот на израелската операција во Рафа од територијата побегнале 800.000 луѓе

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми во охридско од поројниот дожд

Sase Ivanovski

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Sase Ivanovski

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Sase Ivanovski

Јавното мислење во С. Македонија во однос на војната во Украина е значајно поделено

Sase Ivanovski

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Sase Ivanovski

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Sase Ivanovski

ХЕРА:Перформансот за јакнење на родова еднаквост „Простор за разговор“ утре на сцената во Куманово

Sase Ivanovski

Покана до медиуми

Sase Ivanovski

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Sase Ivanovski

Биле затекнати при тешка кражба, па го нападнале полицаецот

Sase Ivanovski

До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Европската комисија повика Скопје и Атина да се придржуваат до Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пожарникари извлекувале човек паднат во река, испумпувале вода од дворови и подруми

Sase Ivanovski

Му пратиле дрога по пошта – Скопјанец приведен откако си ја зел пратката

Sase Ivanovski

Успешно одбележан денот на семејниот лекар

Sase Ivanovski

Автомобил удрил во велосипедист на Водно, со тешки повреди пренесен во болница

Sase Ivanovski

Бранко Тричковски: Масин и Сонтаг

Sase Ivanovski

Загрижувачки тренд – околу 7.000 научници си заминале од Македонија во последниве неколку години

Sase Ivanovski

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети Спомен домот на Разловечкото востание

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА СТОПАНСКА КОМОРА НАЈАВИ КРЕИРАЊЕ НА НОВА ТЕЛЕВИЗИЈА ОД СТРАНА НА ГОЛЕМИ БИЗНИСМЕНИ КОЈА ЌЕ БИДЕ ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ

Sase Ivanovski

(БИДЕО) Обраќање на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ во Разловци

Sase Ivanovski

ШТИПЈАНЕЦ СО КОЛА ЈА РАЗБИЛ ОГРАДАТА И ПАДНАЛ ВРЗ ПОКРИВОТ НА КУЌА ДОДЕКА СПИЕЛЕ СТАНАРИТЕ

Sase Ivanovski

НЕ БИ ПРЕЈУДИЦИРАЛА ПОСЛЕДИЦИ, САД ГИ ОХРАБРУВААТ ЛИДЕРИТЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА ГО ПОЧИТУВААТ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, ВЕЛИ ЕЛИЗАБЕТ АЛЕН, ПОТСЕКРЕТАРКА НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

Sase Ivanovski

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Sase Ivanovski

ПОРТАЛОТ ЕКСПРЕС КОЈ Е БЛИЗОК ДО ВМРО ДПМНЕ ГО ОБЈАВИ СОСТАВОТ НА ИДНАТА ВЛАДА

Sase Ivanovski

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Sase Ivanovski

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Sase Ivanovski

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Sase Ivanovski

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Sase Ivanovski

НЕТАНЈАХУ ДА НЕ ЈА ПРОДЛАБОЧУВА ХУМАНИТЕРНАТА КРИЗА Земјите од Г7, без САД, го предупредија Израел да ја запре офанзивата во Рафа

Sase Ivanovski

Проектот на зетот на Трамп за градење на еколошки бесценето место – ноќен кошмар за еколозите

Sase Ivanovski

(ФОТО) Лекарите волонтери во Газа го опишуваат колапсот на здравствениот сектор во енклавата

Sase Ivanovski

ПОСЛЕДНИОТ ПРЕЖИВЕАН МАКЕДОНСКИ ЕВРЕИН КОЈ СЕ СПАСИ ОД ТРЕБЛИНКА СЕ СРЕТНА СО МИЦКОВСКИ

Sase Ivanovski

„Златната копачка“ на Дарко Панчев во музејот на Црвена звезда

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Скандал пред третиот меч – тепачка меѓу кошаркари на Партизан и Црвена звезда

Sase Ivanovski

ЖРК Ѓорче Петров го освои пехарот во Купот на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЗЕСКИ: Како комора водевме тешка битка со СДСМ и ДУИ, донесоа едно 7 закони дирек против интересите на бизнисот!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДЕТЕКТОР АНАЛИЗА Секој трет македонец сака да се исели од Македонија

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА СО ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Руската агресија ја поткопува европската глобална безбедност и стабилност

Sase Ivanovski

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЗЕСКИ: Ако јас дозволев во Александар Палас да се краде како во државава, од хотелот сега ќе останеа само голи цигли!

Sase Ivanovski

Врховен судија фатен со 10.000 евра поткуп

Sase Ivanovski

Кавадарчанецот кој синоќа му се закануваше на Јанчев, денес му се извинувал: Пијан бев, лошо пијанство имам!

Sase Ivanovski

Македонец кој живее во Шведска е уапсениот кој на Кацарска и рекол: Ќе одговарате!

Sase Ivanovski

Касами: Ахмети зборува за меѓуетнички тензии затоа што така договарал и постапувал во минатото

Sase Ivanovski

ФАЛА БОГУ, ОВА НАРОДОТ ГО БАРА 30 ГОДИНИ: Уапсен врховниот судија Наке Георгиев, фатен како зема мито!

Sase Ivanovski

МАТУРАНТКА НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

Лажна реклама за чај ги злоупотребува аналитичарот Петар Арсовки и доктор Драган Даниловски

Sase Ivanovski

Во недела ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Sase Ivanovski

Недоследно е по 2016 година ДУИ да зборува за волјата на граѓаните

Sase Ivanovski

Петровска размислува да се кандидира за претседател на СДСМ

Sase Ivanovski

СДК: УКРАИНСКИ ТРАНСПОРТЕН АВИОН СЕКОЈ ДЕН СЛЕТУВА ВО СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА Е ПЕТТИ НАЈГОЛЕМ ДОНАТОР НА ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА СПОРЕД ПРОЦЕНТ НА БДП

Sase Ivanovski

Акција за мерење на крвен притисок и гликемија утре во Градски парк

Sase Ivanovski

Кој беше Ебрахим Раиси – ултраконзервативец и отворен поддржувач на моралната полиција

Sase Ivanovski

Мухамед Мокбар ќе го замени Раиси до изборите, тој е потпретседател 23 години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасувачките екипи ги извлекоа телата на жртвите во хеликоптерската несреќа во Иран

Sase Ivanovski

Герапетритис: Договорот од Преспа е меѓународен, не се менува и ревидира еднострано

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И Србите не се зафркаваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БРАКОТ ДЕНЕСКА ПОГЛЕДНАТ ОД ПЕРСПЕКТИВА НА МАЖИТЕ

Sase Ivanovski

БОШЊАКОВСКИ: Претседателе Пендаровски (Бети и Огнен) благодарност за довербата што ја имавте во мене

Sase Ivanovski

ШОКАНТНО: ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА КРИВИЧЕН ГО ОПРАВДА НАПАДОТ НАД КАЦАРСКА, СИ ГО БАРАЛА?!?!

Sase Ivanovski

Иранската влада свика итна седница по смртта на претседателот Раиси

Sase Ivanovski

Ахмети: Таен договор Европскиот фронт да не биде втора сила во земјата направен во „црвените подруми“, кој може да влијае врз меѓутеничките односи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОНЕЧНО СТИГНА ОДМАЗДАТА!

Sase Ivanovski
Вчитувам....