16.8 C
Скопје
17/05/2024 23:33
МАКТЕЛ

  

     

 

Им фактурирале комунална сметка за сите гаражи на соседите, хаос во Тетово, се наплаќаат комуналии за подруми и штали

      

Откако словенечката компанија го презеде менаџирањето со сметот во Тетово, а општината одлучи сметките за вода, ѓубрарина и подигање и транспортирање на отпадот да го наплатуваат странците, пред ЈКП Тетово еден куп револтирани граѓаните.
Се жалат дека им стигаат сметки за гаражи, подруми, дури и штали, објекти кои ниту се приклучени на водоводниот систем, ниту трошат вода и создаваат смет.

   

Жител на Тетово се жали дека на негова сметка биле ставени комуналните сметки на објектите од неговите браќа кои се во странство. Друг се жали за комуналната сметка за наплата на објект штала, трет пак вели дека треба да плати сметки за гаражите кои се во сопственост на станарите од неговото мало.
„Комунални сметки за гаражи од станари од улицата „Димо Гавроски Кара“ број 50 на ќерка ми и ги ставиле да ги плати во нејзината сметка со површина од над 280 квадрати и за нејзина гаража треба да плати, но и и за гаражи од соседите да плаќа. Над 3200 денари сметката, не знам што да кажам, не знаеме кај да се жалиме. Тоа се гаражи од зградата на едно лице се ставени не знаеме што е работава“, вели една жителка на Тетово.
„Јас се чудам за сметките, три сметки ми стигнале, за гаража и плус за штала, имам една штала и за таму стигнала сметка за вода, а јас таму имам ископано лично свој бунар и за таму ми дошла сметка од 1000 денари, а се работи за нива каде има штала, додава друг жител на Тетово.

 

Со комуналните сметки се направи тотален хаос, но исто така се повисоки и за двојно и тројно од претходните, се жалат тетовци.
„Сме плаќале три семејства по 17 кубика вода, сега секој по 20 кубика плаќа. Многу поскапена сметката, еден ми кажа платил 3000 денари за смет, ми дошла сметка како да ми го метат дворот“, вели еден жител на Тетово.

   

     

„Јас сум плаќал за синот порано 105 денари такса, дека синот не живи тука во странство е, Сега дошла сметка 800 денари зошто да плати толку пари, на тој што му треба пари нека најде начин друг, а не од нас да зема“, додава дриг тетовец

„Ние сме двајца членови, дома сме плаќале 560 денари, а сега над 150% покачаена ни е сметката, не знам од каде е овој рецепт за плаќање. Од катастар зеле податоци, тие требале да дојдат на лице место. Во Словенија одат екипи ќе видат колкав простор се чисти и слично.Над 40 години имам работен стаж, ова до сега не сум видел. Ова го поздравувам ако е малку поскапено, но ова е хаос што се случува. Плаќам 15 кубика вода месечно, па годишно што ми наплаќаат за вода, со таа вода можам градот да го поплавам, дополнува друг жител на градот

Од Компанијата Заубермахер велат дека утврдувањето на начинот на пресметка и утврдување на надоместоците (цените) за секоја комунална услуга, се одлуки донесена од општина Тетово, односно усвоени од Советот на општина Тетово.
„Во одлуката на Советот на општина Тетово за усвојување на Ценовник за собирање и транспорт на отпад на територија на Општина Тетово, стои дека цената за собирање на отпадот се утврдува по метар квадратен (m²). Со ова исто така нагласуваме дека сите катастарски податоци, за клиентите кои ги добиле првите фактури, поточно за месец февруари 2024 година, се обезбедени од Општина Тетово, согласно Договорот за Јавно Приватно Партнерство. Дополнително, на официјалната страна на Агенцијата за катастар на недвижности, јавно се достапни катастарските податоци кои се користени за пресметка во фактурите“, објаснуваат од компанијата Заубермахер.

Ја користиме оваа прилика да ве информираме дека поради различните случаи кои граѓаните-корисниците ги пријавуваат во нашите канцеларии, а кои често се поврзани со услуги за кои Саубермахер не сноси одговорност (како што е услугата за вода и канализација), со цел да им помогнеме на граѓаните, се изготвува усогласена информација – упатство, и истата ќе биде јавно споделена во наредните денови, додаваат од компанијата Заубермахер.

Неодамна од Општина Тетово информираа дека сите граѓани кои добиле повисоки фактури од досегашните, треба да се обратат во канцелариите лоцирани на Зелениот пазар во Тетово како и на влезот во селото Палчиште, за да ги усогласат своите податоци за компанијата да може да врши реална наплата.
„Доколку не сте задоволни од одговорот на претпријатието, ќе можете да се обратите до канцелариите на општина Тетово. Ние како општина ќе формираме посебна комисија која ќе го испита секој презентиран случај и ќе најде решение кое ќе биде во Ваш интерес“, соопштина од Општина Тетово.

Деновиве пак се очекува претставници на Општина Тетово со градоначалникот Билал Касами да остварат средба со претставници на Словенечката компанија за да најдат заедничко решение околу настанатиот проблем со комуналните сметки. Пред еден месец со презентација на камиони за собирање на отпад и нови контејнери на градскиот плоштад во Тетово, општината го промовираше почетокот на јавното-приватно партнерство со словенечката компанија Заубермахер, со која пред неколку месеци потпиша договор за собирање и транспортирање на комуналниот смет во Тетово. Градоначалникот на Тетово Билал Касами тогаш рече дека сите вработени во ЈКП Тетово кои биле ангажирани во Секторот „Комунална хигиена“ ќе ги презеде словенечката компанија, а сметот ќе се собира во сите села и населени места во рамките на Општина Тетово.

Но состојбата е сосема друга. Тетовските комуналци се уште не земаат редовно плата, градот е валкан и згора на се, се појавија нови проблеми ,како повисоки комунални сметки кои пристигаат за штали, подруми и гаражи.

    

Најново

Макроекономските проекции претставени пред ММФ: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Sase Ivanovski

Пукање во Стокхолм: Затворена израелската амбасада, има и приведени

Sase Ivanovski

Масовни напади на Крим, сателитски снимки откриваат уништени моќни авиони

Sase Ivanovski

Иако е на „црната листа“ на САД за корупција, Самсоненко продолжува да гради на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

Германија за Преспа: Важно е да нема сомнеж дека новата влада ги почитува обврзувачките договори

Sase Ivanovski

Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Sase Ivanovski

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањео на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Sase Ivanovski

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка

Sase Ivanovski

Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

„ВРЕДИ“: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфатливи!

Sase Ivanovski

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во беровкста полиција, ЦУК со апел да не се допираат неексплодирани средства

Sase Ivanovski

Автомобил излета од патот Штип – Скопје, двајца повредени

Sase Ivanovski

Приведена девојка од Кочани, нападнала и ограбила 69-годишна штипјанка

Sase Ivanovski

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Sase Ivanovski

Внимание: Секој адекватен простор да се искористи за поставување фотоволтаични панели

Sase Ivanovski

Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Sase Ivanovski

По атентатот на Фицо, закана стигнала и до полскиот премиер – Доналд Туск

Sase Ivanovski

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата

Sase Ivanovski

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Sase Ivanovski

Пад на германските инвестиции во земјава поради недостигот на стручни кадри

Sase Ivanovski

Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата

Sase Ivanovski

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија

Sase Ivanovski

Натпревар во печење прасиња и ,,Електрични оргазам” во Куманово: Бесплатен влез за рок настанот!

Sase Ivanovski

БОМБА НА ТЕЛМА: Николовски прв полицаец, Тошковски на Правда, Муцунски Надворешни, Кочовска на чело на финансии ?

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ ОТКРИ КАКО СЕ ВИКА ИМПОТЕНЦИЈА НА УНГАРСКИ

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР

Sase Ivanovski

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Sase Ivanovski

Екстрадиран Бесим Красниќи 

Sase Ivanovski

Еди Рама распали по Бугарија на настан во Тирана организиран од „Солуција“ и Рокфелер

Sase Ivanovski

КОИ СЕ ЛИЦАТА ОДГОВОРНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА?

Sase Ivanovski

108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Аваја е единствен политички легитимен претставник на ромската заедница

Sase Ivanovski

МАКРАДУЛИ: „На СДСМ во моментов му требаат и децата на СДСМ, но и ние со белите коси. Ни требаат сите“

Sase Ivanovski

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski

МД „Илинден“: Честитки до студентите по македонски јазик во Тирана и критика за УКИМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧО: ТОА ШТО ПЕЕВ “НИКО НАМ НИШТО НЕ МОЖЕ” МИ СЕ ВРАТИ СО ЛОШО, ОД ТОГАШ НАВАМУ САМО ПОРАЗИ НИЖАМ

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур: “Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците”

Sase Ivanovski

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: КОЈ МЕ СРЕТНЕ НА УЛИЦА МИ ВИКА СТЕВЧЕ ГЛАСАВМЕ ЗА ТЕБЕ, А ВАМУ ГЛАСОВИТЕ ГИ НЕМА, КОЈ ЛАЖЕ, КОЈ КРАДЕ?!

Sase Ivanovski

Средба Тошковски – Давкова во Вила Водно: Со партнерски однос ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото а Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: МНОГУ МИ Е ДРАГО ШТО НЕ УСПЕА БОЈКОТОТ НА ДУИ И ШТО СИЉАНОВСКА СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА

Sase Ivanovski

Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

Sase Ivanovski

Министерот Николовски ги додели првите 44 договори од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7, поддршка вредна 30 милиони евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Главен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ  е силен економски развој за просперитет на Македонија и граѓаните

Sase Ivanovski

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

ДОКТОР РИСТО СИМЕОНОВ ВО „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО ШТИП, БИТОЛА, ТЕТОВО… НЕ САМО ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Маринакис: Употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Sase Ivanovski

Осомничениот за атентатот на Фицо рекол дека е горд на тоа што го направил го подготвувал нападот неколку дена

Sase Ivanovski

Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје

Sase Ivanovski

Сите политички чинители да ги почитуваат меѓународно преземените обврски, порачал Троказ на средба со Џафери

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Три општини во државата должат по повеќе од 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Проблематизирање на спогодбата со Грција

Sase Ivanovski

Во име на „Македонија“: повторно распламтен стариот спор

Sase Ivanovski

Приведен бегалец: осуден на казна затвор од четири години и девет месеци

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур на сесијата на Комитетот на министри на Совет на Европа

Sase Ivanovski

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Илијевски: Резолуцијата за Сребреница го става на испит македонско-српско пријателство

Sase Ivanovski

(ФОТО) Бејби Лазања ја одби наградата од 50.000 евра: Му предложи на Пленковиќ каде да ги донира парите

Sase Ivanovski

Мицкоски го повикува Мицотакис да го срушат Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Истекнати права на гордост

Sase Ivanovski

Судската власт не е марионета , порачува Судскиот совет за најавите на Мицкоски за негово распуштање

Sase Ivanovski

Германската амбасада во Приштина смета дека последниот потег на косовската влада не го претставува тоа што го бараше Квинта

Sase Ivanovski

DynamicsMinds конференција собира повеќе од 1,000 учесници во Словенија

Sase Ivanovski

Претседателскиот мандат не е за нови внатрешни и регионални поделби и за изолација на земјата

Sase Ivanovski

Демократијата во опасност

Sase Ivanovski

Добро утро, Македонијо, првите 100 дена на реалност или фантазија?

Sase Ivanovski

Ѓузелов: Нереално е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поништи Договорот од Преспа и ќе го врати старото име

Sase Ivanovski

Алегри беснеел и се заканувал на директорот на „Тутоспорт“: Знам каде да те најдам, ќе те претепам!

Sase Ivanovski

Столе Димитриевски стана голман со најмногу настапи во историјата на Рајо

Sase Ivanovski

Мис Америка се откажа од титулата поради „менталното здравје“: Крунисана нова убавица на нејзино место

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО ГРЦИЈА ЗАБЕЛЕЖАНА СИНА АЈКУЛА Допливала дури до пристаништето во Глифада

Sase Ivanovski
Вчитувам....