„Да, оној кој работи има и грешки. Меѓутоа, ние тие грешки не ги премолчуваме, ги признаваме и се извинуваме на граѓаните, знаеме каде ни се аномалиите и каде треба да се фокусираме во периодот кој претстои. ЛДП има тројца кандидати. Мене ми е чест што сум ко-носителка заедно во Изборната единица 1 со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
Имаме кандидат во Изборната единица 4, тоа е познатиот и ценет доктор кардиохирург Илија Нешковски и генералниот секретар на партијата којшто трча кампања во Изборната единица 5, тоа е Боби Мојсовски. Јас искрено сметам дека ЛДП во овој парламентарен состав ќе има тројца пратеници во однос на досегашните двајца, бидејќи заедно со оваа коалиција се изборивме за многу работи.
Покажавме дека можеме да се грижиме за сите, од младите до возрасните, до менаџирање на кризата, до почнување на онаа енергетска транзиција во државата, така што има еден континуитет и пред се борбата за членство во Европската унија“, вели Зајкова.