25.8 C
Скопје
20/05/2024 20:34
МАКТЕЛ

  

     

 

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

      





Сите беа шокирани од резултатите од првиот круг на претседателските избори во средата: и во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, и во штабот на СДСМ, и граѓаните што во софите беа залепени пред телевизорите за да видат каде се собирале нивните гласови; и политичките аналитичари, и активистите на теренот, и претседателските кандидати (и оние со драматично високи резултати и оние што беа силно поразени). А веројатно исто толку биле шокирани и оние во клучните амбасади, чии луѓе задолжени за анализи на политичката ситуација предвидуваа победа на опозициската кандидатка, но не во толкави размери. Сега таму веќе се пренесуваат до престолнините анализите за можниот развој на настаните доколку на 8 мај се потврди на двете гласања широката победа на опозицијата. И каде мисли да оди Македонија, или уште попрецизно – дали ќе стои во место?

   

Еве пет зaклучоци што може да се изведат по гласањето во средата.

 

1. Патриотската десница го преплави наративот

   

     

Пред два месеци на ова исто место пишувавме дека четворица од петтемина кандидати на македонските партии се „борат за своето право да живеат во минатото“. Дека се постави мизансценот за судирот на патриотската десница. Дека и покрај изјавите на Билјана Ванковска дека таа била левичар, и таа и Гордана Сиљановска-Давкова, Максим Димитриевски и Стевчо Јакимовски ги грее ист шинел во чии пазуви се завиткани ливчиња со слични пораки: дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се пропаст за Македонија, изневерување на македонскиот народ, на неговите историски корени, на неговата вековна борба, на гордото минато.

Дека во оваа претседателска битка Стево Пендаровски може да влезе порелаксиран, затоа што нема противник од либералниот блок кого треба да го победи. Дека не е без шанси да излезе како победник на 8 мај, бидејќи како единствен претставник на либералниот и левичарскиот дел од Македонија може да го запре популистичкиот налет во кампањата. Овие препоставки, кои можеби изгледаа реални во тоа време, на 24 април се покажаа како погрешни. Подолго време се забележува дека Македонија се движи надесно, и тоа не кон класичната десница, туку кон тврдата популистичка десница. Иако онаа дебата на седумтемина на Македонската телевизија беше бескрвна, лимитирана со крути правила за да се избегне можната поостра размена меѓу одредени кандидати, таа на свој начин го одреди правецот на она што следуваше на гласањето. Пендаровски беше осамен во ставовите и под силен удар на другите четворица. Тие го пренесуваа гласот (или го насочуваа) на оние што знаеја дека ќе излезат на гласањето. И да биде поинтересно, оној што до пред три години беше горд припадник на сдмсмовската дружина, Максим Димитриевски, најчесто предничеше во нападите. Тој со патриотската реторика, која веќе се знаеше, конечно го трасираше патот кон разочараните левичари, кои се дури и навредени од Преспанскиот договор и францускиот предлог. Патриотската десница уди печат на наративот, Пендаровски разбра што се случува.

2. Македонија – земја на национализмот

Кога со месеци, па и цела година наназад Христијан Мицкоски и вмровски првенци го напаѓаа ДУИ од сите орудија, главно со обвинувања за криминал и господарење со државата, тоа имплицитно ги подгреваше националистичките чувства кај Македонците, особено со синтагмата дека се „граѓани од втор ред“. Во последните денови од кампањата Мицкоски претстави нов слоган – „цикличен артаноиден режим“, го потценуваше и напаѓаше Али Ахмети, велејќи дека наместо како идеолог на крајот ќе завршел како ситен криминалец.

Сите знаеја дека ќе дојде одговорот, само прашање беше кога. Тој стигна на митингот на скопскиот плоштад во неделата вечерта со приказните на Ахмети дека Мицкоски бил пораснат на гурабии и кекси, а тој во кула од камен што три пати била горена, дека не требало да се осмели да започнува проблеми. Од илјадниците грла на плоштадот ечеше „УЧК, УЧК“, а тој восклик го прифати и Ахмети на микрофонот. А еден ден подоцна на ТВ 21 изјави: „Тој не требаше да ја започне оваа битка бидејќи со мене не може да излезе на крај“, зборувајќи на колку лидери дотогаш им ставил крај на кариерата. Истиот ден, непосредно пред молкот претседателскиот кандидат Бујар Османи изјави дека „слоганот „Македонија повторно твоја” е најшовинистичкиот слоган што можеше да се измисли“.

Некои од аналитичарите велат дека токму таа националистичка битка во тие два-три дена ѝ донесла на Силјановска-Давкова можеби 30 илјади гласови повеќе. Тоа се претпоставки, може да се точни, а можеби и не. Никој не спомена колку националистичките слогани на Ахмети (а не заборавената зелена агенда или европската реторика) му донесле гласови на Бујар Османи. Десет илјади, дваесет илјади плус? Тоа беше извонредно враќање на деновите и годините што многу добро ги знаеме од дружбата на Ахмети со Никола Груевски, кога како сложни браќа го хранеа национализмот во сопствените етнички средини. Затоа што ништо не успева подобро во оваа етнички комплицирана земја како национализмот (со неколкуте исклучоци, кои брзо ги снемуваше). Можеби и не се сакаат, можеби и навистина Мицкоски сака конечно да го тргне ДУИ од власта, но и тој, како и неговиот претходник Груевски, добро разбира дека нема ништо полепливо на оваа почва од националистичките слогани.

Со неговата „интервенција“ Али Ахмети ѝ направи огромна услуга на Гордана Силјановска-Давкова, а граѓанските пораки на Стево Пендаровски ги премести на маргините. Али Ахмети дополнително го „закопа“ СДСМ. Без да му трепне окото. Ден пред молкот, во Демир Хисар, Пендаровски упати апел до ДУИ и до Христијан Мицкоски да се воздржат од засилување на реториката на меѓунационална основа: „Немојте два, три дена, пет дена пред изборите, да ја кревате реториката на меѓунационалната тема, затоа што таа е многу чувствителна, многу експлозивна“. Пендаровски многу добро знаеше дека за само неколку дена може сериозно да се скрши неговиот базен на гласови и тие да отидат во други сливови. Како и што се случи. Тој ниту имаше време, ниту механизми да се обиде да ја намали штетата.

3. Победоносниот Максим Димитриевски

За оние што внимателно ја следеа кампањата, ги гледаа говорите на Максим Димитриевски пред мал број луѓе (освен во неколку случаи), ги слушаа пораките во кои нема интерпукциски прекини или ораторски вештини, беше загадочно да се претпостави колку гласови ќе се слеат на неговото конто. Резултатот беше спектакуларен, 83.000 гласови. Тој, всушност, е вистинскиот реален победник на првиот круг на изборите, затоа што во супер кратко време се издигна на такви висини.

Со исклучително скромна партиска мрежа, со многу мал пропаганден апарат, со соработници (освен неколкумина) кои се речиси непознати, Димитриевски го пробиваше невидливиот пат кон разочараните сдсмовци, оние кои припаѓаат кон патриотското крило на партијата. Кои не сакаат да го дадат гласот за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, но на кои им пречат „предавствата“ на раководството на СДСМ со Преспанскиот договор и францускиот предлог.

Новинарот Сашо Орданоски оцени дека неговата партија ЗНАМ има многу сличности со Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ – дека е левичарска, но со значителен националистички багаж. Оваа квалификација не е далеку од вистината. Програмските определби на Димитриевски се магличасти, во нив нема некоја кохерентна идеја, но има јасна порака – дека ЗНАМ сака да биде дел од власта по 8 мај. Нема да чуди ако уште нови кохорти разочарани сдсмовци го заокружат бројот на пред ЗНАМ на парламентарните избори, затоа што на ваков или онаков начин би можеле да имаат некаква корист доколку партијата стане дел од власта.

Приказната на Максим Димитриевски не е нешто посебно нова – така беше во 1998 со Демократска алтернатива на Васил Тупурковски и во 2006 со НСДП на Тито Петковски. И двете партии создадени од левичарски политичари и активисти завршија во владите на ВМРО-ДПМНЕ. Првата се распадна и исчезна, втората се маргинализира и сега е во старото јато, во коалицијата на СДСМ. Како ќе биде со ЗНАМ допрва треба да видиме. Некои анализи велат дека со сегашниот број гласови ЗНАМ би освоил 10 пратеници на парламентарните избори. Но гласањето на 8 мај нема да биде само за седум кандидати, туку за многу повеќе партии. Каде ќе се слеваат гласовите ќе треба да причекаме да видиме

4. „Несреќните случаи“ на Ванковска и Јакимовски

Многумина побрзаа да кажат дека Левица доживеала сериозен неуспех на овие избори. Според бројките, тоа така и изгледа. На локалните избори во 2021 Левица доби 50 илјади гласови на советничките листи, додека за нивната кандидатка Билјана Ванковска сега гласаа 41.000. Го стигна ли својот изборен плафон Левица? Пребрзо е да се каже.

Ванковска не беше баш најдобар избор за претседателски кандидат. Таа во кампањата одеше дури и подалеку од радикалните идеи на Димитар Апасиев и другарите. Тоа беше главно нејзино пледоаје, отколку изборна програма на Левица. Слоганот што се експлоатира „Неподмитливите во Собранието“ и додека траеше кампањата на Ванковска е стриктно наменет за парламентарните избори.

Ванковска на моменти изгледаше како туѓ елемент во бунтовничкото ткиво на Левица. Нејзините борбени слогани против НАТО и ЕУ, прво да се гледа на Исток, а потоа можеби на Запад, не кореспондираа со ставовите на многу гласачи на Левица, кои се и рокери, и алтернативци, и субкултуралисти, па и анархисти, но кои главната инспирација не ја црпат на Исток. Левица не е против ЕУ, но сака да одговараат оние што го потпишаа Преспанскиот договор. Ванковска мислеше поинаку. Таа се гордееше со пораките што ѝ ги пратила една ирска политичарка, која, сепак, ја заработува својата плата како пратеничка во Европскиот парламент. Тоа беше неуверлива дискрепанца. Едноставно, обидот на Ванковска беше предореден на мал успех, кога се знаеше дека таа пред пет години беше во штабот на Силјановска-Давкова како клучен советник. А тој штаб беше сѐ само не левичарски.

Стевчо Јакимовски Северна МакедонијаСтевчо Јакимовски Северна Македонија

Претседателскиот кандидат Стевчо ЈакимовскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Случајот на Стевчо Јакимовски е трагичен со својот развој. На 1 март објави дека ги собрал потписите за кандидатурата, а на 18 март, речиси од нигде никаде, САД го ставија на црната листа поради вмешаност во коруптивни дела во својство на градоначалник на Карпош. Неговата кампања беше завршена уште пред да почне. Без оглед колку и да се трудеше. Затоа сегашните потсмевања, особено од вмровски првенци, дека имал 8.000 гласови, две илјади помалку од собраните потписи, се прилично злонамерни. Неговите шанси за некаков посериозен успех и така беа мали, но ставањето на црната листа ги уништи сите надежи. Тој беше обележан, гласачите одбегнаа да се приклонат кон така американски оцрнет, па дури и во општината каде што е прв човек. Многу негови ставови беа слични на оние на Ванковска и Димитриевски, па дури имаше и некои оригинални и исправни забелешки, но од 18 март имаше само малкумина што сакаа да ги слушнат.

5. Тешка лекција за СДСМ

Веројатно ни во најцрните прогнози сдсмовското раководство, членовите на партијата и поддржувачите не помислува на толку мал број гласови за Стево Пендаровски. Затоа главниот шок не беа 360-те илјади гласови за Силјановска-Давкова, туку 180-те илјади за Пендаровски. Многумина сега се подготвени да пукаат врз СДСМ како „врз мртов Германец“ и да ги обвинуваат за сѐ и сешто. Штом поразот е толку голем, нешто не било како што треба. Па дури и во презентирањето на наративите за успесите на владата, особено во решавањето на енергетските проблеми, спречувањето на колапсот со парното греење во Скопје, порастот на платите и пензиите, влегувањето во НАТО, европската агенда…

Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ Северна МакедонијаДимитар Ковачевски, претседател на СДСМ Северна Македонија

Димитар Ковачевски, претседател на СДСМФотографија: P.Stojanovski /DW

Но кога првиот вицепремиер од главниот партнер со владата цинично и провокативно ќе игра фудбал со колегите министри од ДУИ во својата канцеларија или ќе шутира на кош, кога ќе манифестира огромна ароганција за некаква недопирливост, кога аферите поврзани со челниците на ДУИ ќе ја доминираат агендата во јавноста, поддршката се намалуваше ли намалуваше. Приказната за корупцијата стана главна агенда во државата. Неа особено ја поттикнуваа клучни амбасадори. Димитар Ковачевски како премиер за да ја зачува владата и да не ги наруши премногу односите со ДУИ, балансираше на јаже едвај да се одржи, а не беа луѓето од ВМРО-ДПМНЕ кои беа главни нишачи на тоа јаже, туку важни луѓе на ДУИ. Тој не успеа да излезе од тој маѓепсан круг, трудејќи се да даде сѐ од себе да покаже дека владата навистина знае да работи. Може цел ферман да се напише за овој комплициран однос во различните владини кабинети. Дури и да се правиме поручници по битката, од денешен аспект веројатно најдобрата одлука за СДСМ ќе беше ако пред една година се распуштеше Собранието, кога веќе се знаеше дека нема да има уставни измени, па тогаш да се оди на оценка пред гласачите. Во анкетите тогаш немаше толку голема разлика. Но, тоа е веќе минато, на СДСМ сега му треба иљач што побрзо ќе ги залечи раните.

    

Најново

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Sase Ivanovski

Од почетокот на израелската операција во Рафа од територијата побегнале 800.000 луѓе

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми во охридско од поројниот дожд

Sase Ivanovski

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Sase Ivanovski

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Sase Ivanovski

Јавното мислење во С. Македонија во однос на војната во Украина е значајно поделено

Sase Ivanovski

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Sase Ivanovski

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Sase Ivanovski

ХЕРА:Перформансот за јакнење на родова еднаквост „Простор за разговор“ утре на сцената во Куманово

Sase Ivanovski

Покана до медиуми

Sase Ivanovski

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Sase Ivanovski

Биле затекнати при тешка кражба, па го нападнале полицаецот

Sase Ivanovski

До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Европската комисија повика Скопје и Атина да се придржуваат до Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пожарникари извлекувале човек паднат во река, испумпувале вода од дворови и подруми

Sase Ivanovski

Му пратиле дрога по пошта – Скопјанец приведен откако си ја зел пратката

Sase Ivanovski

Успешно одбележан денот на семејниот лекар

Sase Ivanovski

Автомобил удрил во велосипедист на Водно, со тешки повреди пренесен во болница

Sase Ivanovski

Бранко Тричковски: Масин и Сонтаг

Sase Ivanovski

Загрижувачки тренд – околу 7.000 научници си заминале од Македонија во последниве неколку години

Sase Ivanovski

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети Спомен домот на Разловечкото востание

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА СТОПАНСКА КОМОРА НАЈАВИ КРЕИРАЊЕ НА НОВА ТЕЛЕВИЗИЈА ОД СТРАНА НА ГОЛЕМИ БИЗНИСМЕНИ КОЈА ЌЕ БИДЕ ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ

Sase Ivanovski

(БИДЕО) Обраќање на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ во Разловци

Sase Ivanovski

ШТИПЈАНЕЦ СО КОЛА ЈА РАЗБИЛ ОГРАДАТА И ПАДНАЛ ВРЗ ПОКРИВОТ НА КУЌА ДОДЕКА СПИЕЛЕ СТАНАРИТЕ

Sase Ivanovski

НЕ БИ ПРЕЈУДИЦИРАЛА ПОСЛЕДИЦИ, САД ГИ ОХРАБРУВААТ ЛИДЕРИТЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА ГО ПОЧИТУВААТ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, ВЕЛИ ЕЛИЗАБЕТ АЛЕН, ПОТСЕКРЕТАРКА НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

Sase Ivanovski

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Sase Ivanovski

ПОРТАЛОТ ЕКСПРЕС КОЈ Е БЛИЗОК ДО ВМРО ДПМНЕ ГО ОБЈАВИ СОСТАВОТ НА ИДНАТА ВЛАДА

Sase Ivanovski

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Sase Ivanovski

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Sase Ivanovski

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Sase Ivanovski

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Sase Ivanovski

НЕТАНЈАХУ ДА НЕ ЈА ПРОДЛАБОЧУВА ХУМАНИТЕРНАТА КРИЗА Земјите од Г7, без САД, го предупредија Израел да ја запре офанзивата во Рафа

Sase Ivanovski

Проектот на зетот на Трамп за градење на еколошки бесценето место – ноќен кошмар за еколозите

Sase Ivanovski

(ФОТО) Лекарите волонтери во Газа го опишуваат колапсот на здравствениот сектор во енклавата

Sase Ivanovski

ПОСЛЕДНИОТ ПРЕЖИВЕАН МАКЕДОНСКИ ЕВРЕИН КОЈ СЕ СПАСИ ОД ТРЕБЛИНКА СЕ СРЕТНА СО МИЦКОВСКИ

Sase Ivanovski

„Златната копачка“ на Дарко Панчев во музејот на Црвена звезда

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Скандал пред третиот меч – тепачка меѓу кошаркари на Партизан и Црвена звезда

Sase Ivanovski

ЖРК Ѓорче Петров го освои пехарот во Купот на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЗЕСКИ: Како комора водевме тешка битка со СДСМ и ДУИ, донесоа едно 7 закони дирек против интересите на бизнисот!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДЕТЕКТОР АНАЛИЗА Секој трет македонец сака да се исели од Македонија

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА СО ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Руската агресија ја поткопува европската глобална безбедност и стабилност

Sase Ivanovski

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЗЕСКИ: Ако јас дозволев во Александар Палас да се краде како во државава, од хотелот сега ќе останеа само голи цигли!

Sase Ivanovski

Врховен судија фатен со 10.000 евра поткуп

Sase Ivanovski

Кавадарчанецот кој синоќа му се закануваше на Јанчев, денес му се извинувал: Пијан бев, лошо пијанство имам!

Sase Ivanovski

Македонец кој живее во Шведска е уапсениот кој на Кацарска и рекол: Ќе одговарате!

Sase Ivanovski

Касами: Ахмети зборува за меѓуетнички тензии затоа што така договарал и постапувал во минатото

Sase Ivanovski

ФАЛА БОГУ, ОВА НАРОДОТ ГО БАРА 30 ГОДИНИ: Уапсен врховниот судија Наке Георгиев, фатен како зема мито!

Sase Ivanovski

МАТУРАНТКА НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

Лажна реклама за чај ги злоупотребува аналитичарот Петар Арсовки и доктор Драган Даниловски

Sase Ivanovski

Во недела ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Sase Ivanovski

Недоследно е по 2016 година ДУИ да зборува за волјата на граѓаните

Sase Ivanovski

Петровска размислува да се кандидира за претседател на СДСМ

Sase Ivanovski

СДК: УКРАИНСКИ ТРАНСПОРТЕН АВИОН СЕКОЈ ДЕН СЛЕТУВА ВО СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА Е ПЕТТИ НАЈГОЛЕМ ДОНАТОР НА ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА СПОРЕД ПРОЦЕНТ НА БДП

Sase Ivanovski

Акција за мерење на крвен притисок и гликемија утре во Градски парк

Sase Ivanovski

Кој беше Ебрахим Раиси – ултраконзервативец и отворен поддржувач на моралната полиција

Sase Ivanovski

Мухамед Мокбар ќе го замени Раиси до изборите, тој е потпретседател 23 години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасувачките екипи ги извлекоа телата на жртвите во хеликоптерската несреќа во Иран

Sase Ivanovski

Герапетритис: Договорот од Преспа е меѓународен, не се менува и ревидира еднострано

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И Србите не се зафркаваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БРАКОТ ДЕНЕСКА ПОГЛЕДНАТ ОД ПЕРСПЕКТИВА НА МАЖИТЕ

Sase Ivanovski

БОШЊАКОВСКИ: Претседателе Пендаровски (Бети и Огнен) благодарност за довербата што ја имавте во мене

Sase Ivanovski

ШОКАНТНО: ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА КРИВИЧЕН ГО ОПРАВДА НАПАДОТ НАД КАЦАРСКА, СИ ГО БАРАЛА?!?!

Sase Ivanovski

Иранската влада свика итна седница по смртта на претседателот Раиси

Sase Ivanovski

Ахмети: Таен договор Европскиот фронт да не биде втора сила во земјата направен во „црвените подруми“, кој може да влијае врз меѓутеничките односи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОНЕЧНО СТИГНА ОДМАЗДАТА!

Sase Ivanovski

ДА НЕ ТИ СЕ ВЕРУВА НА ДЕНОТ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Први снимки од авионската несреќа во која загина иранскиот претседател: Се изгорело!

Sase Ivanovski

Приведен 35-годишен кавадарчанец: Во угостителски објект му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Sase Ivanovski

ВНИМАНИЕ ДО ЈАВНОСТА, НОВА ИЗМАМА Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб страната

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДЕВОЈКА ВО ПОРТУГАЛИЈА СЛУЧАЈНО СНИМИ МЕТЕОР

Sase Ivanovski

ВО ПРИВАТНА ПОШТА ВО ТЕТОВО ИМА СТРОГИ ПРАВИЛА

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА 2024-ТА ВО ЕДНА СЛИКА

Sase Ivanovski

Кои се другите жртви што загинаа во хеликоптерската несреќа со Раиси

Sase Ivanovski

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

Sase Ivanovski

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина во хеликоптерската несреќа

Sase Ivanovski

АПОКАЛИПТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ГАЗА Се огласи шефот за хуманитарна помош на Обединетите нации

Sase Ivanovski

УКРАИНА ПРЕФРЛА НОВИ РЕЗЕРВИ ВО ВОВЧАНСК Ќе се повтори ли Бахмут?

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Интер ја прослави титулата во Серија А со реми против Лацио

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Руските напаѓачи го крадат имотот на цивилите во регионот Харков

Sase Ivanovski
Вчитувам....