– Во израелскиот напад врз училиште на Обединетите нации во Нусејрат, во централниот дел на Газа, загинаа меѓу 35 и 45 лица, изјави денеска директорката за комуникации на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), Џулиет Тума, наведувајќи дека се уште не може да ја потврди точната бројка на загинатите во нападот, пренесоа британските медиуми.
Од ИДФ наведоа дека членовите на терористичките групи биле во три училници кои биле одвоени од областа каде што се засолниле раселените цивили. Армијата посочува дека нападот бил одложуван двапати за да се избегнат штети врз цивилите. ИДФ соопшти дека нападот бил прецизен и дека неколку терористи се „елиминирани