13.8 C
Скопје
25/05/2025 16:41
МАКТЕЛ

     

Живееме на свеќи во 21 век, храната се расипува, се „топиме“ на 35 степени- граѓаните револтирани од честите прекини на струја

      

Поради голем дефект на 35-киловолтниот далновод на потегот Богданци, Стојаково, Ѓавото, Удово, граѓаните од тој регион веќе втор ден немаат струја. Лани вкупно имало 45.420 прекини во електродистрибутивниот систем, а од нив биле планирани 2.903. Бројот на прекините во часови е зголемен за 4,20 отсто во однос на 2022 година, посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Жителите на село Ѓавото, општина Богданци, од завчера од 21 часот немаат струја, а според одговорот што го добиле од кол-центарот на ЕВН, станува збор за голем дефект на 35-киловолтниот далновод на потегот Богданци, Стојаково, Ѓавото, Удово. Без струја се и водните пумпи во селото Ѓавото, кои со вода го полнат Дојранското Езеро. Во кол-центарот немаат информација колку време ќе биде потребно да се санира овој дефект, ама велат дека луѓето се излезени на терен и работат, а жителите треба да имаат разбирање оти станува збор за струја. „Слободен печат“ се обрати за подетални информации од ЕВН, но до затворањето на весникот, не добивме одговор.

Инаку, лани вкупно имало 45.420 прекини во електродистрибутивниот систем, а од нив биле планирани 2.903. Бројот на прекините е зголемен за 17,75 отсто, или во часови за 4,20 отсто во однос на 2022 година, посочи во последното интервју за „Слободен печат“, Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

   

– Планираните прекини се правени токму за да се инвестира во мрежата. Во 2023 година, во однос на 2022 година има зголемени планирани прекини, но имаме и одредено зголемување на непланирани прекини, но тоа главно беа за да се зголеми наплатата – потврди Бислимоски. Тој најави дека од 2027 година ќе се применува концепт на квалитет кој подразбира дека ако операторите на електрична енергија и на гас не постигнат соодветни таргети, тогаш ќе им се одземаат пари.

Ваквите податоци на жителите на Ѓавото не им значат ништо, оти најновиот прекин во снабдувањето не е прв. Тие се жалат дека многу често остануваат без струја и при најмал дожд. Тогаш, проблемот е предизвикан од склопка, која поради промена на напонот се затвора од безбедносни причини, па затоа повикуваат екипа на ЕВН, да дојде и да ја „крене“. Маката е кога ваквите дефекти се случуваат во време кога нема екипи на терен, па селаните мора да чекаат со часови додека некој го отклони дефектот.

Граѓаните што се јавија во нашата редакција, се жалат дека од честите дефекти на мрежата најмногу им страдаат апаратите во домаќинствата, а нема кој да им ја надомести штетата. Тие се револтирани и дека ако дефектот трае повеќе денови, им се расипува и храната, па мора да ја фрлат!

Билјана, која има викендичка во село Ѓавото, ни рече дека постојано се соочуваат со прекини на електричната енергија.

– Доволно е да загрми или да заврне и веднаш снемува струја со часови. Напонот на струјата е непостојан. Многу од жителите се соочуваат со проблеми заради прекинот на струја. Им се расипуваат апаратите, а штетите никој не им ги плаќа. Очигледно, дефектите само се санираат, а нема никакви инвестиции и обнова на електричната инфраструктура – додава Билјана.

– Немаме струја од завчера вечерта. Помина ноќта и половина од денот, а дефектот не е отстранет. Фрижидерот ми е полн со храна, сè ќе се расипе. Тоа ќе морам да го фрлам и повторно да купувам! Што ќе правиме со месото што го чуваме во замрзнувачите – вели Мара, мајка на две малолетни деца, која се јави во редакцијата на „Слободен печат“.

– Иде лето! Како ќе издржиме на високите температури без струја. Горештините во овој крај се неподносливи. И нека не гори климата, како ќе стоплиме вода во бојлерот – прашуваат револтираните жители на Ѓавото.

Граѓаните најмногу се жалат на недоставените сметки за струја и на нивната висина

Според Извештајот за работата на РКЕ, во 2023 година се поднесени вкупно 409 приговори од сите три групи потрошувачи, при што 312 приговори (76,3 отсто) се поднесени од домаќинствата, 2 приговори (0,5 отсто) се поднесени од образовни установи и 95 приговори (23,2 отсто) од другите потрошувачи. Во споредба со 2022 година, евидентно е намалување на бројот на вкупно поднесени приговори за 31 отсто.

– Видливо е дека 46 отсто од вкупно поднесените приговори се однесуваат за недоставена фактура, за висина на фактура, начин на пресметка, висина на долг, пресметана камата, тужби, промена на потрошувач, промена на начин на плаќање, плаќање на рати, спогодби и двојно платени сметки како и сл., додека 21,8 отсто од вкупно поднесените приговори се однесуваат на приговори за премер на квадратура, инсталирана/ангажирана моќност, проверка на статус исклучен/вклучен, испуштање вода, промена на дијаграм на ниво на мерно место, премер на доградби, начин на пресметка и распределба на енергија на мерно место, барање за приклучување и исклучување и сл. – пишува во Извештајот на РКЕ.

   

Најново

ЛЕГЕНДАРНО ФОТО ОД 1998-МА КОГА ЉУБЧО И ТУПУРКО ДОЗНАА ДЕКА ПОБЕДИЛЕ НА ИЗБОРИТЕ

Sase Ivanovski

РУСКАТА АМБАСАДА ВО СОФИЈА: СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ БИЛЕ БУГАРИ

Sase Ivanovski

ИЛИЈА ДИМОВСКИ ОТВОРИ ДИЛЕМИ ЗА СЛОВЕНИТЕ И КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Sase Ivanovski

Косовското Собрание ниту во 21 обид не е конституирано

Sase Ivanovski

Речиси 54.000 убиени Палестинци во Газа од почетокот на војната

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма над Курск: Хеликоптер во кој бил Путин се нашол сред масовен напад на украински дронови

Sase Ivanovski

Никушар Дан: Ќе им објасниме на Романците и на админситрацијата на Трамп зошто беа поништени изборите во Романија

Sase Ivanovski

Каја Калас повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Москва

Sase Ivanovski

Зеленски: Продолжуваат напорите да се обезбеди апсолутно секој што е во руско заробеништво

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ одби лидерска, да не му го кревале рејтингот на Филипче

Sase Ivanovski

Новата линија од Охрид до Базел стартува од 27 октомври, четири месеци порано

Sase Ivanovski

МЕПСО и косовскиот оператор со заеднички чекор кон енергетска безбедност: Интерконекцијата Тетово – Призрен добива конкретна динамика

Sase Ivanovski

Многу фотоволтаици, а мрежата стара 40 години, потребни се 700 милијарди долари инвестиции низ Европа

Sase Ivanovski

Данела Арсовска најави фељтон со „докази за криминал“, тврди дека институциите молчат, а градот постапувал веднаш

Sase Ivanovski

Бојковска: Законот за работно ангажирање на лица претставува значаен чекор во борбата против сивата економија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со изземањето на Филипче од случајот Онкологија, судиите и обвинителите уште еднаш покажаа клиентелистички и поданички однос кон СДС

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Здравство и образование врвни приоритети на Владата, ќе се реконструираат и градат болници, медицински факултет, студентски дом

Sase Ivanovski

Приведен возач во Штип, управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

ХЕРА: Со навремената дијагноза за ХИВ – до долг и квалитетен живот! Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Sase Ivanovski

Уште колку бескорисни смртни случаи пред да признаеме дека Трамп секогаш бил во право за Украина?

Sase Ivanovski

Почина полковникот Стефан Ивановски, кој е поранешен припадник и командант на ЕСН Волци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Далмација и се е можно: Бабичка со вила улови огромен октопод среде Сплит, додека огромна ајкула правеше кругови

Sase Ivanovski

Мицкоски: Мора да бидеме свесни дека многумина нашето битисување на овие простори не ги прави среќни.

Sase Ivanovski

Голема реконструкција на Аја Софија поради страв од земјотрес!

Sase Ivanovski

Арсовска најави фељтон со „докази за криминал“ – тврди дека институциите молчат, а градот постапувал веднаш

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ ДОГОВОРИ СОРАБОТКА СО ЈАПОНСКАТА ВСЕЛЕНСКА АГЕНЦИЈА

Sase Ivanovski

Фото галерија од хуманитарната трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

Sase Ivanovski

На Сиљановска и е јасно дека преговарачката рамка е усвоена и дека е тешко да се менува ама предлага нов протокол без вето

Sase Ivanovski

Локомотива удри во пешак во Хиподром

Sase Ivanovski

Трпчески од Рим: Сесловенските просветители ширеле благородна мисија онака како што и музиката тоа го прави

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема – Почнуваат коренити промени во македонскиот фудбал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Конструктивни сме во интерес државата, ќе понудам конкретни точки за лидерска средба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Темните страни на вештачката интелигенција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) “Дечко са асфалта”

Sase Ivanovski

Оддадена почит пред споменикот на загинатиот припадник на безбедносните сили Бобан Ивановиќ – јавноста револтирана поради газењето на знамето

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филип Чаловски: Македонскиот вкус на храна е со светски стандарди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ – Нов скандал на Тошковски: Тендер од 4 милиони евра за фирми со само 2 вработени, основани пред тендерот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Најголемите криминали во здравството се случија во времето на Филипче

Sase Ivanovski

Во среда врачување на наградаата „Роман на годината“ на Калина Малеска

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во тетовско, лишено од слобода лице кај кое е најдена дрога и нападнало полициски службеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Една година тишина зад големите зборови: Ветуваа културна обнова, донесоа културен молк

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода разбојник во Кавадарци, пронајдено дел од одземеното

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Срам за нацијата“ се огласи Ким Џонг-ун по неуспешната промоција на воен брод, нареди апсења

Sase Ivanovski

Полицијата приведе тетовец, нападнал полицајци кои кај него пронашле дрога

Sase Ivanovski

МВР ќе го казнеле кошаркарскиот клуб Маџари за употреба на прскалки во затворен простор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кузеска: Нов скандал на Тошковски: Тендер од 4 милиони евра за фирми со само 2 вработени, основани пред тендерот

Sase Ivanovski

„Плати или ќе го претепаме“ – затвореници уценувале мајка на осуденик

Sase Ivanovski

Кикбоксерот Илиоски ја одбрани светската титула

Sase Ivanovski

Украина со апел до меѓународната заедница: Запрете ја Русија

Sase Ivanovski

19-годишник ја турнал и ѝ ја одзел ташната на 75-годишна жена во Кавадарци, полицијата го уапсила

Sase Ivanovski

Македонија можна тампон зона за бегалци?

Sase Ivanovski

ДУИ: Ќе ги користиме сите демократски средства за да го спречиме институционалниот монопол

Sase Ivanovski

Заврши Канскиот филмски фестивал: Златната палма отиде во рацете на иранскиот режисер, кој бил во затвор и имал забрана за снимање 20 години

Sase Ivanovski

Пентагон со нови правила за новинарите, ќе мора да имаат придружба

Sase Ivanovski

Пресекле три столба: Во Кан нема струја поради намерно оштетен далновод

Sase Ivanovski

Грција разби мрежа за шверцување која заработила речиси пет милиони евра од мигранти

Sase Ivanovski

Пад на вредноста на доларот поради намалување на кредитниот рејтинг на САД

Sase Ivanovski

Во Северна Кореја уапсени три лица поради неуспешната промоција на воен брод

Sase Ivanovski

Салиу слободен – Апелација смета дека семејниот статус и здравјето се посилни од сомнежот дека може да избега по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Taравари расчистува со „непослушните” кадри

Sase Ivanovski

Лавров: Речиси е готов документот за мирно решавање на конфликтот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со изземањето на Филипче од случајот Онкологија, судиите и обвинителите уште еднаш покажаа клиентелистички и поданички однос кон СДС

Sase Ivanovski

Силвија Думинуцо од Италија во потрага по нејзината биолошка мајка во Македонија

Sase Ivanovski

Приведен возач во Штип, управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Британија гледа во Македонија како на најсилен партнер во регионот, смета Николовски

Sase Ivanovski

Најмалку 13 загинати во напади во Украина – експлозии одекнуваа во Киев, Москва тврди дека соборила над 100 украински дронови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Русите жестоко го нападнаа Киев, има загинати и многу повредени

Sase Ivanovski

Белгиските компании скептични кон четиридневната работна недела

Sase Ivanovski

Социјалистичката интернационала бара ослободување на Имамоглу

Sase Ivanovski

Дали идната кралица на Белгија ќе мора да го напушти Харвард поради забраната на Трамп?

Sase Ivanovski

Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Израелски политичар насилно изнесен од парламентот, затоа што зборувал за злосторствата во Газа

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај на неколку локации во Скопје

Sase Ivanovski

Вучиќ: Од 1 јануари 550 евра минимална плата во Србија

Sase Ivanovski

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: МАТЕМАТИКА И ЕМОЦИИ

Sase Ivanovski

Продолжува падот на бројот на население во Албанија, годинава 14% помалку новородени во споредба со лани

Sase Ivanovski

Љупчо Поповски: London Calling

Sase Ivanovski

Рекорден број Американци бараат престој во Велика Британија

Sase Ivanovski

Бајден се појави во јавноста за прв пат по дијагнозата рак

Sase Ivanovski
Вчитувам....