Официјално го снема „Д“ од СДСМ, успеа ова раководство да ја уништи демократијата во СДСМ, вели еден од основачите на партијата.
„Не е изгубен само компасот, туку изгубен е и капетанот на бродот на СДСМ, а посадата очигледно не обединета, го лула уште посилно и побрзо во амбисот“, вели Зоре Темелковски – Меги, еден од основачите на СДСМ.
„Денес официјално го снема Д од СДСМ, успеа ова раководство да ја уништи демократијата во СДСМ и на легитимно избрани делегати на конгрес, од истово ова раководство, да им забрани право на збор и на дебата, со цел да не пукнел дополнителен срам“, вели Меги. Новото „Д“ во СДСМ од сега е зборот диктатура или дебилизам, заклучува тој.
Фото: портал Екипа