8.8 C
Скопје
01/06/2025 04:36
МАКТЕЛ

     

Османи „Кажете, ние не сме го изгласале, ние сме биле против, овие предавнициве го направија тоа и ние мора да го почитуваме. Тоа е фер однос кон државата“

      

Во однос на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која треба да биде формирана наскоро, тој кажа дека таа нема никаква одговорност за Преспанскиот договор. Тие, рече Османи, не го изгласале, не го поддржале Договорот, но имаат обврска да го почитуваат. Тоа, како што порача шефот на дипломатијата, е државнички однос.

Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата со идниот претседавач со Процес за соработка на Југоисточна Европа, Османи информираше за состанокот што на билатерално ниво го имал со грчката заменик-министерка за надворешни работи, Александра Пападопулу, која ја предводи делегацијата на нејзината земја на настанот, а потврди и дека утрово имал телефонски разговор и со својот грчки колега, Јоргос Герапетритис, кој се очекува попладнево да пристигне во земјава за Самитот во рамките на ПСЈИЕ и да престојува околу два часа.

   

„Имав добар состанок со заменик-министерката. Утринава исто така имав телефонски разговор и со министерот за надворешни работи, којшто еве не може да стигне денеска претпладне, заради посета на колега во Атина, ќе дојде попладне за Самитот. Разговаравме за посветеноста на двете држави не само за имплементација на договорите, туку и за поддршката што официјална Атина ја дава на евроатланстаката интеграција, односно европската интеграција на Република Северна Македонија. Така што беше еден добар разговор, конструктивен разговор во којшто разменивме ставови дека е многу важна регионалната соработка, добрососедските односи, продолжување на секторската соработка и ставот дека сепак Преспанскиот договор е многу повеќе од само договор за името, тоа е се рабира стожерот, меѓутоа е договор за стратешко партнерство“,
рече Османи.

Останатите обврски коишто двете држави ги имаат по однос на Преспанскиот договор, рече Османи, исто така, биле дел од темите на разговорот, кој, како што додаде, генерално бил во духот на соработката и надежта за продлабочување на ова стратешко партнерство кое што може да да доведе до подобра регионална соработка.

„Значи ги покренав јас тие прашања за нивните обврски, тие ги покренаа за нашите обврски и се согласивме дека во добра волја треба да породолжиме да ги почитуваме договорите бидејќи сепак тие се дел од нашето внатрешно уредување и дел од меѓународните обврски што ги имаме преземено двете држави. И таму владата не била среќна со Преспанскиот договор, ниту е среќна со Преспанскиот договор, меѓутоа разбираат дека тоа е меѓународен договор, дел од реалноста и ќе го почитуваат. И јас изразив надеж дека владата којашто доаѓа, исто така, ќе ги почитува обврските од меѓународните договори на реципрочна основа“,

рече Османи.
Прашан во врска со Протоколите или Меморандумите кои произлегуваат од Договорот од Преспа, а кои сè уште не се ратификувани од грчкото собрание, шефот на дипломатијата рече дека и ние имаме неисполнети обврски во тој дел, како што се законот за МАНУ и законот за Македонската радио телевизија (МРТ), кои не се поминати во македонското Собрание.Во тој контекст, Османи, одговарајќи на новинарско прашање, не се согласи со констатацијата дека Грција нема исполнето ништо од Преспанскиот договор.

„Мислам дека не е конректна констатацијата дека Грција нема исполнето ништо. Столбот на грчките обврски од Преспанскиот договор е поддршка за НАТО-интеграцијата и за европската интеграција. Република Северна Македонија денеска е членка на НАТО затоа што Грција ја исполни својата обврска од Преспанскиот договор. Грција денес е еден од поголемите лобисти за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија. Тоа беше суштината на грчката обврска. Протоколите се прашања кои што се останати во парламентот, како што е останат нашиот закон за МАНУ, нашиот закон за МРТ и други некои прашања во имплементација на името. И ние разговараме за тие аспекти – тие да ги поминат своите закони, ние да ги поминеме нашите закони. Но суштината двете страни ја имаат исполнето – Грција евроатлантската интеграција, Северна Македонија прашањето на уставните измени и имплементација на името“,кажа Османи.

Прашан дали добил некаков рок од заменик-министерката Пападопулу и министерот Герапетритис за донесување на Меморандумите во грчкиот парламент, шефот на македонската дипломатија рече дека и тој не можел да даде рок во однос на законите што се заглавени во нашето Собрание, но додаде дека двете страни изразиле волја дека двете влади ќе работат за да поттикнат консензус за усвојување на овие закони.

„Меѓутоа тие останати прашања не смеат да ни бидат на прва линија во односите со Грција. Ние сме членка на НАТО заради грчката поддршка. Ние имаме сериозна поддршка за членството во ЕУ. Тоа ако се загрози, е тогаш тоа ќе биде сериозно крешење на обврската на Република Грција на Преспанскиот договор и тогаш би имало сериозна реакција. Имаме преостанати обврски двете страни коишто се на периферија на суштинските прашања коишто ги има Преспанскиот договор и сметам дека не треба тие да го доминираат политичкиот дискурс…Не сакам да ја омаловажам обврската на Грција за меморандумите, ниту пак сакам нашата обврска којашто е заглавена во Собрание, но ајде да ги ставиме во тие административни обиди да се надминат овие преостанати прашања, но верувајте дека имаме многу повеќе потенцијал во односите со Грција и нема потреба да создадеме таква клима, бидејќи веќе е постизборие. Разбирав пред избори имаше потреба да се ловат политички поени на тоа, но завршија изборите, нема да има избори уште година и пол. Дајте сега да имаме еден позрел однос кон соседите кон земјите членки на Европската Унија. Јас немам некоја обврска, јас сум уште неколку дена министер за надворешни работи, меѓутоа сметам дека е должност да ја пренесам оваа порака колку е важно да се покажеме како зрел и сериозен играч. Тоа е мојата логика како ја гледам надворешната политика. Ако имаме кавгаџиска надворешна политика, бујрум, ќе ги видиме резултатите. Јас не го советувам тоа“,рече Османи.

Прашан дали добил некакви најави за можно идно вето од Грција, министерот за надворешни работи кажа дека немало такво нешто и дека двете страни „изразија надеж дека ќе се почитуваат обврските“.На дополнително прашање што би се случило доколку идниот премиер продолжи да не го користи уставното име во говорната комуникација, Османи рече дека според најавите не очекува да има прекршување на Договорот.

„Не би сакал да прејудицирам. Еве ќе чекаме една недела, ќе видиме. Според најавите не очекувам дека ќе има прекршување. Се разбира не е објаснување делот дека говорно ќе се спомне друго име, пишано друго име. Нема такво објаснување во меѓународното право. Меѓутоа очекувам дека е тоа само транзиција за да се подготви јавноста. Ние охрабруваме да се почитува Преспанскиот договор. Немаат никаква одговорност по однос на Преспанскиот договор, не го изгласале. Меѓутоа имаат обврска да го почитуваат и тоа е државнички однос“,рече Османи
.
Прашан за коментар на образложението на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и на мандатарот за состав на новата влада Христијан Мицкоски дека станува збор за нивно лично право на самоопределување како да го користат името на државата во јавните настапи, Осамни изјави дека уставното име повеќе не прашање на обврските од Преспанскиот договор, туку на Уставот на државата.

„Така што не гледам простор тука за интерпретација и нема потреба затоа што само се дава некое очекување кај граѓаните дека ако почнеме усно да го кажуваме полека ќе го смениме и писмено. Тоа нема да се случи. Зошто има давате такви очекувања на граѓаните? Кажете, ние не сме го изгласале, ние сме биле против, овие предавнициве го направија тоа и ние мора да го почитуваме. Тоа е фер однос кон државата. А, ние, јас сум убеден дека тоа е најдоброто нешто што сме го направиле“,порача министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи.

   

Најново

(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Акцијата за апсење на убијците од Беланоца и Барон е голем успех на институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска поднесе пријавa во ОЈО: Постапете пред да ги уништат доказите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) За руинираниот двор и плато пред објектот на македонската Влада – Александар Видиновски и пратеникот Бојан Стојаноски

Sase Ivanovski

СЗО побара забрана за ароматизираните тутунски производи

Sase Ivanovski

Германија блокирана: Грешка во апликацијата „Гугл Мапс“ предизвика тотален хаос на автопатите

Sase Ivanovski

Томас Вајц за БТВ: „Не гледам проблем за македонскиот идентитет и јазик“

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Sase Ivanovski

Жена на 33 години загина, а шест други лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Sase Ivanovski

Русија ја опомена сојузничката Србија за снабдување на Украина со оружје

Sase Ivanovski

Во куќа во Гевгелија пронајден починат 38-годишен маж

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Родителите на загинатите со порака до полицијата: ” Бараме правда за секое дете што загина, тоа беше масовно убиство, не ги штитете убијците!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Дали МВР постапува по наводите за дивоградбите во Чаир и за вчерашното дивеење на Ганиу?

Sase Ivanovski

ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ ПО 30.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ОБУЧЕНО ЛИЦЕ Грант за самовработување ќе добијат 1.703 невработени лица

Sase Ivanovski

Пет можни сценарија за крајот на војната Русија-Украина според американската банка ЏП Морган Чејс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Британската агенција која ќе го кредитира договорот за заем има сериозни корупциски скандали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА: СДСМ ги признава грешките и учи од нив, ВМРО ДПМНЕ и нејзините сателити ќе направат се да го саботираат влезот во ЕУ за да може на раат да крадат!

Sase Ivanovski

Опасен е патот кон Теферич – Сопиште повикува да се користат алтернативните

Sase Ivanovski

Шукова: Началник на СВР Штип е заштитен од Коцевски и Мицкоски во истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

ПРЕТЕПАН СРЕДНОШКОЛЕЦ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО Го нападнала група малолетници во школски двор

Sase Ivanovski

Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ ги постави темелите на државата и ќе си ја вратиме државата назад!

Sase Ivanovski

Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово поради поврзување на главниот магистрален водовод

Sase Ivanovski

Маск бил издрогиран поголемиот дел од времето додека работел со Трамп

Sase Ivanovski

Видео: Мене ќе ме утепаат- Арсовска за заканите. Ова ли е држава?

Sase Ivanovski

Гостиварец ја нападнал и силувал вонбрачната сопруга

Sase Ivanovski

Сервисиран и вратен еден „ер трактор“ за гасење пожари

Sase Ivanovski

Хаос кај Бит Пазар: Насилно им влегле дома и тепале цело семејство

Sase Ivanovski

Филипче: Зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши!

Sase Ivanovski

Пијан насилник од скопско ги тепал и давел партнерката и нејзината мајка

Sase Ivanovski

Приврзаниците на Партениј протестираа пред резиденцијата на архиепископот во Скопје

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Арсовска поднесе пријавa во ОЈО: Постапете пред да ги уништат доказите

Sase Ivanovski

Вреди – Ниту Апасиев, ниту Данела, ниту ДУИ не можат да го спречат овој ураган на промени што започна од Чаир

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Герасимовски: Синоќа скопјани уживаа во врвна гастрономија и добра музика со диџеј Зоки Бејбе и Наде Талевска бенд

Sase Ivanovski

(Видео) Мирен протест во Охрид за поддршка на епископот атаниски, Партениј

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Урбаната мафија хара, каква корист има Мицкоски од 150 дивоградби во Чаир?

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ НАЈАВУВА ВРАЌАЊЕ ВО ПОЛИТИКАТА: Му стојам на располагање на Венко Филипче, сакам да и помогнам на опозицијата да ја врати државата на прав пат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОПЕН АИ И ОРАКЛ ВО ТЕКСАС ГО ГРАДАТ НАЈГОЛЕМИОТ ДАТА ЦЕНТАР ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗНАЧИ ОВАА ИТАЛИЈА НЕ СЕ ТРПИ ОД УБАВИНИ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Ширењето на хистерија околу распишувањето на тендери е само обид за оттргнување на вниманието од безидејноста на СДС, која е синoним за неспособност и криминал

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ ЗА СДСМ: Јас би почекал уште една година после локалните за да видиме дали таа партија ќе може да се врати на старите патеки

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Румен Радев е архитектот на бугарската блокада кон Македонија

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Афера Провизии кои чинат живот – Венко Филипче дозволил градба на модуларната болница во која не смеело да се обавува здравствена дејност

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Сиљановска е невидлива во областите во кои треба да биде највидлива

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: За жал нашиот народ, со сите овие проблеми кои ги имаше во овие децении на тешко живеење, и Македонци и Албанци и други, е практично анестезиран и отапен е на сите овие глупости што му се сервираат од разни политички елити

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Ако ги прашувате само етничките Македонци, ние сме на околу 30% поддршка и таква поддршка има само уште во Србија

Sase Ivanovski

DynamicsMinds: Вештачка интелигенција донесува дигитална работна сила и златна ера на деловни апликации

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ ПРОТИВ КОРИДОРОТ 10: Не треба да инвестираме во коридори кои водат низ земји кои не се членки на НАТО

Sase Ivanovski

ГАФ НА ПЕНДАРОВСКИ: За државата не било многу важно да се прават локални патишта и водоводи

Sase Ivanovski

Пендаровски бил непријанто изненаден од некадарноста на владата на Мицковски

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Ние сме прв случај во историјата на европските интеграции која од позиција на кандидат за членство поставува услови кон земја-членка на ЕУ… Бугарија да признае 14 пресуди од Стразбур, да признае постоење на македонско малцинство итн

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Трамп е политичар пазарџија, ние нема што да му дадеме, ниту авион ниту минерали

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Интересот на Британците за балканот е да биде центар за мигранти

Sase Ivanovski

Стево Пендаровски во мега интервју за Дојче Веле: Одиме кон држави кои не се демократски, владата нема намера да оди кон ЕУ, од Трамп го добивме само…

Sase Ivanovski

Падна кран на градилиште во старата касарна во Битола, има повредени

Sase Ivanovski

Поранешен шеф на ЦИА тврди дека Путин ќе нападне уште една земја – откри и која

Sase Ivanovski

„Арсовска да пријави и соработува“ – ОЈО вели подготвено е веднаш да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: 780.000 евра за два тендери, перење пари за промоција на Мицкоски

Sase Ivanovski

СТВАРНО СМЕ БРАЌА: Бугарите се бунат против воведување на евро

Sase Ivanovski

Штипјанец возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајка

Sase Ivanovski

Уапсен маж од Дебарца, во неговиот дом пронајдени 140 стебла канабис

Sase Ivanovski

Седумдесетгодишен возач прегази жена на паркинг во Скопје

Sase Ivanovski

ЛДП во понедеделник ќе поднесе предлог закон за една изборна единица и отворени листи

Sase Ivanovski

Тројца сегашни началници на ОВР Кочани биле распрашувани од Обвинителството

Sase Ivanovski

Дете под 5 години е најмладиот евидентиран корисник на дрога во Македонија

Sase Ivanovski

ФЗОМ не им дава надоместок на плата за боледување на дел од преживеаните во „Пулс

Sase Ivanovski

МАСК ПИЕЛ ПО 20 АПЧИЊА ДНЕВНО ДОДЕКА РАБОТЕЛ СО ТРАМП Милијардерот има тешка зависност и депресија?

Sase Ivanovski

ЛУЃЕТО ЗГРОЗЕНИ ОД НОВИОТ ПРОИЗВОД НА СЕКСАПИЛНАТА АКТЕРКА „Одвратно, понижувачки“

Sase Ivanovski

„ТАТКО МИ ИЗВАДИ 10 МАРКИ НА МАСАТА И НИ СООПШТИ ДЕКА ТОА Е СЀ ШТО ИМАМЕ“ Ѓоковиќ се присети на најтешките моменти во животот

Sase Ivanovski

ПАК ГОВОР НА ОМРАЗА И НЕТРПЕНИЕ ОД СОФИЈА Поранешен политичар бара Бугарија да ѝ воведе санкции на Македонија

Sase Ivanovski

Владо Јаневски заминува во Австралија!

Sase Ivanovski

„ИДРИЗОВО“ КАКО ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОР Затвореници сокриле десетици телефони, полначи, блутут слушалки и дрога

Sase Ivanovski

Обвинителство: Течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Истрагата за пожарот во „Пулс“ заврши

Sase Ivanovski

КОЧО АНЃУШЕВ ГО ФИНАНСИРА ЗАВРШУВАЊЕТО НА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО „СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ Со нетрпение се очекува да блесне духовниот храм во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ЌЕ СЕ НОСИ СО КОНСЕНЗУС Вистината излезе на виделина, нема лажни сертификати за Бојан Христовски

Sase Ivanovski

„ОНИЕ ШТО ШИРАТ ЛАГИ ЌЕ СЕ ИЗВИНАТ“ Јанев ги отфрла обвинувањата за дипломата, остава ДКСК да докаже

Sase Ivanovski

ШОКАНТЕН МОМЕНТ ВО СУДНИЦАТА Диди покажа фотографија од разголените Ријана и Серена Вилијамс во кревет!

Sase Ivanovski

НЕПТУН СО ИТНА ПРОДАЖНА АКЦИЈА НА КЛИМА УРЕДИ Опфтени се инвертери од глобално реномирани брендови

Sase Ivanovski

ЗА ПРВПАТ МИКРОБРАНОВА АБЛАЦИЈА НА ТИРОИДА ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ Минимално инвазивна процедура која значително го подобрува животот на пациентите

Sase Ivanovski

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека нуклеарното оружје е „неприфатливо“

Sase Ivanovski
Вчитувам....