Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW
Повеќето возрасни Американци планираат да ја следат утрешната претседателската дебата меѓу Трамп и Бајден што се одржува во Атланта, Џорџија.
Американците сметаат дека ТВ-дуелот на Си-ен-ен од час и половина, би можела значително да влијае на кампањата за претседателските избори во ноември.
Анкетите велат дека меѓу гласачите и двајцата кандидати имаат силни адути.
Аналитичарите очекуваат дебатата која ќе се емитува на Си-Ен-Ен да биде полна со можности и со потенцијал за преобликување на претседателската трка.
Никогаш порано во модерната ера не се сретнале двајца претпоставени кандидати на дебатната сцена толку рано во сезоната на општи избори. Никогаш досега двајца претенденти од Белата куќа не се соочиле на толкава возраст, со широко распространети прашања за нивната подготвеност.
Тимот на Трамп го гледа соочувањето како можност да покаже јасен контраст со лидерската способност на Бајден и владејачките досиеја.
Трамп, исто така, има јавни настапи пред дебатата, организирајќи митинг во Филаделфија во сабота и кампања за собирање средства во Њу Орлеанс во понеделник пред да оди на својот имот на Флорида на состаноци.
Таборот на Бајден знае дека Трамп најверојатно ќе се фокусира на неговиот син Хантер, како што тогашниот претседател направи на дебатната сцена пред четири години.
Хантер Бајден неодамна беше осуден за три кривични дела поврзани со набавка на пиштол додека наводно бил зависник од дрога.
Републиканците, исто така, ги критикуваа странските деловни зделки на Хантер Бајден кога Џо Бајден беше потпретседател.