25.8 C
Скопје
18/06/2025 07:02
МАКТЕЛ

   

Партизацијата продолжува да ја урнисува македонската дипломатија

      

Злоупотреба на дипломатијата за приватни и партиски интереси, нетранспарентност за финансиите и поставување на партиски наместо професионални кадри но и целосно непочитување на процедурите предвидени со Законот за надворешни работи. Ова се само дел од обвинувањата и препирките кои се провлекуваат години наназад во македонската дипломатија а се актуализираа повторно во домашната јавност особено по веста за наводни сомнежи за работата на дипломатската мисија на Македонија во Обединетите нации во Њујорк.

   

Имено, домашните медиумите деновиве објавија информација дека амбасадорот во постојната мисија на РСМ при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски е повикан на консултации во МНР поради финансиски малверзации – затајување материјални средства од сукцесија на објекти, трошење финансии спротивно на правилниците на работа на дипломатско-конзуларните претставништва и непостапување по добиените насоки кои во изминатиот период ги добивал од МНР. На ова веднаш следеше реакција од Мисијата на РСМ при ООН каде во свое соопштение објавено до јавноста се наведе дека е „срамна и мизерна е забелешката на службите во МНР дека амбасадорот злоупотребил службена картичка за авионски карти кон Македонија“.

„Амбасадорот имаше итна медицинска интервенција во Македонија и беше на погребот на својот починат брат – ненадејни настани кои го принудија привремено да искористи пари од мисијата за авиобилет, кои секако деновиве ги надомести од свои приватни средства“, се наведува во соопштението.

Несоодветните кадри ги поткопуваат државните позиции?

За познавачите на дипломатските состојби, најновите случувања во македонската дипломатија не се новина. Според нив жалосно е што ваквиот тренд на девалвирање на дипломатската функција продолжува бидејќи тој е погубен за државата, која на овој начин наместо подобро да се позиционира во заштита на националните интереси, се доведува во ситуација да си го руши својот меѓународен углед.

Благој Зашов, поранешен амбасадор на Македонија во Романија и дипломат од кариера во изјава за „Слободен печат“ појаснува дека за жал, македонската јавност последните години е сведок на еден вид дегенерација на дипломатијата бидејќи се напушти добро воспоставениот кариерен систем и се пристапи кон пополнување на амбасадорските и конзулските места со луѓе што немаат никакво знаење за она што значи надворешна политика.

ФОТО: Благој Зашов, поранешен амбасадор на Македонија во Романија

Како што појаснува Зашов стана пракса дасе поставуваат партиски кадри наместо докажани професионалци и а новата Влада треба час поскоро да го напушти концептот на „политичка дипломатија“ и целосно да се премине кон професионална.

-Дипломатијата е како и секој друг занает се учи теоретски и практично. Најголем проблем во македонската дипломатија е што се поставуваат луѓе на видни позиции по партиска линија. Друг проблем е тоа што земјава од за мене нејасни причини става млади неискусни луѓе за амбасадори или конзули кои не се копентенти а уште помалку го заслужуваат местото. Дипломатот треба да биде кариерен и да не подлежи на партиско влијание. Накратко кажано ерозија на македонската дипломатија започна кога дипломатите сфатија дека не може да напредуваат ако не се поддржани од некоја политичка партија дома – заклучува Зашов.

Правејќи паралела на дипломатијата сега и изминативе 20 години, Зашов дообјаснува дека период од 1990-тите години може да се оцени како успешен во промовирањето на Македонија со оглед на тоа што во тој период беа испраќани професионалци за разлика од сега. Со сличен став е и универзитетски професор и поранешен амбасадор на Македонија во Вашингтон Васко Наумовски, кој, коментирајќи генерално за државниот систем, а не само за дипломатијата, вели дека потребен ни е широк национален консензус за надворешно-политичките приоритети, односно усогласување на партиите за тоа во која насока треба да се движи нашата дипломатија.

Васко Наумовски – професор / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
– Професионализацијата на дипломатијата треба да започне од професионализацијата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, и заштита на процесите од дневно-политички влијанија. Проблемот е што, за разлика од голем дел професионалци во оваа институција, постојат предизвици поврзани со кадри кои сакаат да се претстават како професионални дипломати само заради тоа што се вработиле во МНРНТ, без притоа да имаат соодветно искуство во областите поврзани со дипломатијата – вели Наумовски.

Како што појаснува Наумовски успехот на дипломатите на произлегува од нивното формално вработување во МНРНТ, туку од знаењето, искуството и вештините, кои можат да се стекнат во, но и вон оваа институција.

– Доколку во ДКП се испраќаат поединци надвор од МНРНТ, тие треба да поседуваат соодветна експертиза, но истото важи и за тие што се испраќаат од самата институција – оценува Наумовски.

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции дополнува дека сепак постои решение за излез од сегашната состојба на македонската дипломатија а тој тоа го гледа во национален надпартиски консензус кој ќе ги штити важните државни позиции.

– Потребен ни е широк национален консензус за надворешно-политичките приоритети, односно усогласување на партиите за тоа во која насока треба да се движи нашата дипломатија. После тој чекор, нема да постои ривалство меѓу партиите за дипломатските места, затоа што целта ќе биде иста, а на имплементација на приоритетите ќе работат оние со најголемо искуство и знаење, без разлика на нивните лични идеолошки определби – заклучува Наумовски.

Проблемот со дипломатијата се провлекува од минатото

Инаку во македонската јавност се уште се свежи сеќавањата за поранешната ТВ презентерка Бесмира Ејупи, кога за првпат јавноста ја брануваше пред две години кога се дозна дека таа, претходно позната како презентерка на една телевизија, всушност е вработена во МНР и дека поранешниот министер за надворешни Бујар Османи ја назначил за конзул во Њујорк.

Деновиве во јавноста повторно таа беше предмет на реакции откако по одлука на МНР Ејупи стана дипломат во конзулатот во Бон, Германија. Дел од медиумите повикувајќи се на дипломатски извори пренесуваат дека поранешниот министер Османи издал и наредба да ѝ биде изготвен дипломатски пасош и да замине во Германија како испомош на персоналот во македонската амбасада во летните месеци за издавање на пасоши на македонските граѓани во таа земја.

   

Најново

Експерт за патување секогаш носи една работа со себе: „Вака се справувам со анксиозноста“

Sase Ivanovski

Фустаните со точки повторно во фокусот

Sase Ivanovski

На денешен ден – 18 јуни: Роден е англискиот музичар Пол Макартни, член на легендарните „Битлси“

Sase Ivanovski

Летно уживање: Рецепт за Аперол шприц, коктел кој Италијанците го обожаваат

Sase Ivanovski

Како да знаете дали базенот во кој пливате е чист? Секоја петта личност признава дека уринира во водата

Sase Ivanovski

Холандската влада со совет до родителите да ги забранат социјалните мрежи на децата под 15 години

Sase Ivanovski

Сончево и топло, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Sase Ivanovski

ПОЛЕСНО ДО ОХРИД ЗА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид ќе бидат пуштени до 10 јули

Sase Ivanovski

ШТО ТОА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО СТРУМИЦА? Костадинов се пофали со програмата за локалните избори

Sase Ivanovski

ИЗМАМА НА ВЕКОТ Хрватка лажно се претставувала како банкарка и проневерила 1,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Уважена жалбата на Мојсоска, Владата има рок од 15 дена да ги достави патните трошоци и кириите на пратениците

Sase Ivanovski

Финска забрани деца до 15 години да возат електрични тротинети

Sase Ivanovski

ФОТО: Импозантен нов мозаик го разубави МКЦ, полски уметници го изведоа со над 100.000 плочки

Sase Ivanovski

„По 3.500 денари месечно“, владата обезбедува стипендии за млади ученици во средно стручно образование

Sase Ivanovski

Две фирми поврзани со Заеви први одбиени да произведуваат електрична енергија

Sase Ivanovski

Петар Ристески: Потпишав пристапница, но не станав член на СДСМ

Sase Ivanovski

ЗАЕВ ДО ЦИПРАС: Во ова време на војни и хаотичен свет, сѐ повеќе сум среќен што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

ПОРТПАРОЛОТ НА ИРАНСКИТЕ СИЛИ ДО САД: Mу дозволувате на вашето бесно куче да извршува злосторствa

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска си замина од Народна банка со златник доделен од Славески

Sase Ivanovski

ТУРЦИТЕ СЕ РЕКОРДЕРИ: Колку часа неделно работат нивните работници?

Sase Ivanovski

Езеро Треска, Стар Дојран, Љубаништа – Државата не реализирала ниту една туристичка развојна зона

Sase Ivanovski

ИРАН УДРИ ТОЧНО НА МОСАД – РЕКЕТИРАН ОПЕРТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Гори оган во центарот на Тел Авив

Sase Ivanovski

ТУРЦИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ВОЈНА СО ИЗРАЕЛ? Ердоган го предупреди Нетанјаху

Sase Ivanovski

Шефот на центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ и секретар за односи со јавност на владата, Луке Галески стана член на Надзорниот одбор на операторот на платен систем КИБС

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Кога зборува Филипче, јавноста не слуша план, туку ехо од Дубаи

Sase Ivanovski

Цветанова: ВМРО-ДПМНЕ е заштитник и борец за македонскиот национален идентитет и македонските национални интереси

Sase Ivanovski

Јаковлевски: Владата предводена од Мицкоски за година успеа да направи толку проекти за граѓаните и Македонија што некои не успеаа за 7 години да направат

Sase Ivanovski

СДСМ: Народ гледа Мицкоски – сите видоа дека ништо немаш остварено освен продавање на шарени лаги

Sase Ivanovski

Филипче: Слаб говор, лоши пораки – Мицкоски призна дека ништо не направил, ама „допрва ќе работел“

Sase Ivanovski

Додека на Блиски Исток се распоредуваат дополнителни американски сили, конгресмени се обидуваат да го спречат Трамп да го нападне Иран

Sase Ivanovski

ПИЈАН СКОПЈАНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ И НАПРАВИЛ СУДАР Одземена му е возачката дозвола и не смее да вади нова

Sase Ivanovski

ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ХАМНЕИ: Ако продолжиш да праќаш ракети во Израел, ќе мора да те убиеме!

Sase Ivanovski

ПОЧНУВА БИТКАТА СО НЕЛЕГАЛНИОТ ИМОТ Владата со нова стратегија за финансиски истраги

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Sase Ivanovski

Ердоган вели дека Израел со Нетанјаху е „најголема закана“ за регионот

Sase Ivanovski

Филипче: Тоа што Мицкоски пробува да воспостави авторитарна диктатура и тоа што на меѓународна сцена беше откриена таа негова намера не е „кодошење“ туку патриотизам

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Христина Пасков која во конкуренција од над 2000 трудници кои учествуваа во нашиот награден натпревар „Дали сте подготвени за породување?“ го донесе на свет своето второ дете

Sase Ivanovski

МВР со детали за инцидентот во Чаир: 14 годишник со нож се пресметувал со 64 и 18 годишник

Sase Ivanovski

Ламбе Арнаудов еден од говорниците на роденденот на ВМРО ДПМНЕ: Силниот порив на патриотизам што го има кај членовите на ВМРО-ДПМНЕ ја одржа Македонија до ден денес

Sase Ivanovski

Мицкоски: Македонија е една од најбрзорастечките економии во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРОСЛАВА НА ВМРО ДПМНЕ ПО ПОВОД 35 ГОДИНИ РОДЕНДЕН НА ПАРТИЈАТА ВО АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ХЕРАКЛЕА ВО БИТОЛА: Oперска пејачка ја пееше химната, Меморија направи рок концерт, Мицковски го цитираше Теодор Рузвелт

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Филипче во Атина е исто што и Заев во Атина и Софија заедно

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското ВМРО

Sase Ivanovski

За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза само кога треба да договара проценти од 7 милијарди евра, велат од СДСМ

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мицкоски: Не смеат функционерите да заборават дека, макадамот по селата и улиците е повистински, поавтентичен и помек од килимот по скапите хотели и канцелариите

Sase Ivanovski

СТОРИЈА НА ФОКУС: Матичните книги скапуваат во руинирани објекти, а процесот на дигитализација е на половина пат, иако досега „изеде“ 8,5 милиони евра!

Sase Ivanovski

Израелски тенк пукал во толпа и убил 59 луѓе, тврдат медицински лица од Газа

Sase Ivanovski

Моторџија од Србија е тешко повреден во Македонија

Sase Ivanovski

АЈДЕЕ, ЧУЈ ЧОВЕКА Таравари: Албанците никогаш не биле во полоша состојба отколку под водство на оваа влада

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ му одговара на честитката на Заев до Ципрас по повод Преспанскиот договор во една реченица: Она со кое паметниот се срами, недоветниот се гордее

Sase Ivanovski

Светската банка ја зголеми линијата на сиромаштија на 3 долари дневно

Sase Ivanovski

Мицкоски: Во првиот квартал реализација на автопатиштата е за 4 пати поголема споредбено со лани

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: Финансирањето на енергетската транзиција бара стратешки пристап и заедничка визија

Sase Ivanovski

Средба на спикерот Гаши со претседателот на Азербејџан, Алиев: Заедничка е заложбата за силно партнерство, особено во делот на енергетиката

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Фискалната стратегија е смерница на фискалната политика и води кон намалување на буџетскиот дефицит и економски развој

Sase Ivanovski

Дубаи најавува 4-дневна работна недела и скратено работно време за летниот период

Sase Ivanovski

Мицкоски: Две милијарди денари за инвестиции во образованието

Sase Ivanovski

Џабир Дерала: Сакаат да ме замолчат. Јас сè уште зборувам

Sase Ivanovski

ЗАВРШИ ПАРЛАМЕНТАРНАТА РАСПРАВА ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Левица и Европскиот фронт нема да ги гласаат

Sase Ivanovski

ПЕКОЛОТ И СУШАТА ЌЕ БИДАТ ВО ЈУЛИ Метеоролозите ги објавија долгорочните прогнози за ова лето

Sase Ivanovski

НАЈМОДЕРНОТО ОРУЖЈЕ СЀ УШТЕ НЕ ДОШЛО НА РЕД Иран најскоро ќе претстави нови иновации на бојното поле

Sase Ivanovski

За Кина Трамп „долева масло на огнот“ меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

УСЕИН БОЛТ СТАНУВА АМБАСАДОР НА ЕХРО 2027 ВО БЕЛГРАД Вучиќ најавува најголем светски настан со учество на 135 земји

Sase Ivanovski

Во Израел 154 лица се хоспитализирани од синоќа

Sase Ivanovski

Трамп: Не сакам да видам прекин на огнот меѓу Иран и Израел, сакам да видам „вистински крај“

Sase Ivanovski

ЕДНО Е ЛИЧНОТО ДОЖИВУВАЊЕ НА РАДЕВ И НА БУГАРИЈА, ДРУГО Е РЕАЛНОСТА Сиљановска-Давкова бара и за Македонија да важат истите правила како за сите

Sase Ivanovski

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа оставивме позитивен пример на Балканот, Европа и светот

Sase Ivanovski

ИРАН НЕ Е МЕСЕЦИ, ТУКУ ГОДИНИ ДАЛЕКУ ОД АТОМСКА БОМБА Американските разузнавачи ги негираат тврдењата на Израел дека Техеран е итна нуклеарна закана

Sase Ivanovski

ПРВО МИР ВО УКРАИНА, ПА ПОСРЕДУВАЈТЕ НА ИСТОК Француски шамар за Кремљ

Sase Ivanovski

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство – ja тепал со тупаници и ја гризел мајка му

Sase Ivanovski

Отворена е првата Национална младинска летна школа за социјална инклузија

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Обезбедени се 50 милиони денари за новите средношколци во дуално образование

Sase Ivanovski

Почина Владимир Лапе – доајен на македонското новинарство

Sase Ivanovski

Ја следел и вознемирувал сосетката, го пријавила во полиција

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ не е суд, како што беше СДС во нивно време, правдата доаѓа од обвинителите кои тие ги поставија

Sase Ivanovski

Поранешниот премиер Франсоа Фијон осуден на 4 години затвор со условна казна

Sase Ivanovski

Презентиран Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2025 година

Sase Ivanovski

Советот на Европа ја објави анализата на Данела Арсовска на насловната страна на најновиот извештај на ГРУПАТА НА ДРЖАВИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА ГРЕКО Трендови, предизвици и добри практики во борбата против корупцијата во Европа и Соединетите Американски Држави

Sase Ivanovski

Пренџов: Обединетото Кралство има најниска каматна стапка и најдобар кредитен рејтинг, договорот е јавен и транспарентен 

Sase Ivanovski

Курти по изјавата на Трамп: Треба да се изврши притисок врз Белград

Sase Ivanovski
Вчитувам....