– Би имале огромна предност пред сите останати. На овој начин повеќе немаме предност. Само се надевам дека нема да изгубиме каква било предност што би можеле да ја имаме во однос на другите во регионот. Исто така знам многу други работи за тоа кој што прави против Србија од различни страни на светот, за што никогаш не зборувам, за да не се караме со никого во светот – рече српскиот претседател.Тој додаде дека околу литиумот се води голема борба бидејќи сите го сакаат.
– Можете да изградите фабрика за батерии, катоди, па тогаш вака да го извезете. Не може да го извезете како суровина. И затоа ќе бидеме под дополнителни удари. Тоа е како кога земаат кафе од Уганда, Уганда добива една осмина од вкупната пара што го дала за целото кафе – додаде Вучиќ.