СТЕФКОВСКИ: ВОНРЕДНИ ВЕЧЕРНИ ПАТРОЛИ НА ДЕПОНИЈАТА ВАРДАРИШТЕ!
Тоа што утрово го најавив од вечерва се реализира на терен!
Тимови составени од униформирана полиција, инспектори од ЕВР при СВР Скопје и инспектори од инспекторатот на општина Гази Баба во периодот од 18:00 до 21:30 часот извршуваа вонредни патроли во и околу дивата депонија Вардариште.
Животот и здравјето на граѓаните немаат цена и ќе направиме се што можеме истите максимално да ги заштитиме.
Толеранција нема да има за никој! За секој оној за кого ќе се обезбедат докази ќе биде поведена соодветна постапка!