Хрватската манекенка Татјана Драговиќ неодамна упати шокантни обвинувања на сметка на нејзиниот поранешен сопруг, тенисерот Горан Иванишевиќ. Таа во интервју за „Национал“ тврди дека била жртва на семејно насилство, наведувајќи конкретни ситуации во кои, според неа, била изложена на физичко и психичко насилство. Според нејзините тврдења, поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ ја фатил за врат и ја задушил, а потоа плачел и тврдел дека не мислел така. Таа посочи дека хајката против неа трае со години, а како причина го наведе нивниот бурен развод и долгогодишниот спор околу поделбата на имотот.
– Се плашев – рекла Драговиќ опишувајќи ја тешката ситуација во која се нашла.