Нема официјална информација околу тоа која била маката која го натерала пензионерот да бара помош од полицијата и притоа лажно да се претставува како градоначалникот, но против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Неофицијално пак, од наши извори, дознаваме дека се работело за пријава за наводна кражба.Од СВР Велес за „Фокус“ го потврдија случајот.
-На 15.07.2024 во 16.20 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со М.М.(80) од Кавадарци затоа што се јавил во полиција, лажно се претставил како градоначалник на една општина и пријавил настан. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од таму.