ПРОБИШТИП: Денес се асфалтира патот од Пишица до браната, реконструкцијата на овој пат е во рамки на проектот Изградба на рекреативен комплекс Пишица
Денес се асфалтира патот од Пишица до браната, реконструкцијата на овој пат е во рамки на проектот Изградба на рекреативен комплекс Пишица, кој општината го реализира преку Источен плански регион, односно Биро за регионален развој.
По завршувањето со асфалтирање следуваат другите фази, односно изградба на летниковци, уредување на паркинг простор, осветлување и урбана опрема.
Со реализација на овој проект ги подобруваме условите за спорт и рекреација на брана Пишица.
Вредноста на овој проект е 9 милиони денари со делумно кофинансирање од страна на општината.
Општина Пробиштип продолжува да работи за подобри услови за сите граѓани.