Повеќе од половина од британските семејства стравуваат дека нема да можат да си дозволат одмор ова лето, според истражувањето објавено во британските медиуми. Во времето кога училиштата се затворени, 51 отсто од родителите велат дека летувањето го надминува домашниот буџет, а 52 отсто дека не можат доволно да си дозволат краток одмор или некоја летна активност за децата, покажуваат резултатите од истражувањето на невладината организација Action for Children found.
Секој дванаесетти родител или осум проценти од нив или 700.000 семејства изјавиле дека никогаш не биле на семеен одмор. И покрај пад на инфлацијата и знаците за економски раст, третина од семејствата (32 отсто) веруваат дека ќе бидат во финансиски полоша состојба ова лето во споредба со минатата година.