Разбојнички кражби, тепачки, напади, нарушување на јавниот ред и мир…низа инциденти низ Скопје во изминатите денови.
Полицијата расчистува повеќе вакви случаи, а еве што е нотирано во вчерашниот полициски билтен:
– На 25.07.2024 во 20.00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(24) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 17.00 часот во трговски центар во Скопје со закана со остар и со тврд предмет се обиделе од петмина малолетници да одземат пари. Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ по чл. 237 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик.
– На 26.07.2024 во 02.30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 25.07.2024 околу 20.50 часот пред влез од зграда на подрачјето на Центар, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Д.Н.(57), кој ја оштетил и влезната врата од зградата.
– На 25.07.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.Д.(54) и А.Д.(35), од една страна, и В.Д.(33), М.Д.(56), М.Д.(35) и М.Д.(56), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
– СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.04.2024 во Градскиот трговски центар во Скопје, пријавените физички ги нападнале Л.Т. и С.А. од Скопје и им нанеле повреди.
– На 25.07.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје, Е.Г.(41) од Скопје пријавила дека околу 13.15 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот сосед К.С..
– На 25.07.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, Д.Ѓ.(19) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од В.Н., кој му се заканувал и со остар предмет.
– На 25.07.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје, А.Д.(35) од с.Батинци, скопско, пријавил дека околу 15.20 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Ф.К., кој употребил и тврд предмет.
– На 25.07.2024 во 18.05 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена пријавила дека на 21.07.2024 околу 02.00 часот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Б.И.(22) од скопско.
– На 25.07.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје, А.Б.А.(76) од Скопје пријавил дека на 22.07.2024 околу 19.30 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговиот сосед Б.Д..
– На 25.07.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје, Б.Б.(49) од Скопје пријавил дека околу 17.10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба, двајца малолетници физички го нападнале неговиот малолетен син и му одзеле пари.