Вкупните приходи во Ребалансот на буџетот се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари, а расходите на ниво од 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.
За пратениците од парламентарното мнозинство, ребалансот е за спас на државата, затоа што средствата во Буџетот биле планирани само за првите 6 месеци од годината и фалат пари за обврски што треба да се исплатат од страна на државата. Опозицијата, пак, обвинува дека ребалансот е скроен за да ги задоволи коалициските договарања и не се работи за никакво штедење, но не објаснува како било можно 7 од 10 денари народни пари предвидени за целата година да се потрошат до јуни.
Забелешките на ребалансот на буџетот од Судскиот буџетски совет, од државното Јавно обвинителство, но и од Сојузот на синдикати кој уште пред изборите побара зголемување на минималната плата на 450 евра и кој вчера се побуни зошто работодавачите да добијат половина милијарда евра поддршка од државата, веќе сега врши нов притисок за зголемување на буџетскиот дефицит. При усвојувањето на Ребалансот на буџетот од страна на Владата беа усвоени и неколку заклучоци на предлог на Министерството за финансии.
Меѓу нив дека при склучување на колективните договори, буџетските корисници треба да ги имаат предвид одобрените буџетски средства и да не преземаат обврски за кои немаат обезбедено средства во буџетот за тековната година, а јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост ќе треба да побараат мислење од Министерството за финансии. На ова реагираа од синдикат на УПОЗ од каде прашаа дали е на повидок суспендирање на колективните договори. Вкупните приходи во Ребалансот на буџетот се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари, а расходите на ниво од 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти. Општата расправа за Ребалансот на буџетот трае најмногу 3 дена, а амандманската расправа, за која се поднесени 58 амадмани, 6 дена.