Во согласност со нашата непоколеблива посветеност за поттикнување на развојот и напредокот на националната свест на Албанците вообласта на науката, уметноста и интелектуализмот, коалицијата Влен со задоволство го објавува започнувањето на процесот за институционализирање на Академијата на Албанците за Наука и Уметност во Северна Македонија.
Овој амбициозен проект ќе започне во градот на универзитети, во Тетово, но ќе биде официјално формиран во Скопје, поставувајќи темел за институција која ќе биде целосно посветена на науката и уметноста. Академијата на Албанците за Наука и Уметност ќе служи како важен центар за развој на научни истражувања, унапредување на уметноста и зачувување на албанското културно наследство.
Академиците се богатство на државата.