МАКТЕЛ

     

100 дена Влада: Мицкоски нема да им ги полира чевлите на политичарите од ЕУ, опозицијата обвинува дека ја закопал европската иднина

      

                    Ако мислите дека треба да ги полираме чевлите на некој од политичарите и земјите членки на ЕУ, и дека тоа е начинот и правиот пат, простете, но јас не сум соговорник, рече Мицкоски  -Во одговор на новинарско прашање на настанот по повод 100 дена Влада, премиерот Христијан Мицкоски рече дека владејачката коалиција нема намера да им ги полира чевлите на политичарите и земјите членки на ЕУ што ја одразува насоката кон која ќе се движи државата во иднина барем што се однесува до евроинтеграциите.

Сепак, Мицкоски посочи оти земјата останува цврсто на патот кон ЕУ алудирајќи дека е можен нов договор, односно промена на преговарачката рамка со Унијата и неисполнување на единствениот услов за почеток на преговорите – Собранието да изгласа додавање на Бугарите во преамбулата на Уставот. Во однос на одвојувањето од Албанија во евроинтегративните процеси, Мицкоски рече дека оваа влада нема да направи ништо спротивно на интересите на граѓаните, на националните интереси и стратешки правци на граѓаните.

   

„Вашиот интерес е наша заповед, а ние ќе функционираме како ваши слуги и немаме никогаш намера да отстапиме од идејата, да отстапиме од борбата затоа што се додека ја имаме вашата поддршка и вие сте нашата инспирација ние ќе бидеме од ден на ден подобри“, рече тој, и додаде дека како влада нема да отстапи од реализирање на втората стратешка цел, а тоа е полноправно членство во Европската Унија.

„И ако треба ќе разговараме со било кого и ако треба ќе разговараме колку и да е потребно за да дојдеме до договор и компромис којшто е достоен, којшто нема да ги повторно повреди чувствата на македонскиот народ, но и на останатите народи коишто живеат заедно со македонскиот народ. Бидете сигурни дека и двете овие стратешки цели можат да се реализираат, едната со другата не се во конфликт и двете можат заедно паралелно да се реализираат“, изјави Мицкоски. „Ако мислите дека треба да ги полираме чевлите на некој од политичарите и земјите членки на ЕУ, и дека тоа е начинот и правиот пат, простете, но јас не сум соговорник“, додаде тој.

Мицкоски се пофали со остварените ветувања во првите 100 дена

Фото: Влада на РСМ

Првите 100 дена не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни: каде сме и каде треба да одиме и што е потребно да направиме за да стигнеме таму, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по повод 100 дена од формирањето на Владата. „Нашата примарна задача и фокус беше да ги стабилизираме финансиските текови, да ги затвориме буџетските дупки и да се справиме со дефицитите и хаосот оставени од претходната влада.

Работиме на враќање на долговите, затворање на задолженоста на институциите и јавните претпријатија и имплементација на конкретни мерки во даночната и социјалната политика“, рече Мицкоски. Како клучни постигнувања во првите 100 дена Мицкоски ги издвои повисоките пензии преку линеарно покачување на пензиите на над 330.000 пензионери, 15 милијарди денари за капитални инвестиции за општините, поевтини лекови преку проширување на позитивната листа со 9 генерици или вкупно 87 лекови, одлука за вработување на 600 лекари, односно нови

специјализанти, коишто ќе им биде понудена работа и веќе им се нуди работа во јавните установи ширум државата, 4 странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра, коишто ќе значат нови 1.600 вработувања, исплатен долг од 2 милијарди денари од Фондот за здравство, бесплатни учебници за сите навреме, поевтинувањето на катастарските услуги, 20 милиони евра за реконструкција на студентските домови, 200.000 нови патници во Македонија со новата финансиска поддршка за нови авио дестинации итн.

Во однос на борбата против корупцијата, иако не е во негов домен, Мицкоски рече дека „имаат неколку случаи коишто пресумпција на невиност и поради тајност на постапката во овој момент нема да ги коментира“. „Исто така сакам да кажам дека не можеме да зборуваме за брзина на именување или разрешување на кадри според очекувањата или според неочекувањата затоа што многу пати во јавноста во минатото имаше критика дека пак многу брзо се партизирале институциите, многу бргу се именувале партиски кадри, се менувале професионалци и така натаму.

И апсолутно се сложувам со тоа, затоа што не секогаш можеби треба да реагирате многу бргу за да покажете еве некаква силина или пак кои сте вие во суштина и дека се што било претходно не чинело, сега од вас светот започнува и работите треба да се менуваат од самиот почеток. Покажавме како Влада дека се што било добро од претходната влада за коешто сме оцениле дека е добро иако морам да кажа дека има многу малку такви работи, ние сме го продолжиле“, рече Мицкоски.

СДСМ: Владата да претстави план како ќе ја води државата напред

Фото: СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја закопа европската иднина на државата и ја остави државата на дното на Балканот. Мицкоски одлучи еднострано да ги прекине преговорите со Унијата како државата да е негова своина. Тој нема ниту мандат, ниту право тоа да го прави“, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција во Скопје, осврнувајќи се на работата на Владата во нејзините први 100 дена.

Тој побара јасен план од Владата за патот по којшто ќе се движи земјата во наредниот период, по одлуката на ЕУ да ги забрза преговорите само со Албанија. „Добивме Влада од која досега слушаме само изговори и обвинувања на претходниците за секоја своја неспособност. Влада која врши брутална партизација со некомпетентни кадри и секојдневни скандали на министрите. Одговорност за политичарите нема, а вистината е заменета со постојана пропаганда“, вели Филипче.

Тој наведе дека Христијан Мицкоски ветувал професионална администрација, мерит систем, повисоки плати, силна борба со криминал и корупција. „Ветуваше одговорност на политичарите и мудра надворешна политика која ќе на направи повторно горди. Досега не исполнија ништо од овие ветувања, а неисполнувањето на големите ветувања носи и големи разочувања“, вели првиот човек на СДСМ. Филипче побара од владината коалиција да го презентира планот по кој ветуваа дека ќе ја движат државата напред, наместо да се служи со демагогија и со дефокус на јавноста.

„Ниту Мицкоски, ниту целата владина коалиција ЗНАМ и ВЛЕН не кажуваат како оваа земја ќе продолжи напред, ниту со каква временска динамика. Дали постои друга алтернатива, дали има нешто ново или ќе останеме целосно изолирани како слепо црево на Балканот“, рече Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Според Филипче, францускиот предлог претставува комплексен сплет на документи, во кој влегуваат и преговарачката рамка и Договорот за добрососедство и според кој за прв пат во историјата на односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија прашањата помеѓу двете земји се издигнати на ниво на Европската Унија. „Сметаме дека тоа што јасно ќе биде детерминирано бугарското малцинство во Уставот е сериозна придобивка бидејќи за прв пат после повеќе децении паѓа во вода еден дел од бугарската политика дека ние сме еден народ во две држави што значи дека од национални прашања на ниво на идентитет, тие прашања се сведени на ниво на малцинство“, потенцира Филипче.

Филипче презентираше информации што Социјалдемократскиот сојуз ги има добиено од Брисел, а кои говорат дека за време на состанокот помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел јасно било потенцирано дека не постои можност уставните измени да имаат одложено дејство, ниту пак дека постои можност за промена на преговарачката рамка.„ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со една голема лага – дека ќе ги подобри преговарачките позиции на Северна Македонија со Европската Унија.

Но, само во првите 100 дена од владеењето на Мицкоски не само што не гледаме никаков напредок на тој план, напротив гледаме влошување на нашата позиција.Прво со Грција, а понатаму и со Бугарија за да дојдеме до ситуација во која е усвоена нова резолуција во бугарскиот парламент“, изјави Филипче.

Сепак, во отсуство на реална надворешна политика и волја за решавање на вистинските проблеми на граѓаните, власта ја дефокусира јавноста преку наводни закани за дестабилизација на државата додека возот за ЕУ ни бега – одвоени од Албанија и оставени во групата со Босна и Херцеговина и Молдавија, заклучи Филипче.

Пишува: Мери Јордановска, МЕТА.МК

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....