




Направивме еден рекапитулар на сето она коешто во минатото го говоревме, добивме идеи, предлози коишто до сега биле дисфункционални, дел од тие и веќе ги имплементираме, пред повеќе од една недела започнавме со проект на нудење услуги на граѓаните со коишто нема да има понижувања, шалтерски чекања итн. Моја голема благодарност до претседателката на МАСИТ Комората и на членките и на луѓето кои се дел од МАСИТ Комората. Продолжуваме понатаму заедно да се движиме напред, да ја развиваме татковината и да инвестираме во ИТ секторот бидејќи е важен за развој на економијата и државата.