Клучната вредност на мојата работа е нејзиниот капацитет да служи како катализатор за дијалог за новите технологии, рече роботот Аи-Да кој користи вештачка интелигенција за да зборува.
Портретот од 2,2 метри (7,5 стапки), наречен „AI God“, е создаден од Аи-Да, првиот светски ултра-реалистичен робот уметник. Ова ги скрши очекувања дека сликата ќе се продаде за цена помеѓу 120.000 и 180.000 долари, пишува Си-Ен-Ен.
– Клучната вредност на мојата работа е нејзиниот капацитет да служи како катализатор за дијалог за новите технологии – рече роботот Аи-Да кој користи вештачка интелигенција за да зборува. Аи-Да додаде дека „портретот на пионерот Алан Туринг ги поканува гледачите да размислуваат за природата на вештачката интелигенција и на компјутерите додека ги земаат предвид етичките и општествените импликации од овие достигнувања“.