Деканката на Факултетот за правни и политички науки проф. д-р Сејдефа Џафче и проф. д-р Татјана Ашталкоска Балоска реализираа работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски. На средбата се потенцира заложбата на двете институции за продолжување и продлабочување на традиционалната соработка. Фокус на средбата беше ставен на интензивирање на соработката во делот на вклучување на повеќе практични аспекти при реализација на студиските програми на Факултетот за правни и политички науки, со акцент на правните студии. Имено Факултетот за правни и политички науки, подолг временски период фокусот на реализација на студиските програми ги постави на реализација на практичнни аспекти на студиските програми во јавни институции релевантни за соодветните предмети. За таа цел, за успешна реализација на предметите уставно право и правосуден систем и судско право, соработаката со Уставниот суд, во оваа академска 2024/25 година ќе биде во четирите клучни сегменти:
– Запознавање на студентите со организацијата, делокругот на работа и надлежностите на Уставниот суд;
– Запознавање со спецификите на инцијативата за поведување постапка за оценување уставноста на закон и уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт Контрола на уставноста и законитоста;
– Специфики на барањето за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот;
– Присуство на јавните седници на Уставниот суд.
На задоволство на двете институции, соработка ќе вклучува и академски компоненти со цел унапредување на својата мисија, визија и цели, заеднички да дејствуваат и соработуваат во интерес на спроведување на истражувачка и аналитичка работа, надоградба и пренос, можности за реализација на стекнување на практични знаења на студентите како и взаемен експертски придонес.