27.8 C
Скопје
01/06/2025 12:37
МАКТЕЛ

     

„Оптимизмот е опиум за народ. Да живее Троцки!“

      

Некои изјави за оптимизмот во меѓувреме беа поклопени од настаните. Владата на Шолц падна по средбата на канцеларот со Мицкоски. Макрон е во центарот на политичкиот хаос во Франција. На што побрзо да мисли тој.

   

Какви се реално можностите да се излезе од ќор-сокакот во преговорите со ЕУ?Какви се реално можностите да се излезе од ќор-сокакот во преговорите со ЕУ?

До кој градиус може да се помести оптимизмот на премиерот Христијан Мицкоски околу можностите да се излезе од ќор-сокакот во преговорите со ЕУ. Нема да споменуваме степени, може да зборуваме за разумен оптимизам, за оптимизам поткрепен на факти, или за оптимизам кој се потхранува од желби и надежи. Засега јавноста не знае колкав е тој оптимизам и дали е вистински. И дали тој се споменува само да го држи општеството (попрецизно кажано, оној негов дел што гласаше за ВМРО-ДПМНЕ и веројатно за албанската опозиција) во оптимистичка кондиција, да не изгледа дека сето она што беше зборувано во месеците, а и една година пред изборите, дека било залудно. Или политичка манупулација која играше на сентиментот на разочарувањето, кога и самата надеж за ЕУ стана здодевна.

Неколку генерации кај нас го голтаа во еден здив романот на чешкиот писател Милан Кундера – „Шега“, објавен во 1967, една година пред Прашката пролет и во екот на неверојатниот подем на црниот бран на чехословачкиот филм. Шегата од романот, чие дејство се случува во 1950-те и последиците од неа беа симбол на она што се случуваше во комунистичките земји во тоа време и репресивноста врз мислењето. Главниот јунак Лудвик ѝ испраќа на својата девојка една разиграна разгледница на која пишува:

„Оптимизмот е опиум за народ. Здравиот дух мириса на глупост. Да живее Троцки!“

Разгледницата завршува во партискиот комитет, Лудвик е исклучен од партијата, исфрлен е од факултетот и испратен во казнен баталјон.

Се разбира, овде никој нема да биде испратен во некаков казнен баталјон (такви и нема) ако се шират шеги за оптимизмот и Троцки. Всушност, оној што кажува вести за оптимизмот е самиот премиер. Дали се тоа шеги ние не знаеме, а не сме сигурни и дали тој знае. Или искрено верува дека оптимизмот, по разговорите со многу западни политичари, е навистина е заснован на предвидлива иднина.

Но некои од изјавите кои го имаа патосот на оптимизмот во меѓувреме беа поклопени од настаните. На самитот на Берлинскиот процес Христијан Мицкоски имаше средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, којашто премиерот ја оцени како „многу продуктивна“ и на која разговарале за економијата, политичките случувања, „за потребата да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ каде за влез предолго чекаме, за потребата за внесување на енергија и динамизирање на процесите“. Кусо време потоа владата на Шолц се распадна и Германците ќе одат на предвремени избори во февруари.

 

Макрон е новата љубов

Тоа беше оптимистичкиот врв на овој самит. На самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта тој врв на оптимизмот се помести малку погоре. Мицкоски имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон. За вмровскиот и владиниот врв архитектот на првото вето за Македонија од есента 2019, Емануел Макрон, наеднаш почна да се претвора во спасител и тоа откако се фрлаа клетви врз францускиот предлог, а сега велат дека преговарачката рамка не може да се промени. Макрон го стави првото и клучно вето за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, образложувајќи го и со приказната дека ако нашата држава се одвои од Албанија тоа ќе предизвика вознемирувачки бранови низ албанската заедница поделена во четири држави во регионот. Па затоа е најдобро двете земји да бидат заедно во чекалната, да се подготви нов план за преговори за сите кандидати. Во октомври Македонија остана во чекалната, Албанија влезе во друга соба. Франција, оцрнета како ѓавол поради тоа што го овозможила „бугарскиот диктат“, се најде на дното на листите во анкетите за тоа кои држави македонските граѓани ги сметаат за најпријателски.

Но омразата, како и љубовта, не се непроменливи величини. Сега нашите власти го засакаа Емануел Макрон, дури и доделувајќи му атрибути кои тој ги загуби во Европа. Позицијата на Макрон е драматично поткопана во Франција. Особено по понижувачкото соборување на владата на Мишел Барние и сѐ погласните и пошироките барања во Франција Mакрон да поднесе оставка, а не да го истера мандатот до 2027.

Тоа исчезнување на моќта дома се трансферира и во централата на ЕУ во Брисел. Сега, кога влијанието на Макрон во ЕУ е ослабнато ние (властите) решивме да го засакаме, дури и со поголема љубов од пред две години кога се кроеше францускиот предлог. Владата го гледа во Макрон спасот од ќор-сокакот со уставните измени. Сега Франција е најсилната земја во ЕУ (Александар Николоски), сега Макрон е лидер во ЕУ со најголем легитимитет (Николоски).

Во таа голема љубов Александар Николоски изјави дека според него најзначајната средба што ја имал Мицкоски откако е премиер била средбата со Макрон. Николоски уште оцени: „Ако успееме да сработиме добро со Франција и со уште неколку други земји од Западна Европа, мислам дека нашите аргументи може лесно да бидат примени“. И омразениот француски предлог во името на новата француска љубов да добие поинакво толкување.

Може и да го пресконеме и официјалното соопштение на Елисејската палата за средбата на Макрон со Мицкоски во кое се вели: „Претседателот на Републиката ја потврди поддршката на Франција за европската траекторија на Северна Македонија. Тој посочи дека Франција ќе ги поддржи сите напори на Северна Македонија во оваа насока, во согласност со нејзините меѓународни обврски“. Што значи дека Париз не се откажува од францускиот предлог.

Неофицијално, Париз навистина не седи со скрстени раце и сака да помогне да се одблокира сегашниот застој во нашите преговори, но решението не се бара во одлагање на уставните измени. Во Париз сметаат дека нема потреба да се чека политичка влада во Софија, бидејќи сите партии во Бугарија имаат ист став за спорот со Македонија, а освен тоа и техничката влада има надлежност да носи одлуки во земјата. Во кој правец ќе се бара решението не е јасно искристализирано, но треба да биде нешто помеѓу ова што е сега на маса, со уставните измени како незаобиколен услов за продолжување на преговорите.

 

Меката игра со бугарските политичари

Ќе видиме што ќе се изроди од оваа нова француска љубов на новите македонски власти спрема Емануел Макрон. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го искористи францускиот хаос оваа недела да го потпише договорот Меркосур, огромен трговски договор меѓу ЕУ и неколку земји од Латинска Америка на кој Франција жестоко се противи. Овој договор се преговараше 25 години.

Лајен слета во Монтевидео, Уругвај, каде во петокот на самитот на Меркосур го потпиша договорот. Бидејќи тој оди против интересите на Франција, тоа веројатно ќе го разгори анти-ЕУ расположението во земјата во критичен момент кога таа е во политички и економски хаосПодолго време овој проект предизвикува голема загриженост кај француските земјоделци, на кои не им се допаѓа заканата што масовниот прилив на јужноамерикански прехранбени производи би можел да го предизвика на францускиот пазар. Договорот вклучува намалување на увозните царини за 45.000 тони мед, 60.000 тони ориз и дури 180.000 тони шеќер.

Со потпишувањето на овој договор ќе биде драматично проширен француско-германски јаз, па дури и да биде опфатен со силен пламен, и се заканува да ги разниша темелите на кои е изградена Европската унија.

Ако за Французите тоа е многу лош чекор за Германците (а Фон дер Лајен е Германка) тоа е одлична вест. Во времето кога Германија доживува голем индустрискиот пад, договорот на Меркосур е одлична можност да се најдат нови пазари за раст за болните германски шампиони во производството, особено од автомобилизмот.

Во потрагата по француска прегратка македонските власти почнаа да играат меко со бугарските политичари, целосно спротивно на оние тешки и навредливи зборови што ги кажа за нив Николоски. Прво, камерите ги фатија зборовите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на почетокот на средбата со бугарскиот претседател Румен Радев на климатскиот самит во Баку:

„И јас се радувам претседателе и жал ми е што не нѐ чуја што зборувавме во Софија. Тогаш поинаку ќе резонираа. Во Бугарија, чинам, сѐ е менливо освен вие. Вие сте најстабилниот елемент во државата и мислам дека сте вистински избор“.

Да, Радев беше вистинскиот избор кој го инструментализираше бугарскиот дел од Историската комисија, кој им ги постави целите на нејзините членови и кој ги конципираше оние озлогласени декларации на владата и Собранието во Софија во 2019. Да, тој, е вистинскиот избор, но за интересите на Бугарија во однос на Македонија.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на седницата на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, направи обид за „мекоќа“ во настапот, велејќи дека како мало дето за време на годишниот одмор во познатото бугарско летувалиште Сончев Брег на Црното Море за прв пат ја открил љубота кон морето и сонцето. А години подоцна неговиот син ги направил првите чекори на скии во Боровец. Тој се обиде да покаже колку луѓето од двете страни на границата се блиски, во времето кога политичките односи меѓу двете држави се многу заострени по неколкуте вета на Софија.

Па порачувајќи дека Бугарија ја кочи европската интеграција на Македонија, тој ја покани Софија „да ни се придружи во овој напор за заедно да ги надминеме овие предизвици и да изградиме односи што ќе го одразуваат вистинскиот дух на европското партнерство“.

 

„Ништо повеќе“ е порака за Софија

Дали ќе ја прифати оваа покана Софија, не знаеме. Дали овие изливи на мек пристап на Сиљановска и Муцунски се дел од првата фаза од робусната дипломатска акција што ја спомена премиерот Мицкоски, исто така не знаеме. Во таа фаза, рече премиерот, тие ја претставувале „наша теза“, а очекувале антитеза. „До сега не сме добиле антитеза, што значи дека првата фаза од планот веќе ја реализиравме, а тоа е дека бараме решенија“, рече Мицкоски. Во втората фаза ќе ја изнесат на површина „вистинската“ вистина. Во третата фаза ќе се решавале проблемите дома. Порано се велеше дека реашавањето на проблемите дома ќе биле првата фаза.

Додека владата ќе продолжи да се бори веројатно прочитаа што кажа поранешниот американски амбасадор во Скопје и висок функционер на Стејт департментот, Филип Рикер за време на неодамнешниот престој во Белград. Тој рече дека Америка досега потрошила многу време на Балканот и дека сега има многу други предизвици.

“Не забележав дека за време на претседателската кампања во САД во целата таа политичка дискусија се споменуваше Србија, Косово или целиот регион. Можно е да има луѓе кои се фокусирани на тие прашања, но навистина не мислам дека тоа е актуелно прашање за Америка и тешко ми е да замислам дека тоа би можело да стане висок приоритет, со сите турбулентни настани во светот. Потрошивме многу време фокусирајќи се на Балканот, особено во 1990-тите и раните 2000-ти, кога работев во регионот. Сега, има и други предизвици“.

Овие зборови се многу отрезнувачки. Кој сака да ги разбере, ќе ги разбере. Кој не сака, а сака да верува во некакви политички чуда и дека оптимизмот во борбата на крајот сигурно ќе победи, лошо ги анализира работите или не ги анализира.

Затоа, наместо да се бараат „навреди“ во дикцијата на новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која оваа недела во Стразбур зборувајќи со новинарите порача дека не може да ѝ даде гаранции на Македонија од типот на тие што ги бара македонската влада.

„Очекувам Северна Македонија да го смени Уставот, ништо повеќе и ништо помалку. Очекувам дека е можно да се постигне тоа“, рече Кос.

Поентата не беше во дикцијата, туку во она што суштински го кажа Кос: „Ништо повеќе и ништо помалку“. „Ништо повеќе“ беше очигледна порака до Софија дека тука завршуваат нејзините барања. И за тие два збора сигурно имала одобрување од повисоките ешалони на Европската комисија.

Ако тоа не го разбираме, сета таа борба за нашите ставови и оптимизмот дека ќе се дознае „вистинската вистина“ може да се сведе од средната реченица од пораката на разгледницата во „Шега“ на Кундера: „Здравиот дух мириса на глупост“.(dw)

Љупчо Поповски

   

Најново

Од Бигорски манастир со молба до верниците да бидат достоинствени и смирени

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се жали не го слушале советниците, или стигна потврда дека Филипче не е претседател ниту на советниците на Заев

Sase Ivanovski

Трипуновски: Треба да се набави домашна храна во државните стокови резерви

Sase Ivanovski

Нареднава недела топло време со температури до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Во тие 5% за одбрана што ги бара САД ќе влезат и коридорите 10 и 8 кои ќе ги користи НАТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Сигурен сум дека од Таравари е разочаран и самиот Таравари

Sase Ivanovski

Вардар и Пелистер денеска во Охрид играат за трофејот во Купот на Македонија

Sase Ivanovski

Инсулинот што се увезува е квалитетен но не е од најнова терапија оти по ништо не сме на врвот на светските ранг листи и се купува поефтино

Sase Ivanovski

Во израелски напад врз пункт за испорака на хуманитарна помош во Рафа загинаа 30 лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОБВИНИТЕЛИТЕ КОИ ЈА ВОДЕА ИСТРАГАТА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ СЕ ИЗБРАНИ ОД СДСМ И ДУИ, КАКО СЕГА НЕ ИМ ЧИНАТ?!

Sase Ivanovski

Фицо: Без право на вето на секоја членка нема да има Европска Унија

Sase Ivanovski

Во деловите каде прокиснува во Кочанската болница не се третираaт повредените од пожарот,толкувајте посмирено вели Клековски за РСЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Живковизмот е се уште жив во Бугарија, каде изчезнаа 200 000 Македонци кои ги имаше на пописот па ги снема?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Жалам што Арсовска добива закани по живот, ја охрабрувам да пријави во МВР

Sase Ivanovski

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци

Sase Ivanovski

ЈП „Водовод и канализација“: Преголема потрошувачка на вода во Чаир, мрежата пребрзо се празни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Нечовечки и нехумано е тоа што се злоупотребува трагедијата во Кочани за политички цели

Sase Ivanovski

Старото игралиште во Ново Лисиче ќе стане мултифункционално

Sase Ivanovski

Макрон им честиташе на играчите по успехот во ЛШ, 68 навивачи уапсени за време на прославите во Париз

Sase Ivanovski

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолго задржување

Sase Ivanovski

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште

Sase Ivanovski

АРСОВСКА ГО ОБВИНУВА И ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО „Ганиу уништува докази, а ЈО ќе рече не нашле ништо“

Sase Ivanovski

Неколку села во скопско ќе останат без струја

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РЕНОВИРАНА ИНФЕНКТИВНАТА КЛИНИКА ПРИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР МАЈКА ТЕРЕЗА

Sase Ivanovski

„ОБВИНИТЕЛСТВОТО МЕ МАЛТРЕТИРА И МЕ СТАВА ВО ДОПОЛНИТЕЛНА ОПАСНОСТ“ Арсовска ќе однесе докази, оти не се плашела од Ганиу и од Меџити

Sase Ivanovski

192 ПОВРЕДЕНИ И ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ХАОТИЧНОТО СЛАВЈЕ ВО ПАРИЗ Навивачите на ПСЖ приредија дивјачки неред

Sase Ivanovski

И партијата на Георгиевски се вмеша во именувањето на нов митрополит: Ѓоко нема ден монашки живот

Sase Ivanovski

Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции

Sase Ivanovski

ВИДЕО | ПСЖ го декласираше Интер за прва титула во Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Видео: Седум загинати и 30 повредени во железничка несреќа во Русија поради уривање на мост

Sase Ivanovski

Иса Селими и Александар Петровски балкански шампиони во карате

Sase Ivanovski

Илон Маск толку многу се дрогирал како советник на Трамп што добил проблеми со мочниот меур, објави Њујорк Тајмс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сашко Митовски: Време е за нов чекор напред, покажавме дека можеме многу!

Sase Ivanovski

Митовски ќе оди во трка за нов мандат за градоначалник на Крива Паланка

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја урниса секоја област во општеството, да си ја земеме државата назад

Sase Ivanovski

СИ ЏИНПИНГ СИ ПОСТАВИЛ РОК ЗА MOЖЕН НАПАД НА ТАЈВАН? Американски министер предупреди дека времето истекува

Sase Ivanovski

Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци!

Sase Ivanovski

РЕШЕНИЕ ЗА ЗАОСТАНАТИТЕ ПЛАТИ ВО ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ Институцијата ќе биде под министерството за правда

Sase Ivanovski

Еднократна финансиска помош за пензионерите од Гази Баба со пониски пензии

Sase Ivanovski

Тошковски за ,,Фокус”: Можно е да има проширување на истрагата за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Македонската репрезентација во џиу џица со седум медали на меѓународниот турнир во Јахорина

Sase Ivanovski

ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо

Sase Ivanovski

Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител: Замолуваме да не биде изгубено од вид она што е над сè: единството на нашата Света МПЦ-ОА

Sase Ivanovski

Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети

Sase Ivanovski

Филипче: Ако Мицкоски продолжи вака, нема ни Господ нема да му помогне

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Мајка-мечка со две мечиња на патот Маврово-Дебар

Sase Ivanovski

Кратовчанец ја натепал сопругата, ѝ се заканувал и со нож

Sase Ivanovski

Насилник ги нападнал поранешната девојка и нејзин колега во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

Филипче од Крива Паланка: Митовски доби поддршка за уште еден градоначалнички мандат

Sase Ivanovski

Општина Аеродром ги забрани асфалтните и бетонските бази на нејзина територија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Акцијата за апсење на убијците од Беланоца и Барон е голем успех на институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска поднесе пријавa во ОЈО: Постапете пред да ги уништат доказите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) За руинираниот двор и плато пред објектот на македонската Влада – Александар Видиновски и пратеникот Бојан Стојаноски

Sase Ivanovski

СЗО побара забрана за ароматизираните тутунски производи

Sase Ivanovski

Германија блокирана: Грешка во апликацијата „Гугл Мапс“ предизвика тотален хаос на автопатите

Sase Ivanovski

Томас Вајц за БТВ: „Не гледам проблем за македонскиот идентитет и јазик“

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Sase Ivanovski

Жена на 33 години загина, а шест други лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Sase Ivanovski

Русија ја опомена сојузничката Србија за снабдување на Украина со оружје

Sase Ivanovski

Во куќа во Гевгелија пронајден починат 38-годишен маж

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Родителите на загинатите со порака до полицијата: ” Бараме правда за секое дете што загина, тоа беше масовно убиство, не ги штитете убијците!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Дали МВР постапува по наводите за дивоградбите во Чаир и за вчерашното дивеење на Ганиу?

Sase Ivanovski

ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ ПО 30.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ОБУЧЕНО ЛИЦЕ Грант за самовработување ќе добијат 1.703 невработени лица

Sase Ivanovski

Пет можни сценарија за крајот на војната Русија-Украина според американската банка ЏП Морган Чејс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Британската агенција која ќе го кредитира договорот за заем има сериозни корупциски скандали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА: СДСМ ги признава грешките и учи од нив, ВМРО ДПМНЕ и нејзините сателити ќе направат се да го саботираат влезот во ЕУ за да може на раат да крадат!

Sase Ivanovski

Опасен е патот кон Теферич – Сопиште повикува да се користат алтернативните

Sase Ivanovski

Шукова: Началник на СВР Штип е заштитен од Коцевски и Мицкоски во истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

ПРЕТЕПАН СРЕДНОШКОЛЕЦ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО Го нападнала група малолетници во школски двор

Sase Ivanovski

Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ ги постави темелите на државата и ќе си ја вратиме државата назад!

Sase Ivanovski

Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово поради поврзување на главниот магистрален водовод

Sase Ivanovski

Маск бил издрогиран поголемиот дел од времето додека работел со Трамп

Sase Ivanovski

Видео: Мене ќе ме утепаат- Арсовска за заканите. Ова ли е држава?

Sase Ivanovski

Гостиварец ја нападнал и силувал вонбрачната сопруга

Sase Ivanovski

Сервисиран и вратен еден „ер трактор“ за гасење пожари

Sase Ivanovski

Хаос кај Бит Пазар: Насилно им влегле дома и тепале цело семејство

Sase Ivanovski

Филипче: Зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши!

Sase Ivanovski

Пијан насилник од скопско ги тепал и давел партнерката и нејзината мајка

Sase Ivanovski

Приврзаниците на Партениј протестираа пред резиденцијата на архиепископот во Скопје

Sase Ivanovski
Вчитувам....