5.8 C
Скопје
30/01/2025 23:43
МАКТЕЛ

   

(АРХИВА) „4iG“ побара радиофреквенции од АЕК: Кога ќе почне омилената компанија на Орбан да ги урива цените на мобилните услуги?

     

Агенцијата за електронски комуникации годинава примила поплаки од корисниците за лоша интернет услуга, за високи сметки за роаминг. Оттаму  најавија дека ќе има јавна расправа за влез на новиот мобилен оператор во земјава. Според искуството на АЕК од претходни постапки за доделување радиофреквенции преку законски предвидена постапка, може да се каже дека во најдобар случај, потребни се најмалку 3 до 4 месеци за да се заврши целата постапка, а од унгарската компанија велат дека постои можност првите повици да бидат направени веќе оваа година ако добијат поддршка од локалните партнери со инфраструктура, базни станици и технолошка опрема. Текстот е објавен на 19 декември 2024 година во неделникот „Фокус“, во бројот 1.524. Пишува: Орце КОСТОВ

Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија телекомуникации и официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), изразувајќи интерес за обезбедување достапни радиофреквенции за да стане нов оператор во Македонија. Во текот на следните месеци, компанијата ќе соработува со AEК за достапноста на радиофреквенциите, да се обезбеди усогласување со регулаторните рамки и да се продолжи со долгорочната стратегија за развој во регионот.

   

– Среќни сме што и официјално го почнавме влезот на телекомуникацискиот пазар во Северна Македонија. Секогаш кога ќе одлучиме да влеземе на нов пазар, од клучно значење е да имаме и поддршка од регулаторната средина и подобро да ги разбереме локалните услови – посочува Пал Заранди, директор за мобилни и 5G стратегии во Групацијата 4iG. Унгарската компанија ангажирала домашни и меѓународни експерти, кои треба да направат сеопфатна анализа на пазарот во Македонија, како и дека се сигурни оти нивниот пристап ќе донесе додадена вредност во секторот. Проширувањето на Групацијата 4iG во Македонија, нагласуваат, е дел од пошироката стратегија на компанијата за подобрување на телекомуникациската инфраструктура во регионот, притоа создавајќи значителна економска и технолошка вредност. Процесот е долг и сложен, но, според најавите на Заранди, можно е првите повици да се направат веќе во следната година, под услов сите процедури да се завршат навреме.

– Ако процесот се одвива според очекувањата, постои можност првите повици да ги направиме веќе следната година. За да го постигнеме тоа, ќе ни треба поддршка од локални партнери што ќе помогнат со инфраструктурата, базните станици и технолошката опрема – нагласи Заранди. На 18 октомври, групацијата соопшти дека по неколку успешни аквизиции во Албанија и во Црна Гора, 4iG Group почнала со подготовки за влез на пазарот во Северна Македонија, со основање подружница „ONE Macedonia Telecommunications“.

Со одлука на Одборот на групацијата донесена минатиот петок, новата компанија ќе биде основана од Antenna Hungária Zrt., дел од 4iG Group, под која е телекомуникациското портфолио на инфокомуникациската групација во Унгарија и во Западен Балкан. Регистрацијата на компанијата е завршена, а со формирањето на оваа компанија, 4iG Group има за цел што поскоро да влезе на телекомуникацискиот пазар во Северна Македонија“, соопшти тогаш групацијата. 4иГ веќе ја регистрираше компанијата „Оне Македонија телекомуникејшн“, која ќе биде надлежна за мобилни, фиксни и ТВ-услуги во Македонија. Тоа значи дека 4иГ нема да се фокусира само на мобилната телефонија, туку ќе навлезе и во секторите за фиксна телефонија и ТВ услуги, што ќе го зголеми изборот за македонските корисници.

КОЛКУ ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ?

Од АЕК за „Фокус“ информираа дека претставниците на унгарската компанија, односно на нејзината фирма ќерка одржале неколку состаноци.

– Претставници на „4iG“ беа дојдени на неколку состаноци во АЕК да разговараат за достапни радиофреквенциски блокови, кои би можеле да се доделат од страна на АЕК. Од страна на СЕК е презентирана состојбата на слободните радиофреквенциски опсези. Од страна на „4iG“ е изразен сериозен интерес за влез на македонскиот пазар и најавија дека ќе достават официјално писмо за изразување намера – вели Игор Бојаџиев, советник на директорот за радиокомуникации и контрола и мониторинг на радиофреквенции. Според него, Агенцијата за електронски комуникации е подготвена веднаш да отвори јавна расправа по пристигната намера и да ја отпочне процедурата. Во оваа фаза од процесот, износот на годишниот надоместок за радиофреквенции што унгарскиот оператор ќе го плаќа кон АЕК не може да се каже бидејќи тој зависи од многу фактори понатаму, а од Агенцијата споделија минати искуства за тоа колку време е потребно да се заврши целата постапка.

– Износот на годишниот надоместок не би можел да ви го кажам во моментов. Тој зависи од количеството радиофреквенции што би се доделило како и од времетраењето на соодветните одобренија. Од искуство од минати постапки за доделување радиофреквенции преку законски предвидена постапка може да се каже дека во најдобар случај потребни се најмалку 3 до 4 месеци од почнувањето на постапката – додаде Бојаџиев. Во согласност со Законот за електронски комуникации, со радиофреквенцискиот спектар на Македонија управува Агенцијата за електронски комуникации, а целата постапка за влез на оператор ја води АЕК.

– Имајќи ја предвид оваа одредба од ЗЕК, потребно е секој заинтересиран субјект што ќе користи радиофреквенции да се обрати до АЕК. Уште повеќе, пак, имајќи предвид дека во јавноста циркулираат информации за можен интерес за воспоставување трет мрежен мобилен оператор во Македонија, кој, за да може да обезбедува мрежи/услуги, неминовно мора да користи радиофреквенции, повеќе од јасно е дека е потребно да се обрати до АЕК.

Согласно Планот за доделување и користење на радиофреквенциите, пропишано е дека радиофреквенциските опсези за копнено мобилна служба, односно тоа се опсезите во кои би требало да работи потенцијалниот оператор, се доделуваат во постапка на јавен тендер или постапка на јавен тендер со јавно наддавање.

Ваквиот вид постапка на доделување радиофреквенции е целосно пропишана во ЗЕК. Предуслов за почнување ваква постапка е АЕК по сопствена иницијатива или, пак, заинтересирана страна да поднесе барање до АЕК, со цел да се овозможи јавна расправа за сите заинтересирани страни во постапката – образложи за „Фокус“, Бојаџиев.

Според официјалните информации од Агенцијата за електронски комуникации, во Македонија има 1 милион 950 илјади корисници на мобилна телефонија. Од нив 720 илјади користат припејд услуги, а нешто над 981 илјада се на постпејд.

На пазарот има два мрежни и четири виртуелни оператори, но граѓаните не почувствуваа промена во намалувањето на цените на услугите, и покрај оваа бројка.

Ставот на АЕК е дека повеќе од потребен е трет мобилен оператор, со образложение дека 46, односно 47 отсто им е уделот на двата оператори во однос на корисниците.

– Да, секако дека е потребен. Впрочем и интенцијата на ЗЕК е да се поттикнува конкуренција во обезбедувањето јавни електронски комуникациски мрежи/услуги. Вие и во самото прашање констатирате дека постоечките два мрежни и четири виртуелни оператори не успеале да обезбедат намалување на цените на услугите.

Тука мора да се напомене дека Македонија, а од пред некое време и Албанија се единствените две држави во Европа во кои мрежи и услуги обезбедуваат само два мрежни оператори. Сите други држави во Европа имаат најмалку три или повеќе мрежни оператори.

Интересно е да се спомене и фактот дека државите што се слични или, пак, помали од Македонија: по големина, по популација или по конфигурација, како што се: Косово, Словенија, Малта, Кипар и Фарски Острови имаат најмалку три мрежни оператори. Во Црна Гора, која е далеку помала од Македонија, од неодамна се етаблираше и четврти мрежен оператор, што кажува дека можностите на пазарот во Македонија се и тоа како добри за успешна работа на уште еден мрежен оператор. Во прилог на фактот дека на Македонија ѝ е потребен трет мрежен оператор говорат и податоците за уделот на операторите во вкупниот број активни претплатници.

Имено, сите четири виртуелни оператори во Македонија учествуваат со помалку од 6 отсто од вкупниот број активни претплатници за разлика од двата мрежни оператори, кои поседуваат по 47-48 отсто од вкупниот број активни претплатници или вкупно, нешто помалку од 95 отсто. Во делот на обезбедување приходи, уште повеќе мрежните оператори цврсто го држат пазарот со нешто над 97 отсто, за разлика од четирите виртуелни, кои вкупно не можат да обезбедат ни цели 3 отсто.

Ова јасно покажува дека виртуелните оператори воопшто не можат да бидат вистинска конкуренција на мрежните оператори. Како најголем критериум дека е потребен трет мрежен оператор во Македонија е фактот што во сите извештаи за напредокот на Македонија што ги изготвува Европската комисија, секоја година се наведува потребата од зголемување на конкуренцијата во овој сектор – образложи Бојаџиев за „Фокус “.

ОМИЛЕНА КОМПАНИЈА НА ОРБАН

Според соопштението на компанијата од Будимпешта, „4iG“ е една од најистакнатите унгарски ИКТ и телекомуникациски компании и вработува над 8.000 висококвалификувани професионалци и опслужува над 10 милиони конекции во регионите каде што е присутна.

Групацијата е позната по својот иновативен пристап и сигурни решенија. Како компанија е посветена на воведување напредни технологии, како што се 5G, IoT и инфраструктура управувана од вештачка интелигенција, што ќе го отвори патот Северна Македонија да стане земја со подобра мрежа и поголема компетитивност.

Но, нејзината намера да влезе на пазарот на мобилни и фиксни услуги во Македонија ја разбранува јавноста, со оглед на тоа дека се работи за омилена компанија на Виктор Орбан, која патем има стратешко партнерство со кинеска компанија, што, пак, се коси со македонското законодавство.

Во исто време се влеа надеж кај граѓаните и бизнисот дека влезот на трет оператор ќе го урне дуполот на двата големи мрежни оператори на мобилни услуги, иако ниту од владата, ниту од унгарската компанија не беа јасни за што ќе се преговара во следниот период.

Извршниот директор на групацијата, Гелерт Жазаи по средбата со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, рече дека компанијата е желна да придонесе во телекомуникацискиот сектор во Македонија и да поттикне позитивни промени преку технологијата во следните пет години.

Истражувањата на дел од унгарските медиуми ја врзуваат оваа компанија директно со премиерот Орбан, кој важи за добар пријател и на македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Според унгарскиот медиум „Директ36“, кој разоткрива злоупотреба на моќ и влијанија, како и корупција, „4iG“ е компанија, која бргу се шири со многу силна владина поддршка.

Според медиумот, владата на Орбан, не само што тајно ѝ помогнала на компанијата во аквизициите со кои се позиционира на унгарскиот пазар, туку на оваа компанија ѝ обезбедила повеќе од 70 милијарди форинти државни инвестиции.

Затскриената државна помош се претпоставува дека тежи околу 190 милиони евра и токму поради таа поддршка, во изминатите неколку години, компанијата прераснала од средна по големина ИТ-компанија во една од најголемите унгарски корпорации, што, според истражувањата на унгарските новинари, се должи, пред сѐ на наклонетоста на Орбан и блискиот круг луѓе околу него.

Според унгарските новинари, 4iG не е поврзан со владата на Орбан само преку финансиски врски, туку e тесно поврзана и со регионалните амбиции за моќ на Орбан, за кого Западен Балкан треба да биде под унгарска сфера на влијание, па затоа компанијата почнала да се шири и во Западен Балкан.

Партнерството меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Орбан беше потврдено со специјална економска соработка во вид на рамковен договор, која опфати два заеми од по 500 милиони евра.

Дали влезот на оваа компанија на македонскиот пазар бил некаков услов за најавуваната милијарда од Унгарија, не е познато.

Основана како Freesoft во 1990 година, 4iG на берзата во Будимпешта обезбедува голем број ИТ услуги, вклучувајќи развој на софтвер, управувани услуги и сајбер-безбедност, како и понуди за управување со центри за податоци и „облак“.

Во последната година, компанијата се прошири во нови области, основајќи своја сателитска фирма и купувајќи локални сателитски и телекомуникациски фирми.

Во 2022 година, 4iG Групацијата се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и во Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ONE.

Под брендот – ONE, подружниците на 4iG во Западен Балкан прават значителна трансформација, и со тоа станува водечки бренд на пазарот на 5Г мобилни услуги во Црна Гора, додека ОNE – Албанија формирана преку консолидирање на албанските телекомуникациски компании станува врвен телекомуникациски провајдер во земјата.

Покрај тековните инвестиции, 4iG Групацијата, во соработка со Телеком Египет, планира и инсталација на подводен кабел за пренос на податоци со висок капацитет за поврзување на Египет и Албанија. Овој проект може да донесе дополнителни придобивки за Македонија преку зајакнување на дигиталниот и економски раст на земјата.

КАМЕН НА СОПНУВАЊЕ

Унгарскиот телекомуникациски гигант има стратешко партнерство со кинески „Хуавеи“, и тоа може да биде „камен за сопнување“ при евентуален влез на македонскиот пазар оти Македонија уште пред три години донесе измени на Законот за електронски комуникации со кои се предвидува операторите да набавуваат опрема само од проверени и кредибилни набавувачи.

Македонија, заедно со повеќе европски држави, е дел од иницијативата предводена од САД, со која се забранува инсталирање опрема на гиганти како „Хуавеи“ и „ЗТЕ“ поради сомневање дека податоците на граѓаните неовластено завршуваат кај кинеската власт.

Во Македонија, согласно последните Измени и дополнувања на ЗЕК од 2021, се предвиде изготвување на подзаконска регулатива која се однесува на безбедност во мрежите. Имено, во 2022 се донесоа двата подзаконски акти Методологија за процена на профилот на ризик на набавувачи и производители на мрежна опрема и Листа на критични компоненти и чувствителни делови на електронски комуникациски мрежи.

Со донесувањето на оваа подзаконска регулатива, покрај другото, на АЕК му се наметнаа и дополнителни обврски да прави детална проценка на профилот на ризик на национално ниво на сите релевантни набавувачи и производители на мрежна опрема кај операторите, а за операторите се наметнаа обврски за безбедно управување, работење и надзор на електронските комуникациски мрежи и за обезбедување различни набавувачи и производители на мрежна опрема.

Овие подзаконски акти се целосно изработени на основа на документот на Европска Унија EU Toolbox on 5G Cybersecurity и се целосно во линија со европската регулатива, која се однесува на безбедни мрежи. Треба да се напомене и дека од 2022 година, операторите во Македонија целосно ја имплементираат оваа регулатива. Имајќи го ова предвид, секој потенцијален нов оператор ќе мора да ги почитува законските прописи во Македонија“, потенцираат од АЕК.

Поради овие измени, најголемиот комуникациски оператор „Македонски телеком“, во кој државата има речиси 35 отсто удел, се откажа од намерата да купува опрема за 5Г од „Хуавеи“ и набави опрема вредна 45 милиони евра од „Ериксон“.

Нема информации дали некој ова ѝ го потенцирал на владата на Мицкоски, но познато е дека САД реагирале кај врвот на компанијата „4iG“ кон крајот на 2023 година по потпишувањето на меморандумот за стратешка соработка со „Хуавеи“.

Тогаш, директорот на „4iG“, Жазаи, рече дека неговата компанија и „Хуавеи“ сакаат да играат клучна улога во глобалната трка за брз пренос на податоци 5Г, а коментарите од Западот се само противење провајдерот да го прошири своето влијание во Европа.

 

Најново

СДСМ: Нема промена, стари инкриминрани кадри од режимот го советуваат Мицкоски

Sase Ivanovski

Селена Гомез објави емотивно видео за имиграциските рации, кандидат за Сенат возврати: „Депортирајте ја!“

Sase Ivanovski

Државните институции ќе плаќаат струја по цени на Македонската берза, референцата ХУПЕКС оди во пензија

Sase Ivanovski

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Sase Ivanovski

ЕВРОПА НАЈАВИ ПОВИСОКИ ЦАРИНИ ЗА РУСКОТО АЗОТНО ЃУБРИВО Колку тоа ќе ги чини европските земјоделци?

Sase Ivanovski

Д-р Михајло Ивановски од Аџибадем Систина – предавач на семинарот за ургентни состојби и траума во спортот

Sase Ivanovski

„И ДИСКУСИЈА ЗА АТЕНТАТ НА ПУТИН Е ПАТ КОН НУКЛЕАРНА ВОЈНА“ Володин предупреди дека Русија води сериозна борба

Sase Ivanovski

Може ли една држава со две химни?

Sase Ivanovski

Украина апелира за враќање на своите сонародници

Sase Ivanovski

Николовски: Ја градиме Македонија

Sase Ivanovski

БЛУ ОРИЏИН ГО ОТКАЖА ЛАНСИРАЊЕТО НА РАКЕТАТА „ЊУ ГЛЕН“ Безос се жали дека Маск фаќа врски кај Трамп за да му пркоси

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ЖАЛИ: Почина позната актерка од македонски народни приказни

Sase Ivanovski

(Корпоративно ВИДЕО) 30 години Вива

Sase Ivanovski

Брисел криел дека Фон дер Лајен е во болница: таа објави фотографија од својот дом додека се бореше со тешка пневмонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Погледнете ги улиците во елитен кварт во Лос Анџелес пред и по пожарот

Sase Ivanovski

Сашко Митовски: Со голема гордност и радост ја споделуваме веста за завршувањето на експресниот пат Страцин – Крива Паланка, проект започнат од СДСМ во 2018 година

Sase Ivanovski

Скопје утрово е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ: ДОНЕСЕН БУЏЕТОТ ЗА 2025 ГОДИНА. СЛЕДУВА БРЗ РАЗВОЈ НА ГАЗИ БАБА!

Sase Ivanovski

„Џин“ од 25 ката ќе се гради на местото на Европски универзитет

Sase Ivanovski

Рама: Тик Ток повеќе нема да го има во Република Албанија, тоа е наша должност

Sase Ivanovski

Турција ќе добие уште една милијарда евра од Европската унија за сириските бегалци

Sase Ivanovski

Дубаи повторно ќе го изненади светот и ќе ги помести границите со новиот необордер Tiger Sky Tower

Sase Ivanovski

Вулин: Нe сум сигурен дека ЕУ ја сака Србија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зголемува платите во повеќе области, со СДС бевме на праг на банкрот

Sase Ivanovski

ВЕСТИ ОД ГЕРМАНИЈА: До 2030 година се планираат дури 10.000 возила без возачи

Sase Ivanovski

Не паркирајте под високи или суви стебла“, апелираат од Паркови и зеленило: за попладнево е најавено невреме

Sase Ivanovski

ДЕСЕТ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Сараево е на третото место

Sase Ivanovski

Американските и полските власти отворија штаб за ракетна одбрана на кој Русија долго се противеше

Sase Ivanovski

Противниците на Кина на важни позиции

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Како се пакувале цигарите во 1930 година

Sase Ivanovski

Русија праша во ОН: Ако Западот и помага на Украина, зошто Северна Кореја не може да ни помогне нам?

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски секогаш тука за најдрагите пријателчиња!

Sase Ivanovski

Во завршна фаза е реконструкцијата на улицата “3ти Април” во Пробиштип

Sase Ivanovski

15 октомври – Меѓународен ден на руралната жена во Кавадарци се одржа саем на локални производи

Sase Ivanovski

Започна изградбата на повеќенаменскиот објект во село Дреново кавадаречко

Sase Ivanovski

Саша Богдановиќ: Една убава вест на денешниот празник

Sase Ivanovski

Најава за Неделно интервју со Крешник Бектеши

Sase Ivanovski

Тошковски: За да се скрати долгото чекање на граничните премини, системот „One stop shop“ навистина треба да профункционира

Sase Ivanovski

Ердоган и Еди Рама одржаа заедничка прес-конференција и церемонијата на потпишување на Заедничка декларација за продлабочување на стратешкото партнерство

Sase Ivanovski

Симболичен погред пред влезот на општинската зграда во Ново Село

Sase Ivanovski

Претрес во липковско, пронајдени дрога и оружје, приведени две лица

Sase Ivanovski

Поднесено обвинение против скопјанецот кој труел четири деца во Козле

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Претседателот на Украина Зеленски на своето патување во Париз и Рим им го претстави „Планот за победа“ на Макрон и Мелони

Sase Ivanovski

Западот не ги предводи, туку бара прекин на војните во Украина и Палестина

Sase Ivanovski

Мицкоски на самитот “Украина-Југоисточна Европа” во Дубровник

Sase Ivanovski

(Фотогалерија) Кардиоваскуларните болести се сѐ почести меѓу населението

Sase Ivanovski

Тетовец со нож нападнал малолетник, задржан е во полициска станица

Sase Ivanovski

Претставници на Истокот на годинешниот форум на УСАИД

Sase Ivanovski

Атина посветена на проширувањето на ЕУ, Софија избра аут

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допреа дното мислејќи само на тендери, за само два месеци се реализираат мерки со кои парите остануваат кај граѓаните

Sase Ivanovski

Samsung Galaxy S24 серија: Врвни функции со вештачка интелигенција и безбедност на податоците

Sase Ivanovski

По повод 23-годишнината од Охридскиот рамковен договор, првиот вицепремиер Изет Меџити организираше прием

Sase Ivanovski

Русија евакуира цивили по навлегувањето на украинските сили на руска територија

Sase Ivanovski

СДСМ Молк за долгот од 1 милион евра додека Министерството на Божиновска се посочува како можен извор на корупција

Sase Ivanovski

Францускиот претседател Емануел Макрон пречека десетици шефови на држави и влади во претседателската палата во Елисеј во петокот попладне пред церемонијата на отворањето на Олимписките игри⁣

Sase Ivanovski

ВЕСТ НА ДЕНОТ Шкендија прв кандидат за првото место: Во Арачиново доаѓа Дарио Десниќ од ривалот Куманово!

Sase Ivanovski

Камала Харис: „Познати ми се типови како Доналд Трамп“

Sase Ivanovski

ИЗДРЖЕТЕ ДО СРЕДА Доаѓа заладување со позначителен пад на температурите

Sase Ivanovski

Стевчо Јакимовски: Син ми се исели од државата поради политички прогон

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОГА СКОПЈАНИ ИМАА ЕЗЕРО ЗА ПРИМЕР Тито беше воодушевен од комплексот „Треска“ во 1978 година

Sase Ivanovski

Министерот за правда Игор Филков на работен состанок со амбасадорот на Италија ,Н.Е. Андреа Силвестри

Sase Ivanovski

Торонто под вода: поплавени улици, мостови, евакуирани луѓе, илјадници без струја

Sase Ivanovski

Нападот врз Трамп покрена стравувања и кај европските политичари

Sase Ivanovski

Соработката помеѓу Фондација за демократија на Вестминстер и Комисијата за финансирање и буџет при Собранието на РС Македонија продолжува

Sase Ivanovski

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ  СПРОВЕДЕ МАШИНСКО И РАЧНО МИЕЊЕ НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Армијата во координација со ЦУК и со помош од пријателски земји ја продолжува борбата со огнената стихија во неготинско

Sase Ivanovski

На 15 јули се навршуваат осум години откако херојските граѓани на Туркије го поразија обидот за државен удар организиран од терористичката организација ФЕТО

Sase Ivanovski

КУПИЛ 50 ПАРЧИЊА МУНИЦИЈА ЧАСОВИ ПРЕД АТЕНТАТОТ Крукс го стрелал Трамп со пушката која легално ја имал купено неговиот татко

Sase Ivanovski

Посета на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на припадниците на Армијата, ангажирани во гасењето на пожарите во Неготинско

Sase Ivanovski

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје- Комуналниот отпад во општина Аеродорм се собира редовно

Sase Ivanovski

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје- Комуналниот отпад во општина Центар се собира редовно

Sase Ivanovski

Американската тајна служба ќе учествува во истрагите за пукањето на митингот на Трамп

Sase Ivanovski

Експерти: Пукањето врз Трамп му ги зголемува шансите да се врати во Белата куќа

Sase Ivanovski

13-годишно турско чудо од дете го победи најдобриот шахист на сите времиња, Карлсен за 41,2 секунди

Sase Ivanovski

Мајка му го пријавила за напад, па 41-годишен жител на Свети Николе го нападнал и полицаецот

Sase Ivanovski

Владата донесе одлука за кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена

Sase Ivanovski

Градоначалникот Лимани се сретна со вицепремиерот Фетаи: Општина Гостивар е пример за транспарентност и добро владеење

Sase Ivanovski

СЕКОЈ ДОПИР НЕ МОРА ДА БИДЕ СЕКСУАЛЕН Кои се 7-те најчести грешки во предиграта?

Sase Ivanovski

Претрес во ресенско, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Николовски: Испорачување перформанси со цел забрзување на транспортот и олеснување на трговијата

Sase Ivanovski
Вчитувам....