Јавноста кога ќе ги види сликите ќе процени како може еден сериозно скап автомобил од Министерството да биде оставено на милост и немилост на сервис каде се извадени вратите, извадени се делови од него, изјави министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ. Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска во изјава за медимите кажа дека се откриени нови злоупотреби со имотот на Министерството. Тој посочи дека возило џип БМВ вредно 60.000 евра било пронајдено во многу лоша состојба во сервис за поправка каде од него биле вадени делови и тие биле користени за потребите на сервисот.
– Најновата злоупотреба која пред некој ден е откриена а тоа е возилото џипот БМВ кое е во сопственост на Министерството е најдено во поприлично лоша состојба во еден од сервисите во кое се вршело порано поправката на возилото на Министерството. Тука веќе е ангажирано Министерството за внатрешни работи. Не сакаме да го подигнеме. Бараме записници, нема записници како е предадено, а сведоците велат дека е предадено во нормална состојба. Тој џип е вреден 50-60 илјади евра. Не можам да утврдам за што бил користен, меѓутоа можам да пренесам дека сега личи на ‘оскубена кокошка’. Јавноста кога ќе ги види сликите ќе процени како може еден сериозно скап автомобил од Министерството да биде оставено на милост и немилост на сервис каде се извадени вратите, извадени се делови од него – рече Стоилковиќ.