„На 25.01.2025 во 20.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.И.(65) од с.Копачин Дол, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Кај него бил пронајден и одземен скутер без регистарски таблички, кој потекнува од кривичното дело и кој бил вратен на сопственикот“, информираат од СВР Тетово.
А.И. бил задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветна пријава.