МАКТЕЛ

    

Аџибадем Систина: Магнетната резонанца е клучна во раната дијагностика на многу срцеви болести

     

Ултразвукот на срце е најкористената алатка во секојдневната кардиолошка практика, прилично едноставна и со неа добиваме важни информации со кои го оптимизираме третманот и го планираме идниот чекор во целното лекување на нашите пациенти. Ултразвучните процедури денес се збогатени со софистицирани модалитети или алатки за што пореален приказ. Тука се надоврзува и магнетната резонанца на срце. Токму на оваа тема денеска зборуваме со д-р Ивана Јовановска-Христова, специјалист по кардиологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

Врз кој принцип функционира магнетната резонанца на срце?

   

Д-р Јовановска-Христова: Човековото тело е составено од 60% вода, водата во себе содржи јони. Ткивото поставено во силно магнетно поле емитува бели-сјајни и сиво до црни точки кои заедно формираат јасна слика за срцето и крвните садови. Не само слика туку ја претставуваат и неговата функција и со него асоцирани болести и аномалии. Овие слики за нас кардиолозите се специфични за одредена болест и со тоа поставуваме дијагноза. Ова е софистицирана и многу корисна сликовна метода, која служи за приказ на срцето и крвните садови и која ја надополнува ехокардиографијата и со неа добиваме јасен приказ во изгледот, функцијата, протокот на крвта. Од огромна важност е да се напомене дека тоа претставува златен стандард во проценката на тоа колку крв како волумен содржат срцевите шуплини, ефикасноста на срцето како пумпа, дали залистоците враќаат крв, а особено ги акцентира карактеристиките на ткивото.

Со која друга метода се добива јасен приказ на ткивото?

Д-р Јовановска-Христова: Друга метода со која добиваме јасен приказ на ткивото е агресивна и се нарекува биопсија. Како ја добиваме сликата? Верувам дека сите познавате некој што поминал низ оваа процедура, ако не сте правеле и самите рендген или магнетна резонанца на мускулоскелетниот систем. Честопати ги прашувам пациентите дали биле сликани во голем полуотворен цилиндар. Сакам да напоменам дека пациентите што имаат каков било неприроден имплант во телото треба да имаат документ за типот на имплантот и во најчест случај можат безбедно да го изведат снимањето.

Како се изведува процедурата?

Д-р Јовановска-Христова: Регијата од интерес нам ни се срцето и крвните садови. Тие при влез во белата цевка се изложени на магнетно поле. Притоа сте во комуникација со радиолошкиот техничар и радиологот. Се изведуваат маневри за дишење со повремено задржување на здивот. Процедурата трае 20-ина минути. Процедурата е неинвазивна и не користи зрачење. При одредени индикации поставени од ординирачкиот доктор се поставува и мала канила на раката, со цел да биде аплицирано контрастно средство, кое го пребојува ткивото што има повреда или лузна. По добивање на квалитетна снимка, ја напуштате болницата.

Следниот чекор подразбира средба и читање на резултатот од страна на радиолог и кардиолог. Доколку има спореден наод, тогаш може да биде вклучен и колега од друга специјалност. Тука се многу важни тимската работа и експертиза, којa е клучна во сумирањето на резултатите од најупотребуваните сликовни методи – US, RTG, MR, CT, PET. Во случајов, комплементарно сумирање на ехокардиографијата со магнетната резонанца на срце. Значи, имаме индикација, изведба, читање, заклучок и третман.

Што значи тоа за пациентот? 

Д-р Јовановска-Христова: Тоа значи точна дијагноза и целно лекување со нови и современи лекови кои дејствуваат на молекуларно ниво и директно ги менуваат биологијата и текот на болеста. Кај лица со многу висок ризик од ненадејна срцева смрт и тешко болни, покрај оптималниот тераписки третман, индицираме и третман со апарати кои се имплантираат под кожата или во телото, како што е двокоморниот пејсмејкер или механичко срце, со последна дестинација – трансплантација на срце.

Каде сѐ наоѓа примена оваа метода во амбулантската практика и за кои пациенти е наменета?

Д-р Јовановска-Христова: Магнетната резонанца е особено важна кај прединфарктни и инфарктни состојби. Најчесто МР се употребува како сликовна процедура со која квантитативно правиме проценка на штетата на срцевите слоеви и контрола на настанатата штета со рационално планирање на третманот. Потоа МР се употребува кај болести на слабо срце каде што правиме проценка на штетата – план за третман со апаратче и најважно, проценка на ризик од ненадејна срцева смрт. Магнет на срце се употребува и кај болести на залистоците кои пропуштаат крв. Исто така се употребува и кај вродените аномалии на срцевите шуплини и нивно следење. Адултни вродени аномалии или следење на состојбата по нивно оперативно решавање. Се употребува и кај болести на срцевото ќесе, а наоѓа широка примена и во кардио-онкологија за следење на пациенти кои пројавиле симптоми и знаци на срцева слабост по апликација на онколошки лекови кои се кардиотоксични. Магнетната резонанца се користи и за детектирање на тумори на срцето или израстоци во срцето и нивно следење. Особено е важна во следење на пациентите со срцева трансплантација, со цел рано откривање на знаци на воспаление или рани знаци на отфрлање и неприфаќање на трансплантираниот орган. Магнетната резонанца се користи и во оние случаи каде што немаме соодветна слика и одговор за срцевата болест од која боледува пациентот, по назнака на ординирачки кардиолог. Методата е наменета за сите возрасти за амбулантски и хоспитални пациенти за кои се сомневаме дека боледуваат од некоја од претходно наведените болести.

Овие болести се во подем по 80-тите години. Во што Вие ја гледате предноста на денешницата?

Д-р Јовановска-Христова: Секогаш сакам да се навратам на минатото пред осумдесеттите години од минатиот век. Зборувавме за ретки болести. Тоа се оние состојби што се откривале постхумно и се претставени со нула пред другата популација од 5-10-30 000. Овие болести по осумдесеттите буквално се во подем и се претставени како не толку ретки и веќе имаат 1-2-3% од споменатата популација. Предноста на денешницата е дека живееме во време на мултипни-сликовни процедури со кои овие болести ги откриваме рано – ултразвук, РТГ, МР, КТ и ПЕТ. Најчесто користени во нашиот случај се: УЗ , КТ и МР, од кои ултразвукот и магнетната резонанца не користат зрачење.

Колку е клучна магнетната резонанца во раната дијагноза на погореспоменатите болести? 

Д-р Јовановска-Христова:  Maгнетната резонанца е клучна во раната дијагностика на овие болести и најважно од сѐ е дека сe и може да бидат комплетно реверзибилни до излекување. Верувам дека оние пациенти што се пронаоѓаат во ова што го говорам знаат какво е чувството кога ќе им биде соопштено дека срцето им пумпа 20-30%  и дека треба да се воздржуваат од физичка активност. По интензивен третман и пред сѐ, навремено препознавање и целно лекување, тие доаѓаат до излекување или ги лекуваме последиците од болеста. Секако постојат и случаи што завршуваат на листата за трансплантација.

Ова се честопати адолесценти или млади адулти. Сакам да нагласам дека просечниот животен век во Р Македонија за 2021 година бил 73,2 години. Тоа се години на загуба на квалитет на живот и загубен живот и загуба на живот.  Затоа постојат вакви специјализирани центри како што е Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со специјализиран Центар и тим за срце.

 

Најново

Припрема за реконструкција на улица Тиквешка и крак од улица Доне Попов, санирање на прокопи на улица Љубашка, Благој Крстиќ и Видое Смилевски во Кавадарци

Sase Ivanovski

ЗНАЧИТЕЛНО ПОДОБРЕНИ УСЛОВИ ЗА НАСТАВА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Sase Ivanovski

Митко Јанчев: Социјална услуга, помош и нега во домот!

Sase Ivanovski

ПРИТВОР ЗА МАЖ КОЈ ЈА ПРОДАВАЛ СОПРУГАТА ЗА КОКАИН, ЈА ГЛЕДАЛ НА КАМЕРА КАКО СЕКСУАЛНО ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВААТ И ПОТОА ЈА ПРЕТЕПУВАЛ И ГОРЕЛ СО ЦИГАРИ

Sase Ivanovski

ПРИТВОР ЗА ДВЕ ЛИЦА КОИ ТЕПАЛЕ ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИК ВО ДИСКО ВО КАВАДАРЦИ ДОДЕКА ПРАВЕЛ ПРОВЕРКИ ЗА ДИЛАЊЕ ДРОГА

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРАШЕ СОРАБОТКАТА СО ФАКУЛТЕТОТ ЗА ФОСЗ. ВО СЛЕДНИТЕ 4 ГОДИНИ ОПШТИНАТА КЕ ОДВОИ НАД 3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОВОЈ ПРОЕКТ КОЈ КЕ СТАРТУВА ОД УЧЕБНАТА 2025/2026

Sase Ivanovski

Трик за тоа како да си фатите дечко или девојка

Sase Ivanovski

СОЗШУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ КАВАДАРЦИ ЦЕЛОСНО РЕНОВИРАНО

Sase Ivanovski

Перење на атмосферска канализација на улица Страшо Пинџур, припрема за изработка на решетка за атмосферска канализација во село Марена, монтажа на главен вентил на водоводна линија на улица Рајко Жинзифов во Кавадарци

Sase Ivanovski

Ј.П. Комуналец Кавадарци заврши со реконструкција на ул. ,,Тиквешка” трет објект од програмата за оваа година

Sase Ivanovski

Мал изум кој ја трансформираше градежната индустрија

Sase Ivanovski

Бившиот секретар на Секретаријатот за деловни легализации во Белград, Немаља Стајиќ е уапсен поради сомневање дека одобрил озаконување на нелегално изградени објекти

Sase Ivanovski

МАКРОН: Ќе му кажам на Трамп да биде посилен и построг со Путин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Дипломатска офанзива на премиерот Мицкоски во Вашингтон, повисоки мартовски плати за наставниците за 7%, над 1000 производи од денес со пониски цени, нови услови за авиолинии меѓу Македонија и Шпанија

Sase Ivanovski

Конференција на ХЕРА за улогата на мажите: Храбро е да се зборува за емоциите, проблемите и предизвиците, така стануваме посилни

Sase Ivanovski

Tрамп го нарече Зеленски „диктатор“, продлабочувајќи го јазот меѓу двајцата лидери

Sase Ivanovski

Сезонава грипот дава интензивни симптоми, досега 72.288 лица во државата примиле вакцина

Sase Ivanovski

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 54. сесија на Клубот на истражувачите

Sase Ivanovski

„Билд“: Италија се подготвува за можно повлекување на војската на САД од Косово

Sase Ivanovski

Албанец од Чаир не станал министер за одбрана во Сирија

Sase Ivanovski

Се чекаат резултатите од обдукцијата на седумте берберски овци

Sase Ivanovski

Креирањето зелени работни места е неопходно во борбата со климатските промени

Sase Ivanovski

Министерката за финансии разговараше со сметководителите кои протестираат

Sase Ivanovski

Продолжен е рокот за понуди на тендерот за депонијата во Свети Николе

Sase Ivanovski

МОН, Јаневска: од март платите на наставниците се зголемуваат за 7 проценти

Sase Ivanovski

Меџити се сретна со шпанскиот амбасадор во земјава: 1 МИЛИОН ЕВРА ГРАНТ ОД КРАЛСТВОТО ШПАНИЈА ЗА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Sase Ivanovski

СДСМ – Прилеп неодамна кажа на прес-конференција: дека отпуштањето од работа на 120-те вработени во прилепската болница, е направено со умисла од актуелната власт и е во насока на вработување партиски војници на партиите од владината коалиција!

Sase Ivanovski

СДСМ, Битиќи: Решенијата на СДСМ гарантираат намалување на цените за 30%

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска ги слушна барањата на професионалните сметководители – Барањата писмено да се достават, во Собранието е закон за надминување на проблемот со поднесувањето завршни сметки

Sase Ivanovski

„Замисли“ – дебата „Кажи си ја маката“ во Струмица

Sase Ivanovski

Јанчев: Асфалтирање на локален пат Ресава-Косовец!

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Олигархијата е закана за социјалната правда, демократијата и човековите права; власта се занимава со грбот и химната, додека луѓето гладуваат

Sase Ivanovski

Јанчев: Реконструкција на пат Дабниште – Ресава

Sase Ivanovski

КРПЕЊЕ ДУПКИ НА УЛИЦА ФИНСКА ВО ГАЗИ БАБА

Sase Ivanovski

СДСМ: Дебакл на мерките на владата, синдикалната кошничка покачена за 521 денар

Sase Ivanovski

Костадин Костадинов гостин во ТВ Кобра одговара на прашања кои ги засегаат Струмичани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Министерот Тошковски во посета на Секторот за прекршоци кој ќе биде дел од системот „Безбеден град“

Sase Ivanovski

Костадинов: Што направи ВМРО-ДПМНЕ за нашата Струмица?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера во рамки на сообраќајните контроли издадени 949 платни налози

Sase Ivanovski

Костадинов: Поставивме нови стандарди за урбана мобилност со коишто ја правиме Струмица почисто и поодржливо место за живеење.

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на „како до сега“, на светскиот ден на социјална правда владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на мерки и проекти за благосостојба и достоинствен живот на граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Безусловна НАТО акредитација за Регионалниот центар за односи со јавноста во Министерството, потврда за високиот квалитет на обуките во одбраната

Sase Ivanovski

Седум минутна видео разгледница за Струмица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ СЕ СРЕТНА СО СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРАТЕНИК НА ТРАМП ЗА УКРАИНА, СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА САД ЗА ПОМОШТА ЗА ВРЕМЕ НА ВОЈНАТА, ИЗРАЗИ СПРЕМНОСТ ЗА ДОГОВОР ЗА МИР СО РУСИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Колева: Паѓа животниот стандард, погрешните политики на власта ја загрозуваат и социјалната правда

Sase Ivanovski

Костадинов: Почитувана Министерке Гордана Димитриеска-Кочоска, пишувам со целосна почит кон вас и кон вашето работење како прв менаџер со парите на граѓаните…

Sase Ivanovski

Герасимовки: Центар ја интензивира акцијата за отстранување хаварисани возила, потпишан договор со колективен постапувач

Sase Ivanovski

Костадинов до министерката за финансии: Милиони и должите на Струмица и струмичани – ова не асоцира на ликвидност на буџетот!

Sase Ivanovski

МЕЏИТИ: ГО ФИНАЛИЗИРАМЕ ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ ЗА КЛИМАТСКА АКЦИЈА

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Недела е ден за убави работи – за прв пат жителите на Градинар добија спортско-рекреативен комплекс!

Sase Ivanovski

Добитници на награди на Златна Бубамара на популарноста 2025

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Вандализмот е аларм, општокорисната работа може да биде дел од решението!

Sase Ivanovski

Нова спортска сала во село кавадаречко Возарци!

Sase Ivanovski

МТСП, Лимани: Продолжуваме со промоција на зелени политики, поддршка на социјално-инклузивниот раст и создавање можности за новите генерации

Sase Ivanovski

Зоолошка градина на град Скопје: моментално е дом на 646 животни, од 91 видови, за кои се грижат зоонегуватели кои професионално си ја работат својата работа и имаат грижа и љубов кон сите животни.

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Нова фонтана и детско катче во централното подрачје на Кисела Вода!

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Во Кисела Вода ќе има место во градинка за секое дете!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Љупчо Коцевски ја оневозможува правдата, 0% реализација и целосно кочење на постапки

Sase Ivanovski

,,Генералката во Кисела Вода” продолжува – денес се чисти трим патеката

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Заеднички пристап за решавање на енергетските предизвици на општините

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: Покажав во Кисела Вода дека знам да решавам проблеми на граѓаните, ќе ги решам и проблемите на Скопјани

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Патот за Пеленица – после 30 години голгота, конечно реалност!

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Прекрасно исполнет ден

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Срдечна средба со мојот долгогодишен пријател, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Нашата хумана мисија со отец Оливер и Хуманитарна организација “Свети Спас” доби уште еден пункт!

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: По 30 години, конечно започнува реконструкцијата на „Румена Хаџипанзова“!

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Успешно ја започнавме дебатата во рамки на новоформираната работна група, чија цел е подготовка на законските измени за воведување на општокорисна работа за младите кои извршиле вандализам

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Голем пожар изби доцна ноќва во зграда во Кисела Вода, наспроти општината и за жал, има и повредени – двајца станари и еден полицаец и пожарникар

Sase Ivanovski

По пет децении, детската градинка Гоце Делчев во Пробиштип доби целосно реконструирана кујна

Sase Ivanovski

Деновиве се работи на уредување на простор на улиците “Кочо Рацин” и “Јане Сандански” во Пробиштип

Sase Ivanovski

ЈАКИМОВСКИ ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД МЕЃУНАРОДНИОТ ПРОЕКТ ЕРАЗМУС +

Sase Ivanovski

ВО КАРПОШ ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА ПОДИГАЊЕ НА ХАВАРИСАНИТЕ ВОЗИЛА

Sase Ivanovski

Во организација на Креативниот центар Карпош – (КЦК), денеска попладне во ООУ „Јан Амос Коменски“ беше реализирана обука за професионален развој на наставниците по хемија и физика

Sase Ivanovski

Полските граничари пријавиле дека на дното на Балтичкото Море пронашле повеќе од 220 килограми кокаин

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Преку партнерски однос со централната, до силна локална власт!

Sase Ivanovski

ЈАВЕН ОГЛАС НА ОПШТИНА КАРПОШ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПРОЕКТИ ОД КУЛТУРАТА

Sase Ivanovski

Раководителот и вработените во одделението за образование, како и директорите на основните општински училишта од Општина Карпош остварија посета и планови за соработка со Yahya Kemal College

Sase Ivanovski

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во посета на Златибор: Разговори за идна соработка

Sase Ivanovski

ФЕЈСБУК ВОВЕДУВА НОВО ПРАВИЛО Снимките од преносите во живо ќе имаат рок на траење

Sase Ivanovski
Вчитувам....