Како што е веќе најавено, Елиф Елмас оди во Торино да ја комплетира позајмицата од редовите на РБ Лајпциг. Македонскиот фудбалски репрезентативец е веќе во италијанскиот град да ги помине лекарските прегледи, а потоа ќе следи и потписот. Следното лето, односно по завршувањето на сезоната калчолигашот ќе ја има можност за откуп на договорот на нашиот играч за сума од 17 милиони евра. Претходно во својата професионална кариера македонскиот „дијамант“ играше во Италија за Наполи од 2019 и 2024 година со една освоена титула во Серија А. Минатата натпреварувачка сезона во Бундес лигата Елмас имаше 14 настапи, а оваа сезона запиша само 42 минути.
🚨🇮🇹 Elif Elmas has landed in Turin, Italy! 🐂
📸 {@DiMarzio via @iljackmora} pic.twitter.com/Q8y8JmV1si
— Football Macedonia (@MacedonianFoot_) January 29, 2025