Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, заедно со министерот за Социјални прашања, Фатмир Лимани, денес заеднички доделија 10 работни места за вработените во градинките. Истовремено, беа промовирани и новите простории со две паралелки за сместување на 60 деца.
Градоначалникот Валбон Лимани, заедно со министерот Фатмир Лимани, разговараа и за новата градинка која ќе се изгради во Гостивар со капацитет од 100-120 деца, за чија изградба процедурата е во тек. „Со министерот Лимани дискутиравме и за идните проекти, како што се двата дополнителни одделенија кои се веќе одобрени и се во подготовка, со кои ќе се зголемат капацитетите за 60 деца, како и апликацијата која продолжува за нова градинка со капацитет од 100-120 деца. Со ова, верувам дека веќе нема да има листи на чекање за влез во градинките во Општина Гостивар“, изјави градоначалникот Лимани. На настанот беше посетен и Центарот „Blue Puzzle“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби, каде беа доделени дидактички средства.