Скопјанка била измамена за 3.200 евра од лице кое по телефон ѝ рекло дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и дека треба да плати доколку не сака таа да лежи во затвор.
„На 28.01.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 3.200 евра“, информираше Министерството за внатрешни работи. Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзиниот зет сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.