Во четврток, на 30 јануари 2025 година, Друштвото на ликовни уметници на Македонија организира комеморативна седница за уметникот Коле Манев (1941-2025), член и поранешен претседател на ДЛУМ. На комеморативната седница ќе се обратат колеги и пријатели на уметникот. Седницата ќе се одржи во Националната галерија Даут-пашин амам со почеток во 12.00 ч.