8.8 C
Скопје
30/01/2025 20:16
МАКТЕЛ

   

Маркетите ги чека вистински „црн петок“ на 31 јануари

     

Поддршка Повикот на социјалните мрежи доби поддршка од повеќе организации и партии, како и од премиерот лично. Анализата на растот на профитите покажува дека македонските синџири маркети се на самиот врв во регионот според профитот по вработен – 5.459 евра!  Сериозна реакција предизвика повикот за бојкот на македонските маркети откако на социјалните мрежи беше објавено и мотото „Попусто попусти за исти цени“. Вчера и во поштенските сандачиња, но и на влезовите во некои скопски населби беа делени отпечатени летоци за петочниот бојкот. Во меѓувреме, на мрежата Икс се шират и објави за контрапротест, со цел да се спречи бојкотот, а во кои се убедуваат граѓаните дека треба да се стрпат, оти државата жестоко ќе реагирала!

 

   

Покрај првичната поддршка за протестот, премиерот Христијан Мицкоски денес на Фејсбук посочи дека „поединечни трговци и трговски синџири се однесуваат неодговорно, заработувајќи преку енормни цени на производи што ги плаќаат граѓаните“. „Ова, меѓу другото, го разбирам и како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет“, сугерира Мицкоски. „Растот на цените ја нагласува потребата за одлучна, одговорна и транспарентна акција. Имам јасни сознанија дека одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни профити на грбот на граѓаните. Ова е неприфатливо и нема да биде толерирано! Ве уверувам дека преземаме конкретни мерки: денес остварив средби со Комисијата за заштита на конкуренцијата, министерот за економија, заменик-министерот за економија и со директорот на пазарната инспекција. Наложив засилени контроли и итна реакција на терен“, напиша Мицкоски.
Хрватска бојкот на маркети
Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

И Партијата на пензионерите ги повика своите членови утре да се приклучат на иницијативата за бојкот.

„Пензионерите како една од економски најзагрозените категории во општеството, длабоко е засегната од вкоренетата практика на огромен број трговци и трговски синџири за манипулација и изигрување на Законот за нефер трговски практики, што дефинитивно претставува акт за најостра осуда. Затоа Партијата на пензионери во целост ја поддржува иницијативата и ги повикува своите членови, сите пензионери и граѓани да го покажат својот став со конкретна акција за бојкот на сите оние што на грбот на сите нас остваруваат енормни, нефер и неетички финансиски профити“ – соопшти партијата.

Претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, Мирјана Лончар Велкова, за „Слободен печат“ истакнува дека тие не стојат зад ваквите активности, но го подржуваат бојкотот од причина што граѓаните секојдневно се соочуваат со зголемување на цените на прехранбените производи. За Лончар Велкова прв тест за „подолгорочните мерки за стабилизација на цените“ би била пролетната кошничка.

– Многупати кажавме дека за да се види некаков ефект врз цените, мерките или акциите наместо еден, треба да траат барем три месеца. А како репер од кој треба да се тргне се ноемвриските цени. Исто така, треба да се направи анализа дали големите синџири супермаркети меѓу себе се договараат при креирањето на цените – додава таа. Претходно, и Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати, сугерираше дека во иднина Владата никако не смее да го остави креирањето на цените во рацете на трговците, а ни случајно да не им ги најавува акциите.
Луѓе пазарат во маркет / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

И покрај акциите, за една година кошничката отиде во плус за 6.000 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари 2025 година изнесува 63.252 денари, и во споредба со таа од декември 2024 година е поскапа за 391 денар. Со толку акции и мерки за сопирање на инфлацијата, нејзината вредност од јануари 2024 до јануари 2025, скокна за повеќе од 6.000 денари.
За да се спречи дивеењето на цените на храната, кое се совпадна со енергетската криза и за да го заштити стандардот на граѓаните, Владата од април до крајот на мај 2024 им ги ограничи маржите на трговците, но само за неколкуте основни прехранбени производи.

Мерката потоа беше продолжена до крајот на јуни. Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши во април соопшти дека маржите за некои производи изнесувале и до 250 отсто, па затоа замрзнатите цени ги сметаше за исправен потег.
Анализата што ја подготви Државниот завод за статистика (ДЗС) сервираше поразителни податоци дека во последните три години македонските граѓани трошат фрапантни 70 проценти од приходите за храна, пијалаци и основни домашни потреби.

– Просечното домаќинство во Македонија наменува околу 68,6 отсто од својата потрошувачка за задоволување на основните потреби како храна, облека, домување и покуќнина – нагласија статистичарите.
Луѓе пазарат во маркет / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Анализата на ДЗС не соочи и со фактот дека 2022 година била најтешка за преживување, бидејќи тогаш трошоците за храна имале најголем раст од над 20 отсто.

Маркети остварувале убедливо најголем раст од 2018 до 2023 година

Дека трговците ги „дерат“ граѓаните, потврдува и растот на приходите на синџирите трговски маркети. „Кипер маркети“, „КАМ“ и „Стокомак“ имале убедливо најголем раст на приходите во периодот 2018-2023 година. Седумте македонски маркети со најголеми приходи и профити („Веропулос“, „КАМ“, „Кипер“, „Стокомак“, „Кит-го“, „Рамстор“ и „Тинекс“) во 2023 година имаа вкупни приходи од 934,6 милиони евра, покажа анализата на порталот Пари.

Според тие податоци, македонските маркети се на самиот врв во регионот – со 5.459 евра профит по вработен. Зад нив се трговските синџири во Хрватска со 5.404 евра добивка по вработен, иако оствариле многу поголеми приходи по вработен, дури 219.644 евра, со што по промет се на прво место во регионот. Приходот по вработен во македонските маркети изнесува 145.780 евра. Најголемите маркети во Србија и во Црна Гора имаат полоши перформанси од македонските и од хрватските. Приходите по вработен на најголемите маркети во Србија изнесуваат 109.470 евра, а во Црна Гора 102.879 евра. Профитот по вработен во српските маркети изнесува 3.444 евра, а во Црна Гора е 3.405 евра, покажува анализата на Пари.

Како претходно пишуваше „Слободен печат“, маржата што домашните трговци ја ставаат на производите е една од најдобро чуваните тајни, но веќе е јасно дека таа се движи од 30 до 150 отсто. Оваа информација е уште поконтрадикторна ако се знае студијата на консултантската компанија „Меккинси“ за пазарот на намирници за 2023 година. Таа покажа дека во Европа не е тренд да растат маржите. Минатогодишниот извештај „Состојба во малопродажбата на намирници 2023: Европа“ покажа меѓу другото дека просечната маржа (бруто-маржа) паднала од 27 проценти во 2019 година на 24,5 проценти во 2022 година, а стапката на добивка на најголемите европски трговци на мало останала три проценти!?

– Имате триопол и кај синџирите со поскапи, но и кај оние со пониски цени и тогаш не можете да влијаете врз цените на пазарот. Веќе ги видовме резултатите од административните ограничувања на маргините, а трговците не можеа дополнително да ја намалат понудата, бидејќи се плашеа од високите казни – велат некои македонски трговци.

 

Најново

Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог

Sase Ivanovski

Нема преживеани во авионската несреќа, потврди градоначалничката на Вичита

Sase Ivanovski

Има ли надеж за решавање на проблемот со ѓубрето во нашиот главен град?

Sase Ivanovski

Компаниите и училиштата во Куманово во заедничка мисија за стручно образование

Sase Ivanovski

Претседателот Вучиќ донесе одлука за помилување на 13 учесници на протестите во Србија

Sase Ivanovski

Отворено писмо до Европската комисија од ЕДРИ: Сега е време да се зајакне технолошкиот суверенитет на ЕУ

Sase Ivanovski

Патнички авион се судри со хеликоптер над Вашингтон, досега извлечени 19 тела

Sase Ivanovski

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

Sase Ivanovski

УСС УКИМ: Дополнителните трошоци за материјални и онлајн ресурси не треба да бидат на товар на студентите

Sase Ivanovski

Битолски хирург осомничен за примање поткуп, од син на пациентка побарал 150 евра за да се „почасти“

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје, почина 22-годишна девојка

Sase Ivanovski

Ивермектинот се користи за лечење на разни болести кај луѓето, но нема медицински докази дека лечи рак

Sase Ivanovski

„На чекор од правдата“ – студентите од Белград тргнаа пеш кон Нови Сад

Sase Ivanovski

Не е точно дека словачкиот премиер Фицо „паднал“

Sase Ivanovski

Со акциски цени против бојкотот: Макарони намалени за цели 4 денари, продавниците полупразни

Sase Ivanovski

Контраспин: Љубчо во „србски“ манир им го честита празникот на Србите во Северна Македонија

Sase Ivanovski

Јаневска за Нацрт-концепцијата за гимназиско образование: Сите аргументирани барања ќе бидат прифатени

Sase Ivanovski

Стојаноски: Со посветена работа, веќе ги гледаме првите резултати, до крајот на мандатот ќе бидат целосно реконструирани студентските домови

Sase Ivanovski

Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите, а Владата ќе го фасцилитира тој процес

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Ги оставивте работниците на маргините, зошто не прифаќате минимална плата од 500 евра?

Sase Ivanovski

Мицкоски: Имам разбирање за бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како од поранешни функционери на СДСМ се прави политика и манипулира при пресметката на минималната синдикална кошничка

Sase Ivanovski

Јаневска: Јавната дебата за Нацрт-Концепцијата за гимназиско образование е во тек, по 24 години неопходна е реформа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Вашите мерки дожвеаја дебакл, ќе го прифатите ли предлогот за укинување на ДДВ за храна?

Sase Ivanovski

Филков: Поразителни се бројките од анкетата за задоволството на судските услуги

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Граѓаните се решија на бојкот, ќе признаете ли дека згрешивте со погрешните политики?

Sase Ivanovski

Групацијата ЕИБ постигна рекордни резултати во 2024 година, цели кон инвестиции од 95 милијарди евра за 2025 година

Sase Ivanovski

Кирков: ЈП Лајка потребно е да најде брзо, ефикасно и системско решение за трајно да го решиме проблемот со бездомните кучиња

Sase Ivanovski

Стојаноски: Согласно законот за реорганизација на државната управа ќе се намалат буџетските корисници, на тој начин овие институции ќе се реорганизираат под надлежност на министерствата

Sase Ivanovski

Директорот на Царинска управа додели признанија од СЦО за особени заслуги за зголемување на ефективноста на институцијата: во втората половина од 2024 година наплатени приходи од над една милијарда евра

Sase Ivanovski

Јаревски: Филипче да се потсети на времето кога тој беше министер за здравство, кога свесно се кршеле законите и се правел криминал

Sase Ivanovski

Јаневски: Не поддржуваме одлука која предвидува нередовни автобуски линии во руралните и приградските населби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска: Власта направи хаос со инспекторатите, пазарните инспектори не може да казнуваат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува бојкотот против ланците на профитери кои за жал СДС ги штити и сака да ги амнестира

Sase Ivanovski

Донаторска конференција со фокус на младите во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади

Sase Ivanovski

Јаневска: Добро е за сите нас кога компаниите ја покажуваат општествената одговорност со инвестирање во образованието

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Бојковски со порака до Арсовска и ЈСП: Месните и урбаните заедници треба да учествуваат во одлуката за менување на возните линии на ЈСП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Скандалозна изјава на Трајко Славевски, граѓаните да не бараат поголеми плати додека тој ужива

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чии кадри се бираат во Муртино, наместо во партиските органи

Sase Ivanovski

Лашкоска: Грижата за водите е одговорност на секој од нас, бидејќи сме дел од заедничкиот простор во кој живееме

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС со најмизерни зборови ги напаѓаат Муцунски и Митески, Општина Аеродром посветено работи на подобрување на условите во кои растат и се развиваат децата

Sase Ivanovski

Стојановски: Ние советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаме за решавање на проблемот на граѓаните на Општина Сарај со водоснабдувањето

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николова до Јаневска: Има лавина реакции за лошата концепција-ќе преземете ли одговорност за уништување на критичната мисла?

Sase Ivanovski

Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Врховниот суд

Sase Ivanovski

Герасимовски: Покрената иницијатива за почисти училишни дворови, ја подигнуваме свеста кај децата за грижа за животна средина

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Марковска Илиевска по четврти пат поставува прашање, дали уредувањето и сите активности за мега паркот зафаќаат дел од втората заштитна зона каде што се бунарите, но одговор од Арсовска нема

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Кој лаже за бојкотот, Мицкоски или Трајко Славески со неговите срамни изјави?

Sase Ivanovski

СДСМ: (Најава) Претседателот Филипче во работна посета на Хрватска

Sase Ivanovski

Осврт на филмот Perfect Days, во режија на филмскиот автор Wim Wenders. Текстот е објавен на веб-порталот Трн.мк

Sase Ivanovski

Сите видови италијански сирења…

Sase Ivanovski

Осврт на антологискиот албум Station to Station на David Bowie, објавен во јануари 1976.

Sase Ivanovski

КИНЕСКИОТ „ЧАТ ГПТ“ КОРИСТЕЛ ПОДАТОЦИ ОД АМЕРИКАНСКИОТ БОТ? „Спутник моментот“ на DeepSeek е полн со контроверзии

Sase Ivanovski

АСАД ДА БИДЕ ЕКСТРАДИРАН Новиот претседател на Сирија упатил барање до Москва

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска одржав средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Паоло Палминтери

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Патот Тетово-Призрен наскоро ќе стане реалност

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ја укина заштитата од депортација за 600.000 Венецуелци

Sase Ivanovski

Училиштата во САД се обидуваат да ги заштитат учениците без документи од имиграционите рации на Трамп

Sase Ivanovski

Спасовски: Поднесовме иницијатива, бараме Надзорна расправа за загадениот воздух

Sase Ivanovski

Мајк Џонсон го брани агресивниот почеток на Трамп, изјавувајќи дека „сè е на маса“

Sase Ivanovski

СУБВЕНЦИИ ЗА МЛАДИТЕ КАРПОШАНИ КОИ ЌЕ ПОСЕТУВААТ ОБУКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

Sase Ivanovski

Службениците за имиграција: „Најлошото оди прво“, но сега нема „бесплатна пропусница“

Sase Ivanovski

Трамп му нареди на центарот за јавно здравство на САД да ги стопира сите заеднички проекти со Светската Здравствена Организација

Sase Ivanovski

Приведен 46-годишен Кумановец. Бил агресивен кон полицајци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа, помошта за новороденче остана непроменета

Sase Ivanovski

Нема преживеани во авионската несреќа во Вашингтон, САД

Sase Ivanovski

Saturday Family Brunch – Секоја сабота во @groovelyn од 11:00 до 14:00 !

Sase Ivanovski

Француските весници го тужат Линкедин за користење на нивната содржина

Sase Ivanovski

Патуваме кон југот, регионот на Егејска Македонија, денес Северна Грција, каде можеме сеуште да посведочиме сочувани примери на традиционалната архитектура

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на бизнис мафијата блиска до СДС

Sase Ivanovski

Гешовски: Граѓаните „полудеа“ по производи на „Тему“ , а не стивнува и интересот за платформата „Алиекспрес“

Sase Ivanovski

Македонски Концепт со остра осуда за иницијативата на градоначалникот на Тетово, Билал Касами

Sase Ivanovski

Лоран Бајрами направи увид на потпорниот ѕид кај Детска клиника кој почна да се распаѓа уште лани во јуни месец…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Создавањето на некакви зони без Aлбанци како што наведува ДУИ е единствено во главата на Ахмети и бегалецот Артан Груби

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Франција загина средношколка, повредени се голем број ученици

Sase Ivanovski

Захарова: Не смее да се дозволи во Србија да владее хаос

Sase Ivanovski

Гаши: Потребни ни се длабоки промени во правосудството

Sase Ivanovski

Министерството за финансии ќе продава државни хартии од вредност за 57 милиони евра

Sase Ivanovski

Телефонски број и имејл адреса пред печат за продолѓување регистрација – МВР го комплетира Сејф сити

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Глигор Цветанов во „Бизнис-клуб“: „Извозот е суштински за да опстанеме и како компании и како држава“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Внимание: Не растат платите туку цените – следува бојкот!

Sase Ivanovski

Пресуда против Италија за неактивност во справувањето со мафијашките диви депонии со токсичен отпад

Sase Ivanovski
Вчитувам....