Ставовите на Трајко Славески се лични. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и недвосмислен. Изразуваме разбирање за револтот на граѓаните и поддршка на најавениот бојкот.
Институциите излегуваат на терен да се борат против ланците на профитери кои за жал СДС ги штити и преку вакви димни бомби и прашини сакаат да ги амнестираат вистинските профитери. Филипче да каже колку од ланците профитери го платија да држи прес-конференции со кои ќе спласне темата и дефокусира од проблемите.