Фицо ги отфрли повиците за негова оставка откако десетици илјади луѓе демонстрираа против промената на политиката на неговата влада за приближување кон Русија. Владата на словачкиот премиер Роберт Фицо го изгуби мнозинството во парламентот, но не е точно дека тој „паднал“, како што вели објавата. Фицо ги отфрли повиците за негова оставка откако десетици илјади луѓе демонстрираа против промената на политиката на неговата влада за приближување кон Русија. Во интервју за јавниот сервис Фицо изјави дека Владата може да се смени само ако има избори, а тие ќе бидат неопходни само доколку коалициските партнери не ги решат внатрешните прашања, пишува Вистиномер. Анализираме објава на социјалната мрежа Тредс која вели:
ПАДНА ФИЌО!ГО ИЗГУБИ МНОЗИНСТВОТО ВО ПАРЛАМЕНТОТ.СЛЕДИ НЕГОВАТА ОСТАВКА!ЕВРОПА СЕ ОПРЕДЕЛИ ДА ГИ РУШИ ДЕСНИЧАРИТЕ. НА РЕД СЕ СЛЕДНИТЕ АНТИ ЕУ ЛИДЕРИ ОД ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ И НИВНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ!
Точно е дека Владата на словачкиот премиер Роберт Фицо го изгуби мнозинството во парламентот, но не е точно дека тој „паднал“, како што вели објавата. Имено, како што пишува Гардијан на 25 јануари, Фицо ги отфрли повиците за негова оставка откако десетици илјади демонстрираа против промената на политиката на неговата влада за приближување кон Русија. Владата може да се смени само ако има избори, рече Фицо во интервју за јавниот сервис на прашањето за протестите, пренесува Гардијан. Неговата изјава ја пренесе и Еурактив. Како што наведува порталот, Фицо признал дека можеби ќе бидат неопходни предвремени избори доколку коалициските партнери не ги решат внатрешните прашања. Владата на Фицо, составена од неговата партија Смер-СД и коалициските партнери СНС и Хлас-СД (НИ), е во криза од есента. Во овој период, ОВА БИ БИЛО ТЕХНИЧКО РЕШЕНИЕ ЗА КОАЛИЦИСКИТЕ ПРОБЛЕМИ, НО НЕ Е НУЖНО НАЈДОБРО ПОЛИТИЧКО, ИЗЈАВИ ФИЦО ЗА STVR ВО САБОТАТА ПО ПРОТЕСТИТЕ, ПРЕНЕСУВА ЕУРАКТИВ.
тројца пратеници се одвоија од СНС, инсистирајќи на министерско место во замена за нивната поддршка за владата, а уште четворица пратеници од Хлас-СД почнаа отворено да се бунтуваат против владините политики. Коалицијата на Фицо, која го започна својот мандат со 79 пратеници во 150-члениот парламент, едвај над минимумот од 76, сега де факто нема мнозинство за да владее, достигнувајќи максимални 75 пратеници во најоптимистичкото сценарио. Парламентот сега е парализиран не поради некои надворешни мрачни сили кои дејствуваат во позадина, туку поради неспособноста на Фицо да владее, изјави опозицискиот лидер Михал Шимечка од Прогресивна Словачка, сигнализирајќи ја подготвеноста на неговата партија да поддржи предвремени избори. Од сето ова можеме да заклучиме дека Фицо не „паднал’, како што тврди објавата што ја анализираме. Поради тоа истата ја оценуваме како невистина. Извор: Новинска агенција МЕТА