Спасувачките екипи во Јапонија се обидуваат да извлечат возач на камион од дупка што се појави завчера и оттогаш се прошири, јавува Би-Би-Си. Во градот Јашио во префектурата Саитама, недалеку од главниот град Токио, се појави дупка и проголта камион. Спасувачките напори беа отежнати поради урнатиот пат, а властите наредија евакуација на десетици домаќинства во областа. Според локалните медиуми, 74-годишниот возач последен пат им одговорил на спасувачите завчера попладне. Иако службите за итни случаи успеале да го извадат товарниот дел од камионот од дупката со големина на базен, кабината на возачот се уште е затрупана во нечистотија и урнатини. Дупката со дијаметар од околу 10 метри и длабока 5 метри првпат се појави завчера наутро на раскрсница на пат. Најверојатно е предизвикана од пукање на подземна канализациона цевка.
Japan sinkhole doubles in width as crews work to free truck driver pic.twitter.com/lNz7Mds61y
— Orin Ulysses Rascal (@ourascal) January 30, 2025
Властите соопштија дека отпадните води од оштетената цевка се излеале од дупката, поради што денеска се појавила втора дупка. Снимките покажаа како за време на уривањето се урна електричен столб и знак од ресторан, по што следеше дополнително уривање на патот што ги поврза двете длабнатини во огромен кратер широк 20 метри, што дополнително ја отежна спасувачката операција. Во дупката има и гасовод, што ги зголеми стравувањата за можно истекување на гас. Властите наредија евакуација на 200 домаќинства во околината. Тие ги повикаа и жителите на градот и околните места да ја намалат потрошувачката на вода.