59-годишна жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзиниот 15 години помлад поранешен партнер ја нападнал во центарот на Скопје, а потоа дошол и на нејзиното работно место, каде се однесувал агресивно, соопшти МВР.
„На 29.01.2025 во 18:36 часот во СВР Скопје, 59-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Г.М.(44) од Скопје, кој потоа околу 14.00 на нејзиното работно место агресивно се однесувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.