Страотна несреќа се случи минатиот понеделник попладне во градот Лонгшуи во Кина при што 12-годишно девојче е тешко повредено откако фрлило петарда во канализација, предизвикувајќи експлозија од испарувањата, објавија кинеските медиуми. Видеото од безбедносната камера го покажува моментот од експлозијата која била толку силна што од една страна била скршена бетонската капа на шахтата, а од друга страна 12-годишното девојче е фрлено 10 метри во височина и паднало на земја.
Според кинеските медиуми, девојчето се обидело да се оддалечи од местото каде што ја фрли петардата, но згазнала на друг капак кој ја фрлил во воздух кога истиот бил скршен од експлозијата. Од експлозијата девојката накратко изгубила свест додека јакната и била искината на парчиња. Како што соопштија локалните служби за итни случаи, девојчето се здобило со повеќе скршеници, изгореници на главата и лицето, но нејзиниот живот не е во животна опасност.