Скопје, 30 јануари 2025 – Денес успешно се одржа финалниот настан во рамки на проектот „Младински активизам за одржливи реки: Заштита и зачувување на биодиверзитетот на реката Треска“, што го спроведе Аналитика – Скопје со поддршка на Амбасадата на Канада за Србија, Северна Македонија и Црна Гора. Настанот отвори суштинска дискусија за загрозеноста на реката Треска и ги претстави клучните наоди од спроведените истражувања за квалитетот на водата и биодиверзитетот, како и конкретни препораки за нејзина заштита.
🔹 Воведни обраќања:
Бојана Мијовиќ Христовска, програмски директор во Аналитика Тинк Тенк, истакна дека ова истражување претставува основа за понатамошни активности во заштитата на реката Треска и дека Аналитика ќе продолжи со застапување на политики базирани на научни докази, како и со јакнење на капацитетите на локалните заедници и институции за еколошко управување. Во своето воведно излагање, г-дин Дејвид Морган, заменик амбасадор на Канада, ја истакна важноста на чистата вода и воздух за одржливиот развој, со посебен акцент на улогата на младите и потребата од партнерски пристап во решавањето на еколошките предизвици.
Г-ѓа Ане Лашкоска, заменик министерка за животна средина и просторно планирање, особено го пофали вклучувањето на младите во иницијативата и ја потенцираше важноста на соработката меѓу институциите и граѓаните. Таа изрази благодарност до Амбасадата на Канада за поддршката и повика на поголема вклученост на сите засегнати страни во заштитата на природните ресурси. Таа потенцираше дека ова е прва научна анализа од ваков вид за реката Треска во Македонија, а добиените наоди ќе бидат од огромна корист за Министерството за животна средина во идното планирање и управување со водните ресурси.
Д-р Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје, истакна дека интегрираното управување со водните ресурси и конзистентни политики за квалитет на водата се од клучно значење. Според неа, превенцијата и активното вклучување на јавноста се неопходни за зачувување на природните ресурси, што е прашање од суштинско значење за нашиот опстанок. Г-ѓа Јулијана Павковска-Боцевска, државен секретар во Министерството за локална самоуправа, нагласи дека институциите се силно посветени на одржлива животна средина, зелен развој и намалување на загадувањето. Таа додаде дека соработката меѓу институциите е клучна за напредокот на земјата кон ЕУ и потенцираше дека владата ќе продолжи да биде силен партнер во овие процеси. Во рамки на панел-дискусијата беа презентирани детални анализи и препораки за зачувување на реката Треска:
М-р Маја Христовска, проектен експерт во Аналитика, ја презентираше методологијата и резултатите од спроведеното истражување.
Беким Ќаили, професор по биологија и хемија, ги презентираше наодите од лабораториските анализи, кои покажуваат дека водата во реката Треска е условно погодна за рекреација и наводнување, но само по соодветен третман, ДОДЕКА БАКТЕРИОЛОШКИТЕ АНАЛИЗИ УКАЖУВААТ НА АЛАРМАНТНО НИВО НА ФЕКАЛНО ЗАГАДУВАЊЕ.
Проф. д-р Борче Треноски, професор по економија на животна средина, истакна дека економските трошоци од загадувањето на реката Треска се значителни, но дека инвестирањето во нејзино чистење може да ја врати како туристичка атракција што ќе генерира приходи за локалната заедница.
✅ Горјан Христовски, претставник на здружението „Рибар 2011“, потенцираше дека нивните активисти постојано спроведуваат акции за чистење на реката, но нагласи и дека развојот на спортскиот риболов може да биде дополнителен механизам за одржливост.
Главни наоди од научната анализа:
📌 Физичко-хемиските анализи покажуваат дека водата во реката Треска се движи помеѓу II и III класа, што ја прави условно погодна за рекреација и наводнување, но само по соодветен третман.
📌 БАКТЕРИОЛОШКИТЕ АНАЛИЗИ УКАЖУВААТ НА АЛАРМАНТНО ЗАГАДУВАЊЕ, ПРИ ШТО ВОДАТА СЕ КАТЕГОРИЗИРА ВО IV КЛАСА ПОРАДИ ВИСОКА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА ФЕКАЛНИ БАКТЕРИИ (ESCHERICHIA COLI И КОЛИФОРМНИ БАКТЕРИИ).
📌 Контаминацијата доаѓа од канализациски отпадни води, индустриски и земјоделски активности, како и несоодветно управување со отпадот.
🔑 Клучни препораки за зачувување на реката Треска:
✔ Изградба и модернизација на постројките за третман на отпадни води
✔ Подобрување на управувањето со комунален и индустриски отпад
✔ Построги регулативи и казни за нелегално исфрлање на отпад
✔ Зголемување на мониторингот на водните ресурси и транспарентност во податоците
✔ Јакнење на јавната свест и едука