2.8 C
Скопје
31/01/2025 23:28
МАКТЕЛ

   

📊 СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ СПЕЦИЈАЛИСТИ, А НЕ МАТИЧНИ ЛЕКАРИ Како да се мотивираат младите да работат како лекари во помалите места?

     

Матичните лекари треба да водат само електронски картон. Употребата на хартиени картони, како и печатењето упати, специјалистички мислења и други документи од системот Мој термин, треба да биде укината. Треба да се укине дестимулативната скала која предвидува намалување на капитацијата со зголемување на бројот на пациенти, предлагаат од Лекарската комора со цел да ги стимулираат младите да се насочат кон оваа професија. За младите во Македонија не е привлечна професијата матичен лекар. По завршувањето на Медицинскиот факултет, повеќето веднаш бараат специјализација, со надеж дека ќе работат во специјализираните болници и клиники во градовите. Руралните средини и помалите градови во последниве години се соочуваат со недостиг на кадар во примарната здравствена заштита. Постоечките матични ординации се затвораат поради пензионирање на лекарите, а нови ординации не се отвораат. Тие што продолжуваат да работат стануваат преоптоварени со пациенти. Оваа ситуација создава сериозни проблеми и за пациентите и за лекарите, но и за државата. Пациентите треба да патуваат далеку за обичен преглед, лекарите се оптоварени, а државата нема начин како да најде соодветен кадар за да ги задоволи потребите на сите граѓани. Неопходна е стратегија за тоа каков кадар е потребен. Претседателката на Здружението на приватни лекари Лилија Чолакова Дервишова вели дека главниот проблем е во недоволната мотивација на младите лекари да се вклучат како матични лекари, особено во руралните средини.

– Од 1.800 матични лекари, денес бројката се намали на 1.436. Мора итно да се преземат мерки за да се спречи понатамошниот пад и да се обезбеди иднина за примарното здравство. Секој млад лекар сака специјализација, а речиси никој не сака да работи во руралните средини. Голем број прекрасни ординации во овие места денес се оставени на забот на времето и пропаѓаат – вели таа. Здружението предлага секој млад лекар да работи три години во руралните средини под државна капа, по што би добил право да избере специјализација. – Мора да има национална стратегија која ќе планира кој оди во пензија, каде се потребни специјалисти и слично. Не може сите да одат во Скопје, а другите делови од земјата да остануваат без здравствени услуги. Секоја година се лиценцираат по 300 до 400 млади лекари, но најголем дел од нив учат германски со цел да заминат во странство. Во моментов миграцијата е малку стопирана откако се зголемија платите на специјалистите и надоместокот за дежурства – вели Чолакова Дервишова. Таа го поздрави најавеното вработување на 300 специјализанти од министерот за здравство, Арбен Таравари. Но, додава дека е потребно планирање со помош на ГИС-програми за рамномерна распределба на кадарот. – ФЗОМ плаќа за да има здравствени услуги насекаде, но тоа бара стратегиски пристап – потенцира претседателката на Здружението. Чолакова Дервишова нагласи дека примарното здравство има капацитет да преземе дел од обврските на секундарното и терцијарното здравство. – Континуирано бараме режимот за лекови да се олесни за да избегнеме непотребни упати кај специјалисти. Секој лекар по завршување на Медицинскиот факултет има право да препише лекови, но правилниците на ФЗОМ се многу застарени и мора да се менуваат – истакна таа. Дополнителен проблем е недостигот од медицински сестри, кој го чувствуваат и градските и руралните средини.

   

– Во осум амбуланти не можеше да се најдат медицински сестри, што ќе доведеше до нивно затворање. Благодарение на нашите апели, ФЗОМ дозволи тие ординации да продолжат да работат 24 месеци без медицинска сестра – нагласи Чолакова Дервишова. Таа укажа дека е неопходно да се подобри финансиската состојба во примарното здравство за да стане конкурентно на пазарот на трудот.– Овие мали ординации се вистинско богатство за населението во руралните места и нивното функционирање мора да се заштити. Сега е моментот да направиме промени што ќе гарантираат подобро здравје за сите – порача таа. Лекарската комора побарала поедноставна администрација за матичните. Матичните лекари, како главни даватели на здравствени услуги во примарната здравствена заштита, се носители на првиот и основен столб на здравствениот систем. Тие играат клучна улога во обезбедувањето стабилност и ефикасност на системот, што подразбира стратешко и развојно позиционирање за да одговорат на современите потреби на пациентите, велат од Лекарската комора на Македонија. – Матичните лекари се првата линија на контакт со пациентите. Нивната улога е да спречат непотребно прелевање на пациентите кон другите нивоа на здравствениот систем и да обезбедат ефикасна здравствена заштита. Затоа, нивните потреби и барања секогаш се на врвот на агендата на Комората – истакнуваат од Лекарската комора. На иницијатива на Лекарската комора беа донесени измени на Законот за здравствена заштита, кои значително ја олеснуваат процедурата за продолжување на концесиите за работа на матичните лекари. Претходно, лекарите се соочуваа со административни пречки, особено при пензионирање, кога ординацијата мораше да се затвори. – Сега, другиот доктор кој најмалку една година работи во здравствената установа, може да продолжи да работи како концесионер без да ја поминува целата постапка од почеток. Ова решение гарантира континуитет во здравствената заштита и го намалува административниот товар – објаснуваат од Комората. На средба со министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, од Лекарската комора побарале целокупната медицинска документација да се води електронски. – Матичните лекари треба да водат само електронски картон. Употребата на хартиени картони, како и печатењето упати, специјалистички мислења и други документи од системот Мој термин, треба да биде укината – потенцираат од Комората. Во октомври минатата година, на средба со директорите на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, Лекарската комора ги изнела приоритетните реформи за примарната здравствена заштита. – Една од клучните промени што ги бараме е укинување на дестимулативната скала која предвидува намалување на капитацијата со зголемување на бројот на пациенти. Во сегашните услови, кога недостасува здравствен кадар, оваа мерка е контрапродуктивна – изјавуваат од Комората.

Исто така, тие нагласиле дека е неопходно прилагодување на превентивните програми за да одговараат на современите трендови на болести, како и воспоставување систем за одржливост на руралните амбуланти. – Потребен е модел што ќе гарантира усогласување на капитацискиот бод со трошоците за живот, инфлацијата и минималната плата. Ова е единствениот начин да се обезбеди достоинствен приход за матичните лекари и да се привлечат млади лекари во овој сегмент – додаваат од Комората. Од Лекарската комора истакнуваат дека професионалниот развој на младите лекари е од суштинско значење. – Неопходно е да се создадат услови за стручно усовршување на младите лекари, бидејќи тоа е клучно за обезбедување квалитетна здравствена заштита во иднина – завршуваат од Комората. Фондот прави напори за привлекување нови кадри Од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) велат дека распределбата на ординациите по градови и населени места е уредена преку Мрежата на здравствени установи, која ја формира Министерството за здравство. ФЗО склучува договори со матичните лекари само по добиено одобрение од Министерството, кое го проверува исполнувањето на критериумите за простор, опрема и кадар. Фондот сподели податоци за пензионираните лекари и новите договори во последните три години. Во периодот од 2022 до 2024 година, бројките покажуваат зголемување на склучените договори со нови лекари наспроти бројот на пензионирања: Во Фондот нагласуваат дека овие бројки се доказ за континуираните напори да се обезбеди адекватна примарна здравствена заштита, особено во руралните и недостапните подрачја. – Со зголемување на бројот на договори со нови лекари, успеваме да го намалиме притисокот врз здравствениот систем. Ова е приоритет за нас како институција – велат од Фондот. ФЗО планира да воведе реформи во примарната здравствена заштита, со кои матичните лекари ќе добијат можност да издаваат упати за специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита само за оние услуги кои се неопходни за пациентите. – Со тоа би се зголемила достапноста на услугите на примарно ниво и би се намалил товарот врз секундарното и терцијарното здравство – посочуваат од Фондот. За да се привлечат повеќе лекари во примарното здравство, ФЗО веќе имплементира низа активности. Според Фондот, преземени се мерки за стимулација на млади лекари – финансиски поволности за оние кои почнуваат работа во рурални и недостапни подрачја; замена за подолготрајно отсуство – обезбедување континуитет на услугите дури и во отсуство на матичниот лекар; зголемување на капитациониот бод – повеќе пари за ординациите во руралните средини; преговори со здруженијата на приватни лекари за да се подобрат условите за работа; дигитализација на системот, со што ќе се воведе е-рецепт и ќе се намали административниот товар за лекарите. Во рамки на реформите, ФЗО веќе ги прави првите чекори за воведување електронски рецепти. Оваа иницијатива има за цел да ја олесни работата на матичните лекари и да им овозможи повеќе време да посветат на пациентите.

 

Најново

ВИТАМИНКА: Карванот на Витаминка продолжува низ целата држава

Sase Ivanovski

ЦУ: Директорот на Царинска управа: во втората половина од 2024та приходите од царина со раст од 13,8%, од акциза за 8,9%, случаите на заплени со 100% раст

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Марков: Клиниката за дерматологија во време на СДС давала приватни услуги на пациенти и наплаќала надомест незаконски, ЈО да отвори постапка

Sase Ivanovski

Марков: СДС во обид на нова злоупотреба на чувствата на граѓаните и креирање на нов Нешковски, судијката која го ослободила возачот го водеше Талир 2 за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

СДСМ: Со поскапување на парното власта уште посилно удира по џебот на народот

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ: Приведени двајца разбојници во Куманово, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

ФЕИТ лидер во дигиталната трансформација – отворен првиот европски дигитален иновациски хаб ЕДИХ

Sase Ivanovski

Гостивар, цената за паркирање се намалува од 40 денари на 25 денари

Sase Ivanovski

Хелсиншки комитет за човекови права: Непостапувањето на институциите и неказнивоста на криминалците ја плаќаме со уште една трагедија

Sase Ivanovski

Герасимовски: Исчистен сметот од улиците „Рузвелтова“, „Павел Шатев“, и зад Соборниот храм

Sase Ivanovski

Јаневска: Отворањето на ИНОФЕИТ ЕДИХ ќе им помогне на компаниите во дигиталната трансформација и иновативноста, со цел да станат глобално конкурентни

Sase Ivanovski

Костадиновски: Паметен избор на акции – атрактивни приноси

Sase Ivanovski

Традиционален „Candlelight“ концерт под свеќи на Профундис во Македонската филхармонија – ќе настапи новата светска ѕвезда Петар Пејчиќ

Sase Ivanovski

Николова: Со лошата концепција, Македонија ќе биде единствена земја во регионот каде филозофијата ќе ја нема како задолжителен предмет

Sase Ivanovski

Таткото на Фросина: Неказнивоста е коренот на сите проблеми

Sase Ivanovski

Украинското Министерство за одбрана го разреши директорот на Агенцијата за одбранбени набавки

Sase Ivanovski

Професорот Изет Цури се прости од Фросина: Најдобриот шарен студент што некогаш сме го имале

Sase Ivanovski

Нова несреќа во Скопје – прегазил пешак, па избегал!

Sase Ivanovski

Апасиев: Гледате ли до што не’ доведовте, драги наши корумпирани расипани обвинители и валкани пандури

Sase Ivanovski

Кумановец (83) дал 100.000 денари за да ги „спаси синот и снаата од затвор“

Sase Ivanovski

Кривичен суд: Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот после 7 месеци од пресудата ќе стори друго кривично дело?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Автомобил удри две докторки на блокада во Белград

Sase Ivanovski

Трудо: Канада ќе одговори веднаш и силно доколку САД навистина воведат царини

Sase Ivanovski

Фросина, од нашите прегратки те откинаа: Неготино тагува по згаснатиот млад живот!

Sase Ivanovski

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го проширува својот тим – Се бара инжинер електроничар

Sase Ivanovski

Протестот за Фросина продолжи и пред Кривичен суд – граѓаните бараат „Затвор за Васил“

Sase Ivanovski

Од утре скопјани ќе плаќаат за пет проценти поскапо парно греење

Sase Ivanovski

ПИЕЗО-РИНОПЛАСТИКА…НОВА РЕВОЛУЦИОНЕРНА МЕТОДА ВО АЏИБАДЕМ СИСТИНА ЗА СОВРШЕНО ОБЛИКУВАН НОС

Sase Ivanovski

Блокирањето на Собраниската комисија во РСМ спаси 15 педофили од објавување на нивните податоци во Регистарот на педофили

Sase Ivanovski

Уметнички лизгачи, студенти, воени лица и група на ловци се дел од жртвите во авионската несреќа која се случи во Вашингтон

Sase Ivanovski

Трамп понуди доброволен отказ на 2 милиони административци, ако прифатат ќе добијат еднократен бонус од 8 плати

Sase Ivanovski

Караванот на Витаминка продолжува низ целата држава

Sase Ivanovski

Моника Левински го лансираше првиот подкаст со Wondery

Sase Ivanovski

Калас: ЕУ ги враќа набљудувачите на граничниот премин Рафах

Sase Ivanovski

„Скапана држава“ – дали институциите направиле фатална грешка за смртта на Фросина?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРАЌАЊЕТО СЛИКИ И ФАЈЛОВИ ОД ЕДЕН НА ДРУГ УРЕД НА ХУАВЕИ СЕГА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СО МАФТАЊЕ СО РАКАТА

Sase Ivanovski

Вучиќ за протестите: Никогаш не употребуваме физичка сила

Sase Ivanovski

Минимална плата имаат 14.000 државни службеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сопругот на избрканата докторка од Козле се соочи со Таравари: Жена ми остана без работа!

Sase Ivanovski

МЛАД НЕГОТИНЕЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ОД ВИЛУШКАР 26-годишник бил удрен со машина од негов колега

Sase Ivanovski

ЌЕ МУ СТАВИМЕ КРАЈ НА ДИВЕЕЊЕТО ПО УЛИЦИТЕ Мицкоски го поддржа протестот за Фросина

Sase Ivanovski

ДОНАЛД ТРАМП ЌЕ ДЕПОРТИРА 341 МАКЕДОНЕЦ Американскиот претседател воведува построга миграциска политика

Sase Ivanovski

ФРОСИНА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ САМО БРОЈКА Гласот на народот одекнува пред Собранието

Sase Ivanovski

СДСМ: Максимална казна за сторителот кој ја усмрти Фросина, бараме правда и поголема безбедност на улиците

Sase Ivanovski

СДСМ бара разрешување на директорката на болницата „Козле“, докторката тврди: Дрското однесување и попречување на работата е недозволено

Sase Ivanovski

„Сите одиме кај ист судија, а таму има само една правда“ – протест на „Партизанска“, граѓаните бараат одговорност за смртта на Фросина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО и ФОТО) „Врските не враќаат човечки живот“ – граѓани бараат правда за Фросина

Sase Ivanovski

Неготинскиот градоначалник со поддршка за собирот во чест на Фросина: Одговорноста е на секој од нас!

Sase Ivanovski

Хуманоста секогаш на прво место – Петар Ристески типуваше, а Mozzart донираше во Клиничката болница „Др Трифун Пановски” од Битола

Sase Ivanovski

Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот

Sase Ivanovski

Возачот Јованов се противел на притворот, се бранел дека не може да го повтори делото оти сега бил “психички паднат”

Sase Ivanovski

Радев немал никакви врски со бугарските шпиони обвинети во Британија

Sase Ivanovski

Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа

Sase Ivanovski

Д-р Илина Гаџевска Томулевска од Клиника Жан Митрев, специјалист по пластична реконструктивна и естетска хирургија: Естетска хирургија на лице – уши, нос и очни капаци

Sase Ivanovski

Клиниката Жан Митрев, Скопје вработува магационер

Sase Ivanovski

Среќната добитничка на бесплатно породување во Клиника Жан Митрев го подигна својот ваучер!

Sase Ivanovski

Еден кафетин од доктор Лазаров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Голема посетеност на протестот пред Силбо во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата не е увезена, таа е домашна

Sase Ivanovski

Мицкоски: Како Влада сме целосно ориентирани кон поддршка на директните вложувања на странски компании, но и директна поддршка на македонските компании

Sase Ivanovski

Повеќето Хрвати годинава не планираат да одат на скијање

Sase Ivanovski

МОН може да посредува, но нема ингеренции за дополнителните трошоци на студентите, вели Јаневска

Sase Ivanovski

Со 2,52 промили и без возачка, 23-годишник летал по улиците низ Дебар

Sase Ivanovski

Герила акција: Литро крв за една потрошувачка кошничка

Sase Ivanovski

Лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле бара разрешување на директорката која раководи со ароганција и моќен грб кој го има

Sase Ivanovski

Парното поскапува за 5,03 проценти

Sase Ivanovski

Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите

Sase Ivanovski

Во Битола регистрирани зачестени интернет измами преку социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното мнозинство при второто гласање во грчкиот Парламент

Sase Ivanovski

Аплаузот за Милорад Додик во Скопје

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА СЕ ЗАКАНИ СО ДРАКОНСКИ КАЗНИ ЗА ТРГОВЦИТЕ Инспекторатот се засилува со нови вработувања

Sase Ivanovski

ОВА Е НАЦРТ-КОНЦЕПЦИЈА И МОЖЕ ДА ПРЕТРПИ ПРОМЕНИ Министерството за образование сериозно ги сфаќа сите коментари за реформите

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ ГИ ПУШТИ ВЕТЕНИТЕ 110 ПАЛЕСТИНСКИ ЗАТВОРЕНИЦИ Хамас ги објави имињата на тројцата заложници што ќе бидат ослободени в сабота

Sase Ivanovski

Кауфланд Хрватска ги намалува цените на над 1.000 производи

Sase Ivanovski

Расчистено убиство во Кавадарци: со гушење ја убил неговата партнерка, приведен 42-годишник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Кашкавалот ми е скап, ама не бојкотирам“: Дел од граѓаните си пазарат во маркетите за време на граѓанскиот бојкот

Sase Ivanovski

Серија земјотреси утрово ја погодија Грција

Sase Ivanovski

„Анонимен“ бизнисмен од Василево преку инвеститори од Тирана сака да купи фабрика од Владата

Sase Ivanovski

КАЛКУЛАТОРИТЕ НА АКЦИОНЕРИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА „СВЕТНАА“ од убави бројки – ќе се дели бруто дивиденда од над 46 милиони евра

Sase Ivanovski

ЈПДП стокми 150 милиони евра за „Бехтел и Енка“ и „казнени“ 10 милиони за автопатот Кичево – Охрид

Sase Ivanovski
Вчитувам....