Вчера вечерта немаше поголеми гужви во маркетите во Сараево ден пред најавениот бојкот на продавниците. Граѓаните забележаа и бројни промоции кои ги нудат продавниците. Иако постоеше шанса во трговските центри да има поголем сообраќај од вообичаено, тоа не се случи. Дали тоа значи дека граѓаните веќе се во некаков бојкот поради високите цени или во голема мера ќе го игнорираат повикот за бојкот, ќе видиме денес, пишуваат новинарите на Кликс.ба. Идејата за бојкот на продавници, ресторани, пекарници и бензински пумпи потекнува од Хрватска кога минатиот петок граѓаните масовно го бојкотираа купувањето во продавниците. Како и во Босна и Херцеговина, во Хрватска се евидентирани високи цени на храната. Освен во Хрватска и Босна и Херцеговина, бојкоти беа најавени и во Србија, Црна Гора и Македонија. Гордана Булиќ од Здружението на потрошувачи на Босна и Херцеговина ги повика граѓаните да одговорат на бојкотот.
„Се разбира, ги повикуваме граѓаните утре да бојкотираат, да ги држат паричниците затворени, да не купуваат ништо ако можат да го сторат тоа. Да го одложат пазарењето до сабота. Мислам дека нема да има економски ефекти за потрошувачите и трговците затоа што тешко е да се очекува некој што има две или три деца да не купува млеко, брашно или шеќер“, нагласи таа. Бојкотот во Хрватска имаше позитивни ефекти, имајќи предвид дека Владата на Република Хрватска и трговските ланци постигнаа договор за проширување на листата на производи со ограничени цени. Сега има уште 70 производи; леб, пецива, палента, тестенини, дупло печен леб, паштета, колбас, неколку видови риби, кравјо сирење, кајмак, путер, цвекло, сливи, кафе, џем, детергенти, сапуни…