На 42-годишна возраст, по кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ беше долгогодишен дел од македонската медиумска сцена, а од 2007 до 2018 година работеше во редакцијата на Канал 5 како уредник во информативната редакција.
Неговата новинарска кариера беше посветена на следење на настани од надворешната политика, при што остави значаен печат во известувањето.