Речиси половина од Данците веруваат дека САД претставуваат значителна закана за нивната земја, поголема од Северна Кореја или Иран, а огромното мнозинство се против продажба на Гренланд, според неодамнешното истражување на Јоугов. Истражувањето, спроведено помеѓу 15 и 22 јануари и во кое учествуваа повеќе од 1.000 луѓе во Данска, покажа дека 46 отсто веруваат дека САД се или „многу голема закана“ или „прилично голема закана“ за Данска, додека истото важи и за Северна Кореја, каде 44 отсто од испитаниците го делат тоа мисење, додека 40 отсто од Данците сметаат исто така дека и Иран им е закана, пренесува Гардијан.
Дополнително, 78 отсто од анкетираните рекле дека се против продажбата на Гренланд на САД, додека 72 отсто веруваат дека конечната одлука треба да се донесе во Гренланд, а не во Данска. Анкетата беше спроведена откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД треба да имаат контрола над Гренланд и Панамскиот канал поради „економска безбедност“ и ја опиша сопственоста и контролата на територијата како „апсолутна неопходност“. Гренланд, арктичкиот остров со население од 57.000 жители, порано бил управуван како колонија од Данска, која сè уште ја контролира надворешната и безбедносната политика на островот, пренесува Танјуг.