2.8 C
Скопје
01/02/2025 03:44
МАКТЕЛ

   

КАЛКУЛАТОРИТЕ НА АКЦИОНЕРИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА „СВЕТНАА“ од убави бројки – ќе се дели бруто дивиденда од над 46 милиони евра

     

Како што и доликува на издавач на хартии од вредност чии акции се на суперкотација на Македонската Берза, Комерцијална банка вчера го објави својот финансиски резултат за минатата година, заедно со детално образложение, односно коментар на бројките во нејзините биланси, но и ја „испука“ веста што многумина ги интересираше, а таа е колкава дивиденда ќе добијат на своите конта акционерите на банката. Без да прави дополнителни стресови и одолговлекувања, банката ја објави Одлуката на Управниот одбор, која ќе оди како предлог и до Надзорниот одбор, а и до Собранието на акционери, за тоа колкав колач во форма на дивиденда ќе добијат сопствениците на акции на најголемата банка во земјава. А, инвеститорите вчера беа запознаени и со плановите на банката за тоа како ќе се одвива и во какви услови нејзиното работење во оваа година, и кои ќе бидат нејзините главни цели и задачи. Она што е факт е дека од чистиот профит остварен лани од 80,1 милиони евра, во форма на дивиденда ќе одат 46,3 милиони евра, што е ниво од 57,8 отсто од профитот. А тоа е помалку од 70 отсто колку што можеби очекуваа некои акционери, но е сосема солиден износ, а кој банката го објасни и со фактот дека покрај за дивиденда, мора да се мисли и на обврските за зголемување на капиталот, нешто што е барано и од монетарните власти во земјава.
 
Да видиме како банката го коментира Билансот на успех, односно остварениот фантастичен чист профит за лани на износ од 80,1 милиони евра, за кој, како што веќе напишавме, јавноста можеби очекуваше да биде и малку повисок, со оглед на историски најголемите бројки од 72 милиони евра за првите три квартали од годината, но сепак премногу моќен и убедливо најголем досега, а, како што велат од самата банка, и повисок од нејзините очекувања. Инаку, во 12 месеци од ланската година банката оствари добивка пред оданочување во износ од над 89 милиони евра, што претставува зголемување за 40,1 отсто во поднос на претходната 2023 година. Оваа бројка го натфрлила и планот на банката за близу 30 проценти. Треба да се истакне дека за минатата година Комерцијална банка ќе и плати данок на добивка на државата на сума од 9,1 милиони евра.

Со ова, нето добивката е на ниво од 80,1 милиони евра, или 37,5 отсто повеќе во однос на минатата година. „Нето-добивката, која ги надмина очекувањата за годината, е остварена во услови на нагласени ризици од надворешното окружување, особено зголемените геополитички тензии, побавното намалување на инфлацијата што резултираше со повнимателно релаксирање на монетарните политики на ФЕД и ЕЦБ, како и намалената економска активност на главните трговски партнери на државата. И покрај тоа, домашната економија забележа одредена стабилизација во однос на кризните периоди кои претходеа, што придонесе за поттикнување на инвестицискиот циклус во реалниот сектор, во чија поддршка Банката учествуваше преку зголемен обем на кредитирање. Дополнително, високата ликвидност со која располага Банката беше искористена за прудентно димензионирање на структурата на активата и пласирање средства во инструменти со помал ризик, но со задоволителни приноси“, се вели во коментарот на некоснсолидираниот Биланс на успех на Комерцијална банка.

Како што објаснуваат од Комерцијална банка, остварената добивка пред исправка на вредност, која е всушност показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 31,7 отсто поголема во однос на минатата година. Ова главно произлегло од зголемените останати приходи од дејноста и зголемените нето-приходи од камата, а во помал обем и поради зголемените нето приходи од провизии и надомести и нето-приходи од тргување.

„Позначителното зголемување на останатите приходи од дејноста во споредба со минатата година е резултат на зголемените приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот, како и поради зголемениот износ на наплатени претходно отпишани побарувања“, нагласуваат од банката. А, како појаснување, тоа се должи на продадениот имот на Еуроникел, а поранешен ФЕНИ, на турскиот конзорциум Јилдирим, што се случи некаде во април минатата година. Од своето работење лани Комерцијална банка вкупно наплатила приходи од фантастични 145 милиони евра. Тоа е раст за околу 26 отсто во однос на претхподната 2023 година. „Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на крајот на годината тие бележат зголемување од 14,5 отсто. Планот е исполнет со 114 проценти. Приходите по основ на камата се зголемени вкупно за 17,1 отсто, како резултат на зголемени пласмани кај сите сектори, и покрај почнатиот тренд на намалување на референтните каматни стапки во текот на второто полугодие. Имено, ЕЦБ изврши намалување на трите основни каматни стапки и соодветно на тоа, НБРСМ почна со релаксирање на монетарната политика“, го објаснуваат од најголемата банка процентот на раст на најиздашниот извор на пари за секоја банка, односно нето каматните приходи.

   

А, поголем раст имале расходите по основ на камата, кои се зголемени за 41,3 отсто, поради зголемените орочени депозити споредено со минатата година. Но, нето каматната маржа на ниво на банката се зголемилаз од 3,63 отсто на крајот од минатата година, на 3,85 проценти на крајот на ланската година. Нето-приходите од провизии и надоместоци биле лани 19,4 милиони евра, или имале раст од 8,4 отсто, во најголем дел како резултат на зголемениот обем на активности, особено во делот на работењето со картички. Нето-приходите од курсни разлики достигнале над 6 милиони евра и бележат зголемување од 3 отсто во однос на минатата година, но во однос на планот порастот е за 15,6 проценти. Останатите приходи од работењето на Банката 19,4 милиони евра и се позначително зголемени во однос на 2023 година, како резултат на повеќекратното зголемување кај приходите од капитална добивка од продажба на преземен имот (Еуроникел), а во помал обем и поради зголемените наплатени претходно отпишани побарувања. И самата банка објаснува дека во тие рамки најголемо учество имаат приходите од продажба на преземен имот од должниците Еуроникел Индустри ДООКавадарци и Нова Рефрактори ДОО Пехчево, евидентирани во април 2024 година. Овде планот е натфрлен со над 59 проценти. Оперативните расходи биле 44,3 милиони евра, и во однос на минатата година се зголемени за 14,4 отсто, во најголем дел како резултат на зголемените останати расходи и зголемениот износ на плати и други трошоци за вработените, а во помал обем и поради зголемената амортизација. Позначителното зголемување на останатите расходи се однесува на расходите за преземени објекти, пред сѐ за преземениот имот од клиентот Еуроникел Индустри Кавадарци, со цел одржување на комбинатот во добра состојба за безбедно и ефикасно рестартирање на производниот процес. Нето исправката на вредност, односно резервациите за лошите кредити достигнале околу 11 милиони евра, што е намалување од 12,6 отсто, а се должи на ефектите од трансакцијата со Еуроникел. „Тој во текот на 2023 година забележа влошување во сервисирањето на обврските кон Банката, што придонесе за издвојување на поголема нето дополнителна исправка на вредност. Поради тоа, кон крајот од 2023 година Банката донесе одлука да изврши преземање на заложениот имот со цел да се најде брзо и ефикасно решение за повторно почнување со производство, а веќе во април 2024 година успешно ја реализираше трансакцијата на продажба на комбинатот. На намалувањето на нето исправката на вредност во текот на 2024 година исто така влијаеше и добрата финансиска дисциплина на клиентите и покрај заострените услови пропишани со новата регулатива за управување со кредитен ризик“, објаснуваат од Комерцијална банка во коментарот на Билансот на успех.

Во дополнителна информација што ја даваат до инвеститорите, ги објавуваат своите планови за дивиденда. „Врз основа на финансискиот резултат утврден за 2024 година и Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Комерцијална банка АД Скопје за 2025 година, усвоена на 30 јануари 2025 година од страна на Надзорниот одбор на Банката, Управниот одбор на Банката планира до Надзорниот одбор на Банката, а соодветно и до Собранието на акционери, да достави Предлог Одлука за распоредување на добивката со која ќе се исплати бруто-дивиденда во вкупен износ од 46,33 милиони евра, како и Предлог Одлука за определување на износот на дивиденда за 2024 година со која за една обична акција ќе се предложи бруто-износ од 1.250 денари. Предложениот бруто износ од 1.250 денари за 2024 година е за 37,4 отсто повисок во однос на дивидендата за 2023 година“, децидни се од банката со која раководи Хари Костов. Од банката најавуваат дека приоритетните цели и задачи на Комерцијална банка АД Скопје за 2025 година се одржување на вредноста на капиталот и негово зголемување со цел доследно исполнување на новововедените капитални барања од страна на НБРСМ, и тоа преку политика на понатамошно издвојување на значаен дел од нето-добивката за резерви, со што би се обезбедила стапка на адекватност на капиталот која ќе соодветствува на планираните активности, максимизирање на профитабилноста на работењето со преземање прифатливи ризици, одржување и евентуално зголемување на учеството на Банката во банкарскиот пазар на земјава, во услови на зголемена конкуренција, како и слични цели на банката.

 

Најново

ВИТАМИНКА: Карванот на Витаминка продолжува низ целата држава

Sase Ivanovski

ЦУ: Директорот на Царинска управа: во втората половина од 2024та приходите од царина со раст од 13,8%, од акциза за 8,9%, случаите на заплени со 100% раст

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Марков: Клиниката за дерматологија во време на СДС давала приватни услуги на пациенти и наплаќала надомест незаконски, ЈО да отвори постапка

Sase Ivanovski

Марков: СДС во обид на нова злоупотреба на чувствата на граѓаните и креирање на нов Нешковски, судијката која го ослободила возачот го водеше Талир 2 за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

СДСМ: Со поскапување на парното власта уште посилно удира по џебот на народот

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ: Приведени двајца разбојници во Куманово, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

ФЕИТ лидер во дигиталната трансформација – отворен првиот европски дигитален иновациски хаб ЕДИХ

Sase Ivanovski

Гостивар, цената за паркирање се намалува од 40 денари на 25 денари

Sase Ivanovski

Хелсиншки комитет за човекови права: Непостапувањето на институциите и неказнивоста на криминалците ја плаќаме со уште една трагедија

Sase Ivanovski

Герасимовски: Исчистен сметот од улиците „Рузвелтова“, „Павел Шатев“, и зад Соборниот храм

Sase Ivanovski

Јаневска: Отворањето на ИНОФЕИТ ЕДИХ ќе им помогне на компаниите во дигиталната трансформација и иновативноста, со цел да станат глобално конкурентни

Sase Ivanovski

Костадиновски: Паметен избор на акции – атрактивни приноси

Sase Ivanovski

Традиционален „Candlelight“ концерт под свеќи на Профундис во Македонската филхармонија – ќе настапи новата светска ѕвезда Петар Пејчиќ

Sase Ivanovski

Николова: Со лошата концепција, Македонија ќе биде единствена земја во регионот каде филозофијата ќе ја нема како задолжителен предмет

Sase Ivanovski

Таткото на Фросина: Неказнивоста е коренот на сите проблеми

Sase Ivanovski

Украинското Министерство за одбрана го разреши директорот на Агенцијата за одбранбени набавки

Sase Ivanovski

Професорот Изет Цури се прости од Фросина: Најдобриот шарен студент што некогаш сме го имале

Sase Ivanovski

Нова несреќа во Скопје – прегазил пешак, па избегал!

Sase Ivanovski

Апасиев: Гледате ли до што не’ доведовте, драги наши корумпирани расипани обвинители и валкани пандури

Sase Ivanovski

Кумановец (83) дал 100.000 денари за да ги „спаси синот и снаата од затвор“

Sase Ivanovski

Кривичен суд: Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот после 7 месеци од пресудата ќе стори друго кривично дело?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Автомобил удри две докторки на блокада во Белград

Sase Ivanovski

Трудо: Канада ќе одговори веднаш и силно доколку САД навистина воведат царини

Sase Ivanovski

Фросина, од нашите прегратки те откинаа: Неготино тагува по згаснатиот млад живот!

Sase Ivanovski

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го проширува својот тим – Се бара инжинер електроничар

Sase Ivanovski

Протестот за Фросина продолжи и пред Кривичен суд – граѓаните бараат „Затвор за Васил“

Sase Ivanovski

Од утре скопјани ќе плаќаат за пет проценти поскапо парно греење

Sase Ivanovski

ПИЕЗО-РИНОПЛАСТИКА…НОВА РЕВОЛУЦИОНЕРНА МЕТОДА ВО АЏИБАДЕМ СИСТИНА ЗА СОВРШЕНО ОБЛИКУВАН НОС

Sase Ivanovski

Блокирањето на Собраниската комисија во РСМ спаси 15 педофили од објавување на нивните податоци во Регистарот на педофили

Sase Ivanovski

Уметнички лизгачи, студенти, воени лица и група на ловци се дел од жртвите во авионската несреќа која се случи во Вашингтон

Sase Ivanovski

Трамп понуди доброволен отказ на 2 милиони административци, ако прифатат ќе добијат еднократен бонус од 8 плати

Sase Ivanovski

Караванот на Витаминка продолжува низ целата држава

Sase Ivanovski

Моника Левински го лансираше првиот подкаст со Wondery

Sase Ivanovski

Калас: ЕУ ги враќа набљудувачите на граничниот премин Рафах

Sase Ivanovski

„Скапана држава“ – дали институциите направиле фатална грешка за смртта на Фросина?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРАЌАЊЕТО СЛИКИ И ФАЈЛОВИ ОД ЕДЕН НА ДРУГ УРЕД НА ХУАВЕИ СЕГА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СО МАФТАЊЕ СО РАКАТА

Sase Ivanovski

Вучиќ за протестите: Никогаш не употребуваме физичка сила

Sase Ivanovski

Минимална плата имаат 14.000 државни службеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сопругот на избрканата докторка од Козле се соочи со Таравари: Жена ми остана без работа!

Sase Ivanovski

МЛАД НЕГОТИНЕЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ОД ВИЛУШКАР 26-годишник бил удрен со машина од негов колега

Sase Ivanovski

ЌЕ МУ СТАВИМЕ КРАЈ НА ДИВЕЕЊЕТО ПО УЛИЦИТЕ Мицкоски го поддржа протестот за Фросина

Sase Ivanovski

ДОНАЛД ТРАМП ЌЕ ДЕПОРТИРА 341 МАКЕДОНЕЦ Американскиот претседател воведува построга миграциска политика

Sase Ivanovski

ФРОСИНА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ САМО БРОЈКА Гласот на народот одекнува пред Собранието

Sase Ivanovski

СДСМ: Максимална казна за сторителот кој ја усмрти Фросина, бараме правда и поголема безбедност на улиците

Sase Ivanovski

СДСМ бара разрешување на директорката на болницата „Козле“, докторката тврди: Дрското однесување и попречување на работата е недозволено

Sase Ivanovski

„Сите одиме кај ист судија, а таму има само една правда“ – протест на „Партизанска“, граѓаните бараат одговорност за смртта на Фросина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО и ФОТО) „Врските не враќаат човечки живот“ – граѓани бараат правда за Фросина

Sase Ivanovski

Неготинскиот градоначалник со поддршка за собирот во чест на Фросина: Одговорноста е на секој од нас!

Sase Ivanovski

Хуманоста секогаш на прво место – Петар Ристески типуваше, а Mozzart донираше во Клиничката болница „Др Трифун Пановски” од Битола

Sase Ivanovski

Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот

Sase Ivanovski

Возачот Јованов се противел на притворот, се бранел дека не може да го повтори делото оти сега бил “психички паднат”

Sase Ivanovski

Радев немал никакви врски со бугарските шпиони обвинети во Британија

Sase Ivanovski

Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа

Sase Ivanovski

Д-р Илина Гаџевска Томулевска од Клиника Жан Митрев, специјалист по пластична реконструктивна и естетска хирургија: Естетска хирургија на лице – уши, нос и очни капаци

Sase Ivanovski

Клиниката Жан Митрев, Скопје вработува магационер

Sase Ivanovski

Среќната добитничка на бесплатно породување во Клиника Жан Митрев го подигна својот ваучер!

Sase Ivanovski

Еден кафетин од доктор Лазаров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Голема посетеност на протестот пред Силбо во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата не е увезена, таа е домашна

Sase Ivanovski

Мицкоски: Како Влада сме целосно ориентирани кон поддршка на директните вложувања на странски компании, но и директна поддршка на македонските компании

Sase Ivanovski

Повеќето Хрвати годинава не планираат да одат на скијање

Sase Ivanovski

МОН може да посредува, но нема ингеренции за дополнителните трошоци на студентите, вели Јаневска

Sase Ivanovski

Со 2,52 промили и без возачка, 23-годишник летал по улиците низ Дебар

Sase Ivanovski

Герила акција: Литро крв за една потрошувачка кошничка

Sase Ivanovski

Лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле бара разрешување на директорката која раководи со ароганција и моќен грб кој го има

Sase Ivanovski

Парното поскапува за 5,03 проценти

Sase Ivanovski

Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите

Sase Ivanovski

Во Битола регистрирани зачестени интернет измами преку социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното мнозинство при второто гласање во грчкиот Парламент

Sase Ivanovski

Аплаузот за Милорад Додик во Скопје

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА СЕ ЗАКАНИ СО ДРАКОНСКИ КАЗНИ ЗА ТРГОВЦИТЕ Инспекторатот се засилува со нови вработувања

Sase Ivanovski

ОВА Е НАЦРТ-КОНЦЕПЦИЈА И МОЖЕ ДА ПРЕТРПИ ПРОМЕНИ Министерството за образование сериозно ги сфаќа сите коментари за реформите

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ ГИ ПУШТИ ВЕТЕНИТЕ 110 ПАЛЕСТИНСКИ ЗАТВОРЕНИЦИ Хамас ги објави имињата на тројцата заложници што ќе бидат ослободени в сабота

Sase Ivanovski

Кауфланд Хрватска ги намалува цените на над 1.000 производи

Sase Ivanovski

Расчистено убиство во Кавадарци: со гушење ја убил неговата партнерка, приведен 42-годишник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Кашкавалот ми е скап, ама не бојкотирам“: Дел од граѓаните си пазарат во маркетите за време на граѓанскиот бојкот

Sase Ivanovski

Серија земјотреси утрово ја погодија Грција

Sase Ivanovski

„Анонимен“ бизнисмен од Василево преку инвеститори од Тирана сака да купи фабрика од Владата

Sase Ivanovski

ЈПДП стокми 150 милиони евра за „Бехтел и Енка“ и „казнени“ 10 милиони за автопатот Кичево – Охрид

Sase Ivanovski

„СВОЕВОЛИЕТО НА ДИРЕКТОРКАТА УНИШТУВА МНОГУ ЖИВОТИ, ЈА УНИШТУВА КЛИНИКАТА“: реакција од лекарскиот колегиум на клиниката „Козле“

Sase Ivanovski
Вчитувам....