2.8 C
Скопје
01/02/2025 02:13
МАКТЕЛ

   

Аплаузот за Милорад Додик во Скопје

     

Радикалниот лидер на босанските Срби Милорад Додик имаше два часа слава во Скопје, главниот град на Северна Македонија – држава членка на НАТО. Притоа тој го отпеа својот редовен репертоар, со малку примеси на поддршка кон домаќинот осудувајќи ја политиката на ЕУ кон нашата земја. Премиерот Христијан Мицкоски изрази разочарување, што несомнено е искрено, особено затоа што и тој беше во публиката па мораше да ја слуша беседата на Додик. Милорад Додик не е гостин кој ѝ прилега на Северна Македонија. Нашите стратешки цели во надворешната политика се НАТО и ЕУ, за кои се бориме повеќе од три децении, и дадовме многу жртви. Денес, благодарение на една од тие жртви, како што беше промената на името на државата, сме почитувана членка на НАТО во која имаме еднаков глас за одлучување како што имаат САД, Канада, Велика Британија, Франција, Германија и други светски сили. Додик пак, е личност од црната листа на САД на која е и неговото семејство и бројни соработници означени како извршители на коруптивни активности, и најважното подривачи на Дејтонскиот договор и закана за мирот на Балканот. Тоа е добро познато за овдешниот естаблишмент но сепак поканата за Додик не беше оспорена од никого, ниту пак нашиот државен врв направи чекор да се дистанцира од Додик и неговата политична токсичност за амбициите на Северна Македонија.

Реторичко прашање. Денот потоа, кога премиерот Мицкоски констатираше дека Додик не постапил добро што говорот го искористил за пораки како што се негирање на геноцидот во Сребреница, се наметнува реторичко прашање: А што мислеше Скопје кога му даде подиум на Милорад Додик? Дека ќе нѐ поздрави и ќе замине или дека ќе ги шири своите пропагандистички и штетни пораки кои се закана за мирот и стабилноста во регионот? Загрижува и коментарот на Иван Стоиљковиќ, втор човек во Владата, кој вели дека нема намера да се откаже од своите браќа какви и да се тие. И самиот Стоиљковиќ е познат по негирање на геноцидот во Сребреница, но тоа не беше проблем да добие висока позиција во македонската влада во миговите кога очите на меѓународната заедница се вперени во Северна Македонија и бугарското вето за преговорите со ЕУ. Бугарија не мора ништо да прави за да поентира во својот убедувачки поход дека Скопје е центар на просрпски политики и дека комунистичкото минато сѐ уште не е надминато туку е основа за антибугарската политика. Срдечниот прием на Додик оди токму на бугарската вода. Проблематично е и што Милорад Додик е човекот кој цврсто стои зад рускиот претседател Владимир Путин а и Путин цврсто стои зад Додик. Каде Северна Македонија се наоѓа во една таква комбинација е прашање кое заслужува одговор од нашите власти бидејќи не може да се кокетира со личности како претседателот на Република Српска, а да се очекува дека Европа ќе ни додели сертификат за проевропски политики и отпорност кон ветровите кои континуирано дуваат од север.

   

Додик и Путин. Да му дадете микрофон на Милорад Додик е исто како да сте му дале микрофон на Путин. Цела ЕУ се обидува да ги скроти аспирациите на овој миленик на Кремљ за одвојување и освојување на дел од БиХ, а во Скопје му послаа црвен килим и му подигнаа бина за од таму да ја шири својата опасна реторика обландирана во божемна грижа за Македонија. И како тоа да не беше доволно, во првиот ред во публиката седеа претставници на највисокото политичко раководство на земјата домаќин, здружено и од Владата и од опозицијата. Тука беа и високите црковни претставници како поглаварот г.г. Стефан а добро знаеме дека едно од начелата на христијанската религија е не убивај и не прави зло. Во име на таа христијанска религија, посоодветно ќе беше барем да сврти глава од човекот кој ги негира злосторствата во Сребреница од кои целиот свет се згрози. Оттука, ќе смогне ли некој сила јасно и недвосмислено да ги осуди пораките на Додик испратени од нашиот двор или ќе ги премолчиме? Да се одмолчат такви работи е рамно на политичко самоубиство. Не се во прашање само Владата и опозицијата туку и целиот народ кој го претставуваат премиерот, вицепремиерите и министрите, и илјадници граѓани кои чувствуваат лична болка од масакрот во Сребреница. Или, ако пак, станува збор за плаќање на цена за одржување на владината кохезија, таа цена е превисока и опасна за Северна Македонија. И чесно е и тоа да се каже, наместо да се стави под тепих едно толку важно прашање кое е огледало на надворешно-политичките позиции на државата. Демократијата е една работа, а способноста да се одржува паметна навигација во надворешната политика е друга работа. Впечаток е дека нашата земја не успева да одржува надворешна политика во согласност со стратешките цели кои ги има поставено уште од осамостојувањето. Додик имаше причини да си замине задоволен од Скопје и да се врати во својата тврдина во Република Српска чекајќи повик од Путин за да ги резимираат своите политики. На Северна Македонија и останува да учи од своите грешки и да научи дека во политиката постои и изговорот „немам време да дојдам“ како можност највисоките функционери да покажат став кон личности со кои не треба да се најдат во исто друштво. (Dw)

 

Најново

ВИТАМИНКА: Карванот на Витаминка продолжува низ целата држава

Sase Ivanovski

ЦУ: Директорот на Царинска управа: во втората половина од 2024та приходите од царина со раст од 13,8%, од акциза за 8,9%, случаите на заплени со 100% раст

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Марков: Клиниката за дерматологија во време на СДС давала приватни услуги на пациенти и наплаќала надомест незаконски, ЈО да отвори постапка

Sase Ivanovski

Марков: СДС во обид на нова злоупотреба на чувствата на граѓаните и креирање на нов Нешковски, судијката која го ослободила возачот го водеше Талир 2 за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

СДСМ: Со поскапување на парното власта уште посилно удира по џебот на народот

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ: Приведени двајца разбојници во Куманово, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

ФЕИТ лидер во дигиталната трансформација – отворен првиот европски дигитален иновациски хаб ЕДИХ

Sase Ivanovski

Гостивар, цената за паркирање се намалува од 40 денари на 25 денари

Sase Ivanovski

Хелсиншки комитет за човекови права: Непостапувањето на институциите и неказнивоста на криминалците ја плаќаме со уште една трагедија

Sase Ivanovski

Герасимовски: Исчистен сметот од улиците „Рузвелтова“, „Павел Шатев“, и зад Соборниот храм

Sase Ivanovski

Јаневска: Отворањето на ИНОФЕИТ ЕДИХ ќе им помогне на компаниите во дигиталната трансформација и иновативноста, со цел да станат глобално конкурентни

Sase Ivanovski

Костадиновски: Паметен избор на акции – атрактивни приноси

Sase Ivanovski

Традиционален „Candlelight“ концерт под свеќи на Профундис во Македонската филхармонија – ќе настапи новата светска ѕвезда Петар Пејчиќ

Sase Ivanovski

Николова: Со лошата концепција, Македонија ќе биде единствена земја во регионот каде филозофијата ќе ја нема како задолжителен предмет

Sase Ivanovski

Таткото на Фросина: Неказнивоста е коренот на сите проблеми

Sase Ivanovski

Украинското Министерство за одбрана го разреши директорот на Агенцијата за одбранбени набавки

Sase Ivanovski

Професорот Изет Цури се прости од Фросина: Најдобриот шарен студент што некогаш сме го имале

Sase Ivanovski

Нова несреќа во Скопје – прегазил пешак, па избегал!

Sase Ivanovski

Апасиев: Гледате ли до што не’ доведовте, драги наши корумпирани расипани обвинители и валкани пандури

Sase Ivanovski

Кумановец (83) дал 100.000 денари за да ги „спаси синот и снаата од затвор“

Sase Ivanovski

Кривичен суд: Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот после 7 месеци од пресудата ќе стори друго кривично дело?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Автомобил удри две докторки на блокада во Белград

Sase Ivanovski

Трудо: Канада ќе одговори веднаш и силно доколку САД навистина воведат царини

Sase Ivanovski

Фросина, од нашите прегратки те откинаа: Неготино тагува по згаснатиот млад живот!

Sase Ivanovski

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го проширува својот тим – Се бара инжинер електроничар

Sase Ivanovski

Протестот за Фросина продолжи и пред Кривичен суд – граѓаните бараат „Затвор за Васил“

Sase Ivanovski

Од утре скопјани ќе плаќаат за пет проценти поскапо парно греење

Sase Ivanovski

ПИЕЗО-РИНОПЛАСТИКА…НОВА РЕВОЛУЦИОНЕРНА МЕТОДА ВО АЏИБАДЕМ СИСТИНА ЗА СОВРШЕНО ОБЛИКУВАН НОС

Sase Ivanovski

Блокирањето на Собраниската комисија во РСМ спаси 15 педофили од објавување на нивните податоци во Регистарот на педофили

Sase Ivanovski

Уметнички лизгачи, студенти, воени лица и група на ловци се дел од жртвите во авионската несреќа која се случи во Вашингтон

Sase Ivanovski

Трамп понуди доброволен отказ на 2 милиони административци, ако прифатат ќе добијат еднократен бонус од 8 плати

Sase Ivanovski

Караванот на Витаминка продолжува низ целата држава

Sase Ivanovski

Моника Левински го лансираше првиот подкаст со Wondery

Sase Ivanovski

Калас: ЕУ ги враќа набљудувачите на граничниот премин Рафах

Sase Ivanovski

„Скапана држава“ – дали институциите направиле фатална грешка за смртта на Фросина?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРАЌАЊЕТО СЛИКИ И ФАЈЛОВИ ОД ЕДЕН НА ДРУГ УРЕД НА ХУАВЕИ СЕГА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СО МАФТАЊЕ СО РАКАТА

Sase Ivanovski

Вучиќ за протестите: Никогаш не употребуваме физичка сила

Sase Ivanovski

Минимална плата имаат 14.000 државни службеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сопругот на избрканата докторка од Козле се соочи со Таравари: Жена ми остана без работа!

Sase Ivanovski

МЛАД НЕГОТИНЕЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ОД ВИЛУШКАР 26-годишник бил удрен со машина од негов колега

Sase Ivanovski

ЌЕ МУ СТАВИМЕ КРАЈ НА ДИВЕЕЊЕТО ПО УЛИЦИТЕ Мицкоски го поддржа протестот за Фросина

Sase Ivanovski

ДОНАЛД ТРАМП ЌЕ ДЕПОРТИРА 341 МАКЕДОНЕЦ Американскиот претседател воведува построга миграциска политика

Sase Ivanovski

ФРОСИНА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ САМО БРОЈКА Гласот на народот одекнува пред Собранието

Sase Ivanovski

СДСМ: Максимална казна за сторителот кој ја усмрти Фросина, бараме правда и поголема безбедност на улиците

Sase Ivanovski

СДСМ бара разрешување на директорката на болницата „Козле“, докторката тврди: Дрското однесување и попречување на работата е недозволено

Sase Ivanovski

„Сите одиме кај ист судија, а таму има само една правда“ – протест на „Партизанска“, граѓаните бараат одговорност за смртта на Фросина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО и ФОТО) „Врските не враќаат човечки живот“ – граѓани бараат правда за Фросина

Sase Ivanovski

Неготинскиот градоначалник со поддршка за собирот во чест на Фросина: Одговорноста е на секој од нас!

Sase Ivanovski

Хуманоста секогаш на прво место – Петар Ристески типуваше, а Mozzart донираше во Клиничката болница „Др Трифун Пановски” од Битола

Sase Ivanovski

Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот

Sase Ivanovski

Возачот Јованов се противел на притворот, се бранел дека не може да го повтори делото оти сега бил “психички паднат”

Sase Ivanovski

Радев немал никакви врски со бугарските шпиони обвинети во Британија

Sase Ivanovski

Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа

Sase Ivanovski

Д-р Илина Гаџевска Томулевска од Клиника Жан Митрев, специјалист по пластична реконструктивна и естетска хирургија: Естетска хирургија на лице – уши, нос и очни капаци

Sase Ivanovski

Клиниката Жан Митрев, Скопје вработува магационер

Sase Ivanovski

Среќната добитничка на бесплатно породување во Клиника Жан Митрев го подигна својот ваучер!

Sase Ivanovski

Еден кафетин од доктор Лазаров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Голема посетеност на протестот пред Силбо во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата не е увезена, таа е домашна

Sase Ivanovski

Мицкоски: Како Влада сме целосно ориентирани кон поддршка на директните вложувања на странски компании, но и директна поддршка на македонските компании

Sase Ivanovski

Повеќето Хрвати годинава не планираат да одат на скијање

Sase Ivanovski

МОН може да посредува, но нема ингеренции за дополнителните трошоци на студентите, вели Јаневска

Sase Ivanovski

Со 2,52 промили и без возачка, 23-годишник летал по улиците низ Дебар

Sase Ivanovski

Герила акција: Литро крв за една потрошувачка кошничка

Sase Ivanovski

Лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле бара разрешување на директорката која раководи со ароганција и моќен грб кој го има

Sase Ivanovski

Парното поскапува за 5,03 проценти

Sase Ivanovski

Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите

Sase Ivanovski

Во Битола регистрирани зачестени интернет измами преку социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното мнозинство при второто гласање во грчкиот Парламент

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА СЕ ЗАКАНИ СО ДРАКОНСКИ КАЗНИ ЗА ТРГОВЦИТЕ Инспекторатот се засилува со нови вработувања

Sase Ivanovski

ОВА Е НАЦРТ-КОНЦЕПЦИЈА И МОЖЕ ДА ПРЕТРПИ ПРОМЕНИ Министерството за образование сериозно ги сфаќа сите коментари за реформите

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ ГИ ПУШТИ ВЕТЕНИТЕ 110 ПАЛЕСТИНСКИ ЗАТВОРЕНИЦИ Хамас ги објави имињата на тројцата заложници што ќе бидат ослободени в сабота

Sase Ivanovski

Кауфланд Хрватска ги намалува цените на над 1.000 производи

Sase Ivanovski

Расчистено убиство во Кавадарци: со гушење ја убил неговата партнерка, приведен 42-годишник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Кашкавалот ми е скап, ама не бојкотирам“: Дел од граѓаните си пазарат во маркетите за време на граѓанскиот бојкот

Sase Ivanovski

Серија земјотреси утрово ја погодија Грција

Sase Ivanovski

„Анонимен“ бизнисмен од Василево преку инвеститори од Тирана сака да купи фабрика од Владата

Sase Ivanovski

КАЛКУЛАТОРИТЕ НА АКЦИОНЕРИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА „СВЕТНАА“ од убави бројки – ќе се дели бруто дивиденда од над 46 милиони евра

Sase Ivanovski

ЈПДП стокми 150 милиони евра за „Бехтел и Енка“ и „казнени“ 10 милиони за автопатот Кичево – Охрид

Sase Ivanovski

„СВОЕВОЛИЕТО НА ДИРЕКТОРКАТА УНИШТУВА МНОГУ ЖИВОТИ, ЈА УНИШТУВА КЛИНИКАТА“: реакција од лекарскиот колегиум на клиниката „Козле“

Sase Ivanovski
Вчитувам....