Со ова зголемување како што истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, се очекува просечната сметка за топлинска енергија да се зглеми за околу 100 денари, па така оние што досега плаќале 2.100 денари, од февруари ќе плаќаат 2.200 денари. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која од 1 февруари цената за потрошувачите на топлинска енергија во Град Скопје ќе се зголеми за 5,03 %, како резултат на зголемената цена на природниот гас на светските берзи за 16 % во последниот квартал од 2024 година.
Со ова зголемување како што истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, се очекува просечната сметка за топлинска енергија да се зглеми за околу 100 денари, па така оние што досега плаќале 2.100 денари, од февруари ќе плаќаат 2.200 денари. Тој најави дека во текот на февруари ќе се донесе одлука и за цените на железарското парно и топлинската енргија што ја испорачува топланата Скопје Север. Извор: Новинска агенција МЕТА