Судот во Рим во петокот нареди група мигранти затворени во камповите во Албанија да бидат префрлени во Италија, објави „Ројтерс“. Ова е последен удар врз планот на премиерката Џорџа Мелони за сузбивање на илегалната имиграција која пристигнува по море. Одлуката се однесува на 43 мигранти од Египет и Бангладеш кои неделава беа префрлени во Албанија откако биле спасени во Средоземното Море, во последниот обид да се спроведе политиката чија валидност веќе беше доведена во прашање од италијанското правосудство.
Десничарска влада на Џорџа Мелони во договор потпишан со владата на албанскиот премиер Еди Рама изгради два објекта во Албанија кои се наменети за задржување на мигрантите додека се обработуваат нивните барања за азил во Итали Последната пресуда е третата со која судиите наредуваат враќање на мигрантите во Италија, откако првата група беше пренесена во Албанија во октомври. Италијанските опозициски партии ја поздравија оваа пресуда, која не оди во прилог на премиерката Мелони.
„Како што би помислил секој разумен човек, новата депортација на мигранти во Албанија се сведе на ништо“, рече Никола Фратојани, пратеник во парламентот на партијата Зелено-левичарска алијанса.
Два извора изјавија за Reuters дека судиите одлучиле да го упатат случајот до Европскиот суд на правдата (ESP). Во меѓувреме, мигрантите ќе бидат префрлени во Италија, најверојатно во сабота, изјавил еден од изворите.