Студентите од трите новосадски факултети во блокада, го објавија деталниот план за протестот што ќе се одржи во тој град, на денот кога се навршуваат три месеци од падот на настрешницата на Железничката станица, кога биле убиени 15, а тешко повреди двајца луѓе. Како што беше претходно објавено, во сабота, на 1 февруари ќе бидат блокирани три моста во Нови Сад: Мостот на слободата, Жежељ и Мостот „Виножито“. Студентите од Академијата за уметности, Факултетот за музичка уметност и Факултетот за применети уметности изработија детално упатство пред протестот.
Како што беше објавено, трите новосадски мостови ќе бидат блокирани на 1 февруари во 15 часот. Потоа, во 18 часот ќе се тргне кон Мостот на слободата, каде ќе продолжи блокадата која ќе трае 24 часа. Прв пат ќе се одржи и граѓански пленум на 2 февруари, на кој учесниците на протестот ќе изразат мислење дали блокадата на Мостот на слободата ќе биде завршена или продолжена. Стотици студенти кои завчера тргнаа пеш од Белград, вчеравечер пристигнаа во Нови Сад, каде беа пречекани со овации и аплаузи од илјадници граѓани.