Екипата на Еспањол приреди големо изненадување во рамките од 22. коло во шпанската Ла Лога и славеше победа од 1:0 против Реал Мадрид. Првото полувреме помина со мирна игра и со малку шанси на двете страни, па мрежите мируваа. Во вториот дел Реал беше многу подобар, но сепак изостана реализацијата.
По промашените прилики на ,,кралевите” стигна казната во 85. минута кога погоди Ромеро за победа. Реал Мадрид со овој пораз по 22. коло останува лидер, но само со бод повеќе од градскиот ривал Атлетико.