ие не излегоа јавно да изразат сочувство до семејството на Фросина, туку кукавички бришат профили на социјалните медиуми. Правда за Фросина мора да има, и случајот на Фросина никому да не му се повтори – рече таа. Росица, сестрата на трагично починатата Фросина Кулакова, која пред пет дена го загуби животот откако беше прегазена од 20-годишниот Васил Јованов на пешачки премин на „Партизанска“ во Скопје, денес од родниот град во изјава за медиумите побара правда за Фросина. Таа истакна дека бараат покрај возачот Васил да биде затворен и неговиот татко Зоран, како и судијката Даниела Алексовска Стојановска која го ослободила од претходно стореното кривично дело.
-Тие не излегоа јавно да изразат сочувство до семејството на Фросина, туку кукавички бришат профили на социјалните медиуми. Правда за Фросина мора да има, и случајот на Фросина никому да не му се повтори – рече Росица. Во изјавата таа истакнаа дека секоја јавна функија треба да се извршува праведно и не смее да биде мотив за неказнивост, а потенцираа дека моралните вредности се учат од домот, па не може да се очекува морално и чесно управување од луѓе кои не успеале да ги всадат ниту во домот.